Пред да почнеш да ја осудуваш најпрвин пробај да ја разбереш знам дека е тешко но мораш да се потрудиш дА и укажеш на некои работи за ваквото однесување на жената мислам дека најголемиот виновник е таткоти никој друг можеби не и посветил доволно внимание мајкати животот го посветила на вас двајца а вие не сте возвратиле по ова што си го пишала дека си имала односи со дечкоти и тоа додека она била тука а БАШКА ТОА ШТО ИМАШ 17 ГОДИНИ ТОА Е ДОПОЛНИТЕЛНО ке бидеш и ти мајка па ке видиш колку болат ваквите ситуации не биди во таа твоја празна глава буквално како балкон земи размисли седни разговарај посветии внимание подарии љубов немој погрешно да ме сфатиш најдобронамерно го пишувам напрај промена кај тебе ако сакаш промена кај друг СРЕЌНО
А зошто не напиша ти како се понашаш со мајка ти?Таа е мајка ти што и да направиш таа ќе ти опрости и никогаш нема да биде гневна на тебе а ти ако и кажеш некои зборови знај дека душата ќе ја заболи и никогаш нема да ги заборави тие зборови.А кога те видела што сакаш да ти каже БРАВО ЌЕРКО САМО ТАКА!!! Имаш 17 години добро размисли дали треба со дечкото да имате секс дома кај тебе.Размисли и ти што правиш и како правиш па мајка ти за да го има тој однос кон тебе.
Јас мислам дискусијава се рагоре кога девојчето кажа дека имала секс, мајка и ја фатила и ок малце незгодно тоа е тоа. Непријатна случка како и да е, не треба да се случи, но ако се случила што? да не живее повеќе или што да направи? многу осуди и гадење во коментарите. Еве велите вие не би дозволиле такво нешто, но повеќето сте повозрасни, нормално поинаку размислувате. Малолетна, не расудила нормално,момент на невнимание како сакате кажете. Не мора најлошото.Сега пак ќе речете на тие години сигурно не би се сексале. Девојчето кажа има подршка од дечкото, значи не го прави тоа со некој од улица, аман. Пак ќе речам и јас не е пријатно и јас помислувам како би ја погледнала во очи мајка ми после тоа... А подобро ли е да ја фати како гледа порно или маструбира? И таа ситуација не чини, јас мислам подобро мене со дечко да ме фатат отколку другово. Да не ме осудите и мене, не го правам тоа кај мене дома. А за однесувањето на мајката, јас би рекла дека има некој психички проблем што вика и хистерише па и не пази што ќе каже. Има многу ситуации родителите да ни кажат нешто што не сакале, но и ние треба да ги разбереме. Па и нив им треба помош, понуди ако сака разговор. На таа возраст си кога тоа ќе те повредува и ќе помислуваш сешто, со тек на време ќе се помириш со ситуацијата, иако проклето боли дефицитот на љубов и внимание во едно семејство. Ако начекаш прилика разговарај со неа, кажи и да биде повнимателна оти тоа те повредува, кажи и дека чекаш од неа да добиеш некој совет за да не правиш грешки како таа со сексот. И многу од вас родителите ги фатиле на дело, директно или наслушнале нешто, зарем тоа не е лошо? Каков пример дава родителот на детето тука и како тоа да ги гледа во очи после. Може и трауми да има ако е помало.
Мајка ми има 50 години, што значи родила подоцна од многу нејзини врснички. Студирала, ја прошетала Европа... Се сомневам и дека го сака татко ми, бидејќи се омажила под притисок од дедо ми. Со неа се однесувам онака, нормално. Никогаш не сум ја навредила или сл. И навикната сум да живеам без мајчинска љубов и нормално ми е тоа веќе. Во врска со татко ми, ниту сум нешто блиска, ниту сакам да се зближам. Што да очекувам од човек кој кога дознал дека мајка ми е бремена со мене првото прашање му било "Ќе го родиш?" ? Можда ме засакал низ годините, ама и да му кажам дека мајка ми се кае што ме родила не верувам дека ќе може да промени нешто.
Затоа што си ти умно дете и се осеќам изиграна(зошто не ти кажувам) а инаку ти си толку способна што ќе направиш и ѓаволот да се покае што е ѓавол
Епа одговараат годините . И девојчето што ја отвори темата е 17, и девојчето што го фрлило бебенцето е 17. Тоа е најверојатно логиката на Анаја. А што со тоа сама го побива својот став дека СЕКОЈА мајка е најсвето нешто за своето бебе, тоа не е битно.
^^^Можда веста е ставена тука за да се потврди „ќути, има и полошо“ теоријата, дека ете мајката на девојчево за разлика од некои најстрашни екстремни случаи - ја родила, нахранета е, облечена... па затоа што ѝ да ѝ вели мајка ѝ, таа треба да ѝ е слепо благодарна за сѐ. *сарказам е ова, Анаја те молам не потврдувај *
За @anaja1: Spoiler: ОФФ ТОПИК Бидејќи во три постови последователно те прозивам тебе, осетив потреба да ти кажам дека немам ништо против тебе. Напротив, твоите постови ме насмеваат, зошто некако се брзоплети и наивни . Од друга страна те разбирам, ти недостигаат твоите родители и затоа субјективно гледаш на темите поврзани со родител. Во секој случај, не сакам да се осетиш навредена од некој мој пост, оти не ми беше тоа целта. Поздрав .
Значи вака. Единствен кривец во целата ситуација е гореспоменатата жена. Детето е одговор на родителството. Жалам што имаш таков монструм за мајка кој своите комплекси ги окривува на тебе. Таа се мрази себе, а не тебе. Кога ќе потпораснеш, едноставно ќе ја оставиш зад себе, ќе сфатиш еден ден дека не вреди. Никој не е должен да трпи малтретирање. И полесно ќе ти биде, ќе видиш колку е убаво без такви луѓе околу тебе. А ти си супер, со оглед на тоа каква е она, но би те советувала да појдеш на психолог.. за твое добро, да сфатиш дека не си ти крива и дека си сосем во ред и најбитно дека има мал милион причини за што некој би те сакал Главата горе девојко, некои луѓе мора да ги оставиш позади себе, макар и биолошка мајка... Зошто поимот мајка е многу повеќе од човек што само те родил.
Какви ситуации болат???? Што девојката како и секоја друга со нормален развиток имала односи на 17 години? Идете лечете се луѓе....
Родителот треба на детето да му посвети внимание и љубов и да се обиде да го разбере,нели тој е возрасниот во оваа ситуација а не обратно. Малку посмирено сепак ова е форум Секакви НЕлуге има по светот не е ова прв случај.Има од лоши по лоши работи. Родена мајка да се кае што те родила е далеку потрагично од тоа да те фати за време на секс и треба да признаеме.Не е пријатно и срам е но не е крај на светот. Јас сепак би сакала да мислам дека тој родител не знае што зборува и не го мисле тоа како што кажав во еден друг пост од првите страни. Седни и разговарај и со мајка ти и со татко ти.Колку е едниот виновен толку е и другиот.