1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога сопствената мајка се кае што ве родила...

Дискусија во 'Психологија' започната од xGrapefruitx, 18 август 2016.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.434
    Пол:
    Женски
    Неќите да судите еден, ама затоа судите друг. Ја читам темава ама неможев да се тепам од телефон и сум ја нервирала мајка ми и ме нервирала ама никогаш не ми рекла дека се каи дека ме родила, никогаш. Да ми има нешто такво речено - ќе го памтев зошто памтам други глупости кои ми ги има речено и други глупости кои јас ги имам речено. Нема да речам дека е нормално ама не е ни страшно.
    Дали сметам дека мајката е во грешка тука - да. Никој не ја натера да има дете, зошто како шо запамтив девојчето рече дека дури и татко ѝ ја прашал дал ќе го роди и нагласи дека е постара од мајките од децата кои се генерација на девојчето. Значи имала време да го брка сонот и да гради кариера ако сакала ама решила да роди. Ако едно дете е родено па кој сака нека е, па дури и родител, нема право да се изживува психички или физички врз дете. Да, не знајме каков живот имала мајката ама она сега има дете и тоа дете треба да има иднина, а не на 10 да размислува за самоубиство, на 17 уште да памти дека кога била 10 (а и подоцна), на сосем мирен тон, мајка ѝ да ѝ кажува дека тоа дете е пречка во нејзиниот живот. Клавајќи се на место на девојчето - ќе ме боли. МНОГУ ќе ме боли и знаејќи се не вервам дека би зборнала со мајка ми долго време ако ми го речи то. Можеби е многу драма, можеби е многу еруптивно однесување, ама сите различни работи не болат до срж.
    Дури и вие кои сметате дека мајката е секогаш во право и го осудивте детето, сеедно ќе ви беше ако вашата мајка без да се карате со години ви шлепа в лице со смирен тон дека му сте товар и дека не ве сака и дека сте грешка и дека му сте на пат до нејзините соништа? Не знам за вас, ама то е сериозно и ни во афект не се вели на дете, особено не на дете кое расти, дете кое влегува во пубертет, на тинејџер, адолесцент. Поосетливи се, да се бијат комплекси на дете. Свашта.

    Мој совет за оваа ситуација е, ако ти е многу тешко, секогаш после 18та можиш да се осамостоиш со работа, факултет во друг град и слично, а од друга страна можиш да поработиш на тоа да не си ставаш се на душа, ќе ти помогни тоа во многу, многу ситуации.
    Крај краева се е онолку болно колку шо дозволуваме да не боли.
     
    На Baby-bubu, Annath, Papillon.Papi и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Овде 90% се ебеле после 18 роденден :D
    Лелеее...
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.710
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Се случило да ми каже мајка ми, се срамам што си ми ќерка ама баш да ми каже дека се кае што ме родила не.Во секој случај многупати сум и го скратила животот така да знам дека тоа не е намерно кажано туку од нервоза
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.980
    Пол:
    Женски
    Сум поминала дел од овде кажанато.

    Но еве ја читав темава , се фатиле за сексот божем мајка и била во собата и седела на стол дур они воделе љубов.

    Мајка ми имала тежок живот , и на некој начин јас го доживував истото што и она го преживеала тогаш.

    Имало периоди кога била супер , имало периоди кога ме тепала со тепалце за муви , но потоа со добар разговор поминувало тоа.
    Тепањето поминува , но грдите зборови секогаш остануваат и болат.

    Не е кажано во нервоза , туку на начин да повреди како и она што била повредена .

    Фала му на Бога што тоа е сменето од кога јас сум омажена , сега таа ми е најголема поддршка во се!
     
  5. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
    Искрено откога е отворена темава,па се’ до сега се мислев дали да напишам мислење да не бидам нападната од некои членки. Јас сум да не речам врсничка со @xGrapefruitx , се’ уште немав однос, но не би ја обвинила. Да, постапката со сексот не беше правилна, но кажа дека не знаела дека мајка и’ е дома. А некои си дозволија вулгарности да употребат, да го наречат девојчето распуштеница,празноглава и што уште не. Плус, мајка и’ на 10 години и’ кажа дека се кае што ја родила за една обична детска глупост. Па сите како деца сме правеле глупости. Ако ги кажала зборовите со смирен тон, значи дека ГИ МИСЛИ тие зборови. Бидејќи повеќе членки се фатиле за сексот и си допуштиле да ја навредат и и’ велат да се стави на местото на мајка и’, мислам дека многу го читаат само тоа што им одговара со цел да навредат некој што бара совет, односно со други зборови да одмогнат наместо да помогнат,па уште и да кажат дека бара сожалување,а не е точно.

    И мене мајка ми во афект ми велеше многу работи, ама да ми рече дека се кае што ме родила?! Никогаш!
     
  6. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Според мене коренот на проблемот е многу време пред да се родиш т.е. од самиот старт на бракот.Ама како велат за грешките на родителите плаќаат децата. Со цел за да ги заштитат децата родителите не ги кажуваат меѓусебните проблеми и глумат среќен пар и нормално секое дете сака родителите да му се среќно заљубени и верува во прикажаната слика и не сака ни да види подалеку од неа.Добро има и исклучоци каде децата се сведоци на се и сешто.Е сега во друг пост ја опиша мајкати како мирна и повлечена значи е личност од затворен тип значи чува се во себе ама таквите личности се темпирана бомба кога ќе експлодира кажува се и сешто за разлика од личности кои во моментот ќе си кажат конкретно што им лежи на душа без драстични навреди бидејќи не дозволуваат да им тежи ништо на душа. За сопругот да ја праша сопругата дали ќе роди а се работи за 2ро дете а не за 5то значи дека нешто се случувало помеѓу нив, а што треба да ја прашаш и можеби ќе ја разбериш. Јас разбирам дека ти ги кажала најтешките можни зборови и не ја оправдувам, со тоа мисли дека ќе те вразуми за грешката што според неа си ја направила било си добила кец на 10 год. пример велиме или било те начекала со дечкото.Ама не е свесна дека методот на самосожалување во воспитувањето на децата не е само погрешен туку е и опасен при оформувањето на личноста.Се постигнува само револт инает чувство на неприпаѓање несигурност непожелност и сл.
    Ако татко ти е повеќе отсутен во странство а помалку присутен дома значи во негово отсуство мајка ти ти била и ти е и мајка и татко а таа улога е дури и повеќе од мултитаскинг епа некаде мора да киксни а за да се поправи киксот мора да поработите на комуникацијата.Никој не гледа дете ако не го сака или абортира или го напушта и си продолжува со остварувањето на соновите во кои детето би пречело.
    Малку зборувам од мое искуство така да и тебе те разбирам кога ќе се вратам 10 год наназад а и мајкати ја разбирам бидејќи знам каков предизвик е поголемиот дел од времето сама да се справуваш со се и не секоја би го одбрала тој живот јас го нарекувам при маж без маж и кога сме во ситуација кога не чувствуваме дека некој го вреднува тоа малку не фрустрира т.е. малку повеќе:D и од таму произлегуваат таквите испади.
     
  7. Istata od vcera

    Istata od vcera Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    97
    Mnogu si zima za pravo ja taka ke ja snimam skrisno na diktafon i pred celo semejstvo ili gosti ke ja pustam da vidam reakcija i ke napraime scena cirkus bez pari ama posle ke bideme na cisto na veliko
     
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено така да ми рече. Погодува во срце. Не се ни замарам више.
     
    На Limpan, sunshinebabe и hermosa им се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Ни јас инаку јас имам прва речено зошто ме родиле моите на мене никогаш
     
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.554
    Пол:
    Женски
    Колку ли само пати ми рекла така...
     
  11. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    15.077
    Пол:
    Машки
    Мојата покојна мајка колку пати рекла, заради тебе брат ти го родив бла бла, мене колку пати ми има речено дамлата да те удри итн. -.-

    Тоа мислам беа моментите кога пукна тиквата и не и чутев на ништо и често се расправавме, затоа што не ми мислеше нешто арно..
     
  12. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Кога се расправаме често ми го вели тоа подобро да те абортирав животот ми се загорче од кога се роди...
    Боли али тоа е.