deskarada А место да си шкрабаш тука без врска за повеќе лајкови и да ги прочиташе сите мислења, може ли? Како се фативте сите за сексот занемарувајќи го фактот дека мајка и на смирен тон и ја кажува вистината дека се кае што станала родител, браво! Инаку и јас сум на истото, само кај мене тато ми кажува дека грешка направил шо се оженил и имал деца. Ниту јас ниту брат ми сме криви за ова, ама сепак ни го кажува, и да боле, премногу боле! Инаку сите можеме од кутара мислење да пишеме и да осудеме некој, а пред тоа да не размислеме како би било така со нас некој да се понаша, особено родител, најблиската личност во животот! И не мислам “родител е, тој знае најдобро“, не знае, и тој/таа е обичен човек шо пред 18 години не бил/а уште психички подготвен/а за дете, ама сепак направил/а го. Инаку совет од мене пробај разговарај со татко ти ако барем малце се интересира. Ќе ти олекне на душата кога ќе знаеш дека барем еден родител сака да те сослуша. А ако не, наполни 18, најди работа и напушти ја. На почетокот ќе ти е премногу жал и тешко, ама како шо ќе помине времето ќе станеш посамостална и посамоуверена.
@ku4ence прочитав јас не се секирај и не шкрапам без врска, јас си напишав мое мислење, ако ти не се сложуваш со моето можи да си искоментираш ете има место во темава колку сакаш.
Ако ти е мајка и ако те родила не значи дека треба да те утепува од ќотек, замисли во болница да си завршила со сериозни повредини оштетувања на некој дел од телото, не дај боже и на мозокот? Пак ќе велеше мајка ми е, ме родила? Сето тоа се излишни коментари и не држат вода. Родителите треба да видат пример за своето дете кога утре тоа ќе се одлучи да формира семејство и општо, а не да го уништува со зборови а да не зборуваме за ќотек.
Epa jas ja nemav taa prilika da imam roditeli od primer, zatoa na moeto dete ke mu go pruzam ona sto tie nikogas ne mi go dale, a toa e ljubov i vnimanie.
Зборовите болат, знам од искуство..јазик што ке каже ништо неможе да го измие, нарочито кога си млад и осетлив..но како поминува времето и созреваш, менуваш мислење, не допира толку трагично неубавиот збор, секоја критика ја разгледуваш посвесно..и да не ја давам работата, сакам да кажам дека сите што се во брак и имаат деца имаат кажано дека сеуште се во брак поради децата, дека поради нив трпат, па и на децата ке им се развикаат...значи во лутина и нервоза се може да се каже..ми кажале, сум кажала, АМА овде да си земете право да кажувате дали е она права мајка, прав родител, дали пружа или не пружа мајчинска грижа или не, мислам дека на девојчево не и требаат мислења во стилот дека има мајка која не ја бива, уште повеќе да долевате на огинот кој гори во нејзе( макар да неможам и во резерва ке го ставам мислењето дека девојчево бара внимание, сожалување, па претерува малку). И сега што доби девојчево од сите вас што ја нападневте мајка и, што ја направивте монструм малтене?
Остај дома што го носиш дечкото на 17 години па и секс ? Мене така мајка ми да ме фати жива ќе ме закопа твојата арно се воздржала.
Детево дојде по поддршка и оцрнување на мајката, пази мајката упаднала сред секс у нејзина куќа, безобразна една, без осет женижте !!! И ова е еден од примерите на кој веројатно детево дава отпор дома на се', што би се рекло нека се живи и здрави, Господ памет да им дава само по прав пат да одат!!! Секаде нешто не штима во денешно време ама со ред да е.
Абе деца сфатете дека мајката само најдоброто ви го мисли.Што и да каже што и да направи,се за вас прави.Некогаш ќе згреши ама таа е МАЈКА има право !! Таа ве носела 9 месеци,ве гледала,и има право на вас да згреши.Мајката треба да ја почитуваш колко и таа лошо да се однесува со тебе. А во случај таа да се понаша лошо со вас,има голема причина ете како на пример да ве фати додека имате односи,што мислеш сеа таа како мисли...Затоа чувајте си ги мајките,сакајте и ПОЧИТУВАЈТЕ ги зошто некој се би дал уште еднаш да ги види
Не ми се верува дека ова е вистина ама во последно време веќе некако луѓево решиле во најлошото да се покажат и докажат така што, се е можно. А дека кога ќе ја нема ќе пати по неа, тоа сигурно така ќе биде., од кал да е, мајка да е. Грешат и тие во бес или било како ама сепак ...
Океј ај, јас сум невоспитана курва, признавам... Не е битно колку безвредно се осеќаш, битно имаш родители, какви - такви, нели? Се одјавувам сега, им благодарам на членките кои навистина се обидоа да помогнат, а останатите...
На сите вас што ја оправдувате мајката за вакво безчувствително и одвратно однесување имам само едно нешто да ви кажам и да, ќе бидам дрска исто како што сте вие. Тешко на оние деца на кои вие ќе им бидете мајки. Емпатија нула.
Искрено тешко на децата и ако воопшто утре тие деца имаат деца ... ако читаш внимателно, а не е се кажано зш никој ни на форум ни реално нема да ти ја каже вистнската слика зш во суштина за се треба двајца и се си им некои корени т.е причини и не се за оправдување ни едната ни другата, а искрено мене да ми била бога ми, не ќерка да е , таа би си знаела. Ајде, те молам на 17год секс и уште мајка и упаднла и пишува ни срам ни преде, тоа е нормална работа на 17год. Како гледам триста глупости и од стари и од млади, вала ќотекот е од рајот излезен изгледа. А сте се прашале ли зошто ниеден пост до сега нема за деца кои ги малтретираат родителите ? А ги има многу такви. Ама само децата пишуваат, зш ќе скока ќе скока и после штама, мир дома. Затоа што родителот размислува подлабоко и го боли за детето па, какво сака нека е. Добро бе, јас сум најстара на форумов и со најзастрарени сфаќања работава, каде сте жени и мајки повозрасни, отворете им очи на децава.
Кoјa билa гoлемaтa причинa кoгa јa oмaлoвaжувaлa нa 10 гoдини? Кoјa билa гoлемaтa причинa кoгa јa oмaлoвaжувaлa ЦЕЛ НЕЈЗИН ЖИВOТ??? Oд рoдител требa дa јa имaш нaјгoлемaтa пoддршкa, a не дa гo пoчитувaш и дa те третирa кaкo свињa вo клaницa. Дa му лижеш нoзе сaмo зaтoa штo се плaшиш дa не се изнервирa и те нaтепa ЕДНOСТАВНO НЕ Е НOРМАЛНO зa еднo семејствo. Жaл ми е aкo и твoетo семејствo "функциoнирa" вaкa.
Мене ако ме прашуваш да е дете малтретрано не ќе да го носи дечкото дома па, уште и секс да има пред мајка и на 17год. пази бога ти, кажала може мајката нешто, кој знае и каков брак има или нема ... ова се семејни работи со длабоки корени, не му давајте мн сила на детево.
Во моето семејство како прво не се дозволува дечко да се носи дома па и одгоре да легнам со него у мојата куќа.Кај нас се учи мајката да се почитува и сака,и да згреши некогаш не е страшно.Ова мислам е нормално семејство а ти што подразбираш под тоа не знам.Некогаш и децата знаат да преувеличуват,ете и јас сум била таква на тие години,демек не ме сакала,па и да не кажам сега и полоши зборови ми има кажено и сега што треба ? И јас сум мислела дека мајка ми повеќе моите браќа од мене ги сакала ама со тек на време како растам,гледам дека многу сум била грешка.Така да не верувајте на се што ќе ви се каже.
Знaчи мaлтретирaните децa не мoжaт дa имaaт љубoвен живoт. Истo кaкo штo децaтa штo скoкaaт не знaaт дa пливaaт. Интереснa "лoгикa". Мене бифшиoт ми дoaѓaл дoмa дoдекa се мoите присутни, вo сoбa, сaми седевме секoгaш. Нaјмнoгу штo реaгирaa е штo ме зезaa кaкo "oстaјте ги нoвиве сијaлици, пoслaбo светaт и пoрoмaнтичнa aтмoсферa ви прaвaт". И двaјцaтa бевме 15 гoдини. Секaкo имaме рaспрaвии зa мaли рaбoти некoгaш, aмa никoгaш не ме нaвредувaле, a уште пoмaлку ТЕПАЛЕ зaштo сум oдлучилa дa јa искусaм љубoвтa. Бaш нaпрoтив, ме пoддржувaле и прaвеле се зa дa бидaм сo личнoстa штo јa сaкaм, пa вaљдa и зaтoa не јa сметaм љубoвтa срaмoтнa. Зa неa е. И не е мoјa рaбoтa дa и мудрувaм штo дa (не) прaви сo дечкo и вo кревет. Жaлнo штo вие си земaте зa прaвo дa и кaжувaте дaли дa рaшири нoзе или не. Нејзинo телo е и сaмo тaa имa прaвo врз негo, никoј друг.
Абе до мене ли е или стварно не знам што се случува со форумот, сè повеќе теми и мислења има на кои се крстам и не можам да се воздржам кога ги читам... Темава на правилно место е во психологија, а не во секс, аманте! Ај во нејзиното мислење ви паднал во очи само сексот, ама откако се разглоби од други членови што ни бодеше очи тоа што тоа почнало уште кога членкава била дете, како можете бе сè уште да пишувате дека по дифолт мајка му мисли добро на детето, како??? Како не се запрашувате со што го заслужила тоа како дете, спомна дека на 10 години и на самоубиство помислувала заради зборовите на мајка ѝ, ејјј! Ѝ обезбедила да биде нахранета, облечена... и со тие зборови што со нормален тон ѝ ги кажува цело време уште од дете ѝ дава до знаење дека тоа е само од обврска, заради која не ѝ се исполнил сонот... Го знаете она од Толстој - „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“? Прееска имав прилика и на чет да напраам муабет со девојчево и сосема е фино, на место и културно, ако си отиде заради вашите навреди срам да ви е! Извинете ама не можам да толерирам недостаток на емпатија!
Велиш колку и да се однесува лошо. Ако е мајка, нема да се однесува лошо, а фактот што го родила детето не е доволно да се каже дека е мајка. Што е со оние родители што ги малтретираат физички децата? И тие треба да бидат почитувани, само затоа што се децата од нивна крв? И ние младите имаме достоинство што дури ни родител не смее да ти го крши и да те потценува. Знаеш колку ме болеше кога мајка ми не сакаше да дојде со мене во болница, кога дома едвај дишев и се тресев цела? Си остана дома. Колку се нервирав кога татко ми друг пат ме зема од болница, а дома кога дозна мајка ми веднаш почна да раскажува за нејзините проблеми на работа и не ни праша што се случило. И ова не е еднаш, туку секој пат. Не дека за друго не се однесува добро со мене, ама многу постапки не можам да и ги простам. И те молам немој во глобала да збориш, зошто не знаеш кој со какви родители растел Конкетно за темева - И се понашала лошо и пред да ја фати како има односи, тогаш што била причината? Кога велите дека мајка и била во право дека така и рекла буквално како да и велите дека не заслужува да дише, да живее. Можете тоа во лице да му го плеснете на некој? Или само преку зоровите на мајка и ја осудувате? За девојчево би ја посоветувала да проба да разговара со мајка и, ако тоа не помогне, нека не потпаѓа на нејзините зборови, дури и да и врати, и неа малце нека ја погоди, зошто верувам дека многу боли такви зборови да слушнеш од мака. Воопшто нека не се чувствува виновна, зошто не е и нека не си создава стресови од нечии зборови, макар кажани и од мајка.