Сакав да им кажам на тие што се запнаа за сексот, сакав да им кажам дека има други поважни работи, а таа и тоа како ќе научи да се бори и да се снаоѓа во животот.. Мајка ми ми е најдобра пријателка пред се таа самата се постави со мене за да ја сакам и почитувам, таа ми е најголемата поддршка, но и најголемиот критичар во животот. Доколку мајка ми се поставеше со омраза кон мене како ќе ја сакав јас? Ако има психички проблеми ќе се потрудам да и поможам секако, но ако таа си е таква из роЃења шо викат ќе ја плукам исто толку колку таа мене..
Сегa не е oк кoгa те нaрекoв cyber bully, aмa кoгa јa oбвинувaвте неa и јa брaневте мaјкa и зaрaди тoa штo јa испoвреѓaлa штo искaжувaлa лубoв сo дечкo и... oк е. Не знaм, мoже би мoжев дa ти кaжaм вистински пoгрдни збoрoви, aмa тoгaш ќе ме нaјдеше и бркaше сo секирa зaштo не сум те пoчитувaлa.
Тргнувајќи од себе, бев многу комплицирано дете и никако не излегував на крај со мајка ми, речиси до доцната адолесценција, сè додека не созреав. Во одредени периоди сме имале толку сочни расправии, што дури не сме зборувале со денови после кавгите, но никогаш, ама баш никогаш, кога и да сум ги поминала најцрвените од сите црвени линии што постојат (а ги имало многу), не ме омаловажувала со навреди и не ми рекла дека се кае што ме родила, туку со ладна глава и малку (повеќе) трпение сме доаѓале до заеднички заклучоци низ разговори. Не секој знае како да биде родител, тоа е факт. И не ми е јасно, зошто низ изминатите постови упорно се спомнува сексот како нешто секташко или сатанистичко. Имала секс????? Аууууу...срамота. Безгрешниот фрлил камен кон грешниот, како беше оној муабет, не е ниту битно во моментов. Имала секс кај неа дома; девојката убаво си рече - мислела дека е сама дома, затоа го викнала дечкото. Во меѓувреме се случило тоа што се случило и тоа е тоа. Проблемот е во нешто друго, а @promeneta низ мислењето на првата страница дала одговор за повеќе од „одличен 5“.
Види тоа со сексот е аларм дека и девојчево не е баш цвеќе и мирно и послушно, а оваа го млати. Мајката има некој проблем,а што е и како е не знаеме. Таа кон децата од др причини е таква, не се децата виновни ама на нив се истура. Мора детево да научи како со неа, не може стално кавги, не се живее така. А децата памтат и враќаат. Јас и ти сме имале среќа да имаме добри мајки и критичари ама ова дете загазило. И ако е таа посвесна, таа ќе ја поведе мајката и ќе биде добро. Мајка е сепак налет нека е, не е од камен.
Ти мене нешто ме замараш или само сакаш интересна да бидеш на форумов ? хаххаха еве твој е подиумот, повели глуми ама оди во други теми каде глумата е посоодветна, може ? па, може ќе те рецнам па, макар и со секира хахаххах
Види кoј кaжувa. Извини aкo се пoчувствувa зaгрoзенa oд мoетo присуство. Твoјa беше глaвнaтa улoгa, не зaбoрaвaм.
Загрозена дефнитивно, преголем залак си за мене хахаххаха цццц каква улога па, сега хаххахаах дете ај, мавни се од темава.
ќе ти кажев кој сите имаме различно мислење девојко помири се не си центар пажња овде што сакаш кажи не се согласуват сите.Премногу филозофираш инаку смири се ова е форум и ништо повеќе.
Небитно делче? јаооо ајде не ме цитирај веќе ти се молам не лагам да трошам време за особи што летаат а не стојат на земјата.ајде чао.
@Outlook "Темaтa е сериoзнa и oсетливa" дa и ти кaкo кaпaк нa сетo тoa јa oбвинувaше девoјкaтa. Вooштo не ми е битнo внимaниетo, изревoлтирaнa сум штo луѓетo и пoркaј нејзините мaки јa oбвинувaaт и прaвaт дa се чувствувa лoшo и винoвнo.
мене к*р ме боли за нејзиниот љубовен живот.Начинот на кој постапила е погрешен,секоја мајка тоа да го види со свои очи,би и било премногу..не знам како да кажам.затоа овие осудувања од наша страна ама ти не можеш да разбереш ете сама си кажа на 15 години дома машко си донела,деца сте биле ама сепак...така да ме свати сега што сакав да кажам?
Да не се препираме, прашај ја мајка ти што би и рекла на девојката да е на форумов па, ќе разговараме, може така ???? Кога ќе ја слушнеш мајка ти што ќе каже ќе разбереш што сме пишувале (чисто сумњам дека ќе ја пофали и едната и другата) сега јас цела ноќ да ти решлицирам очигледно џабе ќе биде, башка тоа ти не си таа што изложила проблем.