Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога сопствената мајка се кае што ве родила...

Дискусија во 'Психологија' започната од xGrapefruitx, 18 август 2016.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Претпоставував:D
    Поблиска си на возраста на девојчето од 17 год.и затоа си на нејзина страна:)
     
  2. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Со вакви “родители“ ко нејзината мајка, никогаш нема да стојам на нивна страна, туку секогаш ке гледам да го поддржам и сфатам детето, дали ке имам 26, 36 или 46 год.
    Од мое искуство, знам што зборам.
    Поздрав.
     
    На theowndemon, Lella, Sanjichka007 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    @anaja1, јас сум 30, мајка и' нека е 40 (моја претпоставка).
    Поблиску сум на возраст до мајка и', а го поддржувам девојчето. И сега?
    Каква ви е таа логика не знам.

    Битното, и оваа тема го има истиот тек како и сите други слични на неа.

    Прво, одма почнуваме со осуди. Па и секс спомнато, ауу (оти иако сме мнооогу либерални, сексот уште ни е табу тема и ни предизвикува гадење).

    Потоа, испревртуваме се' живо и диво од тоа што кажала девојката.
    Не е битно што зборовите на мајката се кажани милион пати пред сексот и довеле и девојчето да мисли на самоубиство.
    Битното е дека имала секс и точка.

    Откако ќе наиде на поддршка од некои членки, почнуваме со прашања за нејзината финансиска состојба.
    Е, тоа е најјакиот муабет низ повеќе теми на форумот, ако имаш пари, ќути.
    Што има врска психичката тортура, имаш јадење, пиење, пари, ќути, среќна си.
    А што најчесто самоубиствата се случуваат во богати семејства, тоа не е битно.

    И кога веќе се' е исцрпено, доаѓаме до заклучок дека е трол.
    И сигурно е трол, не постои мајка што би му кажала такво нешто на своето дете. Нема шанси.
    А што секој ден слушаме за мајки што силуваат сопствени деца, даваат други да ги силуваат, ги претепуваат, убиваат, оставаат, не е битно, и тие се тролови, додека не се случи не дај Боже и на некој од нас.

    Јас разбирам дека девојчето е сега во пубертет и хормоните и' лудуваат.
    Можеби и таа има кривица за нешто, ама мајката тоа не и' го кажува кога е изнервирана, и' го кажува со смирен тон оти го мисли тоа.

    И се сложувам со @Bender Rodriguez дека многу мајки го помислуваат тоа некогаш, ама не го кажуваат.
    Само да се надоврзам, кога тие само го мислат тоа, се повредуваат самите себе. А кога ќе го изречат тоа, ги повредуваат и децата.
    Мислата добива на тежина кога е искажана со зборови, а зборовите болат и не се забораваат. Посебно кога ти се упатени ни крив, ни дужен.

    Како и да е, девојчето побара МИСЛЕЊЕ од каде потекнува таа омраза кај мајка и' уште од најрана возраст, а не од моментот кога ја видела дека има секс.

    Ако имате мислење за тоа, пишете, ако немате, а сакате муабет за секс да правите, има милион други теми за секс, па таму осудувајте колку сакате.
     
    На theowndemon, LivingGlam, Ketchup и 31 други им се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Фемина не би била фемина ако не забегате од темата и дискусијата ја однесете на сосема десета страна.
    НЕ знам што ви е толку чудно што имала секс на 17 години тоа дома, не направила нешто којзнае што погрешно како вие девици да сте па одма почнавте да ја напаѓате и осудувате. Да не го напишеше тој дел со сексот, не верувам дека ќе рипневте толку. Ако си има своја соба, своја приватност зошто да не? Едноставно држете се до темата, а сексот со дечкото не е темата.
    Друга работа, смешно е да навлегуваме со такви дискусии дали лаже или измислува, секој си знае како му е.
    Еве ја и верувам, зошто верувајте не растевме сите во прекрасни семејства. Работата е сит на гладен не верува.
    Мајка и можеби физички не ја малтретирала, можеби рака на кренала на неа ама некој да ти префрлува дека си му вишок, дека се кае што те родил верувајте далеку повеќе боли од физичко малтретирање. Зошто раната на телото минува ама таа во душата никогаш.
    И нема потреба да се карате, секој различно размислува и тоа е тоа. Различни средини, различни родители, различно сме воспитани и тоа е тоа.
    Каква и да е работата, мајка и не може така да се однесува со неа. Таа и е мајка таа треба да и биде најголема подршка, да разговара со нејзе, да ја советува а не да и вика се каам што си ме родила. Таквото однесување не е во ред, колку и да згрешило девојчето и крај, никој не може да ме убеди во спротивното.
    Девојче да не се повторувам @promeneta ти напиша супер совет. @Florenсе исто така.
     
    На PaLaVa, Ketchup, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Maca_<3

    Maca_<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    Вие што го судите девојчето што имала секс на 17, прашајте ги вашите мајки и тетки на кулку години родиле а не на колку се ебеле. Крај краева тоа си е нејзин интимен живот, важно таа си уживала и го направила тоа со дечко што го сака. И мислам дека темата не е за секс ама ајде.
     
    На xGrapefruitx, ku4ence, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Alex99

    Alex99 Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Девојчето отвори тема за помош и поддршка, а не за да ја обвинувате што имала односи или да се карате за различни глупости.. без зборови останав.
    Еве јас имам 17 врснички сме и тоа мора да значи дека ќе бидам на нејзина страна? Да, јас сум за тоа секој да си го гледа животот и да не им се меша на другите, ама вие претеравте бе луѓе. :|:sweat:
     
  7. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Незнам,стварно незнам зашто се лутите на различни коментари:(
    Па ова е форум,и треба да се видат различни мислења8)
    Што ќе беше ако сите имаа исто мислење,ќе беше интересно за читање?
    Па никој кај никого не отиде дома да се меша во туѓ живот:hai:
     
    На PaLaVa, cresa-jagoda, JollyGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Наравучение: Срамота е да се има секс на 17 години и тоа дома, а не е тоа што мајка и се однесува со нејзе лошо уште од најмала рана возраст, во ред е. Од друга страна ако нема секс до 18 - 20 години нешто ќе и фалии фали во глава од страна, така да девојки вие што сте сеуште невини имајте секс на првата брачна ноќ, пред тоа е срамота, и немојте дома, греота е.

    Само после се, се прашувам каде е таткото во приказнава?Дали знае тој што се случува со нејзината ќерка или воопшто не е запознаен?

    Многумина се дрзнаа да го нападнат девојчето без да ја разгледат целосната ситуација.

    Јас кога бев прв пат интимна, и кажав на мајка ми а таа ми даде неколку совети, никогаш не ме нападна.

    Сум се карала со нејзе безброј пати, летале секакви зборови што е нормално, но да каже дека се кае што ме родила, никогаш не го спомнала тоа.
     
    На Ketchup, Gosh, Sanjichka007 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2016
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.887
    Пол:
    Женски
    Mene mi e mnogu zal sto citam vakvi raboti za roditeli
    mojata majka na mene i sestra mi ni e golema prijatelka i najgolema poddrska za se
    iako ne rodila relativno mlada, nikogas ne propusta da ni kaze deka sme plodovi na golema ljubov
    Bi sakala site da imaat majka, roditeli kako moite....
     
    На Gosh, ku4ence, EdnaDevojka21 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ти свесна си дека истово мислење 5000 пати го пиша? Значи од прв пат кога си пишала на темава, па се до овој последен пат истото е пишано, ама баш исто пишуваш, само извртени се зборовите... зошто ај? За да се покажеш дека си многу либерална и мајка ко секој што би посакал? За слава? За лајкови не верувам дека би пишувала...
    Значи треба сите со тебе да се сложуваат инаку уште 50000000 пати ќе пишиш исто?
    Ете добро, во ред, даде совет и мислење дека мајката не е нормална, дека ги поддршуваш твоите деца во нивните одлуки, дека живот би дала за нив, какви и да се ќе ги сакаш, дека си на страна од кај младите, дека им дозволуваш и на 12 год да имаат дечковци/девојки и сега пак исто, и пак исто, и пак исто...
    Се отвара некоја тема, и првиот човек што ќе пиши мислење мора така сите да се сложат, а некој различно ако мисли одма не е кутурен и не е нормален.
    Секако си замина таа што ја отвори темата и не и е гајле за вашите ставови и мислења. Може седи сега и пие кафе со мајка и, од кај да знаеме што се случило во меѓувреме.
    Ќе дојде некој трол, отвара тема и ако не му се свиѓаат мислењата си оди со смајли што намигнува ;) сега треба ние болни во постела да легнеме и да плачеме зошто си замина?
    Плус гледам си спомнала во последново мислење дека девојката ја отворила темата за да праша од каде би и доаѓала омразата на мајка и, уште додека била мала? Па како ние побогу би го знаеле тоа? ЗНачи немаме претстава каква е мајка и, како размислува, која генерација е и како би и помогнал некој, освен таа сама да си зборне? Како би знаел некој зошто мајка и се кае што ја родила? Ако темава е отворена за да си ја олесни душата ок, може некој да и се најде за утеха и рамо за плачење, ама за совет ако е отворена треба да се подговтви за секакви мислења и коментари. А не ако пише некој нешто што не и одговара, одма ајде јас ве напуштам чао пријатно...Сите истото го прават, уште не сфативте?
    Плус постојат психолози и психијатри што би и помогнале да ги надмине тие стресови, стравови и трауми, пошто му плаќаш на човекот и ќе ти помогне.
     
    На PaLaVa, Zeynep, anaja1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Alex99

    Alex99 Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Не реков дека не се интересни разновидните мислења. Едноставно, ова е чувствителма тема каде што тие мислења можат да повредат.
     
    На Gosh и ku4ence им се допаѓа ова.
  12. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Па нека мислат тие што ќе бидат повредени,што пишуваат:)
     
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Заборави дека во Македонија живееме? Мора сите исто да размислуваме, па нели сети се кој е на власт во државава. Ако не размислуваш ко диктаторот тешко тебе, епа така и овде.
    Не треба да се гледаат различни мислења, не треба да постојат различни луѓе туку мора сите исто да размислуваат и да се сложуваат.
     
    На Bescheiden, Zeynep и anaja1 им се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Ги исчитав сите мислења и мислам дека овој проблем е вон досегот на било кој на овој форум освен членката која го има самиот проблем. Членката никогаш не може да даде доволно информации за врската меѓу родителите, за животот на мајка и пред да ја роди и што се случувало откако ја родила за да ние сфатиме од што точно потекнува тој проблем и да дадеме соодветен совет.
    Мислам дека проблемот, тоа што и рекла дека се кае дека ја родила, има многу подлабоки корени и мислам дека не го мисли тоа од срце. Можеби дури и не е ништо лично со детето, туку причината може да биде и таткото и врската меѓу родителите, не знаеме. Знам дека се додека не седнеш да разговараш со мајка ти, директно да ја прашаш: "Зошто ми рече така? Навистина ли мислиш така?" да ја тераш да ти одговори, да и кажеш дека ти е криво, ништо нема да се среди. Таа ќе продолжи да си истура фрустрации, а ти или ќе и одиш по инает, ќе си правиш работи за да ја изнервираш намерно бидејќи си мислиш дека на тој начин ќе и вратиш за тоа што ти го рекла т.е да ја здоболи, или ќе пораснеш во тешко искомплексирано суштество.

    Знам со сигурност дека ако ти на мајка ти не и значиш, ако мајка ти не те сака како мајка, нема да се замара со тоа што ти го правиш со дечко ти и на колку години и каде и нема воопшто да ти биде лута. Можеби и таа не знае како да постапи со тебе. Како што реков, не знаеш од каде потекнува причината за нејзината нервоза. Мислам дека и двете сте си криви. Ти, што ми се чини дека и правиш инает, тоа што си го направила со дечко ти, дома, воопшто не е во ред. И јас бев на твои години и знам како ти е, ама тоа што многу деца на твои години се дрогираат, пијанчат и што ли уште не, не те оправдува тебе и тоа не е оправдување да си дозволиш да те затече во таква ситуација.
    Што и да си има нејзина соба и нејзина приватност? Мајка и во дневна ќе гледа телевизија, а таа тоа во собата? Не е во ред.
    Не смееш да си дозволиш родител да те фати во таква ситуација, било колку години да си.
    Имај малку почит, и дај прибери се малце додека ситуацијата дома не ви се среди. Среди си ги односите со неа дома, па после верувам дека ќе има и разбирање и се. А и таа е крива што си дозволила да рече такво нешто на свое дете. Сепак, некогаш родителите се однесуваат како поголеми деца од нас затоа покажи и дека растеш, пробај да бидеш возрасниот во оваа ситуација и да ги разјасниш работите. Ако има позитивен исход од разговорот - супер, ќе си имате нормален однос. Ако има негативен исход од разговорот барем ќе знаеш на што си, ќе знаеш што не треба да правиш како родител и ќе си продолжиш низ животот како здрава личност, без комплекси. Имај исто на ум дека на родителите им е многу тешко да зборуваат за интимни работи со децата кога сметаат дека децата не треба да ги прават тие интимни работи. На пример, кога имав дечко во средно, гледам дека моите имаа некоја трема или нервоза кога се правеше муабет за тоа. Ама сега, има и зафрканции, има и пријателски однос и е многу поубаво.
    Со среќа.
     
    Последна измена: 20 август 2016
    На PaLaVa и Victorian им се допаѓа ова.
  15. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Со други зборови,како први,така други:D
     
    На JollyGirl и Haley им се допаѓа ова.
  16. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Овој твој пост е класичен пример за тоа што го напишав погоре, и тоа 3 во 1.
    Осуда, испревртување зборови и на крај, членката е трол.

    1. Моето мислење не беше прво на темата, ама беше прво кое на некој начин застана зад девојката оти жива ќе ја распневте на столбот на срамот.
    Од друга страна, јас не се сложив ни со првото мислење, ни со ниедно мислење на темата, си дадов МОЕ мислење.

    2. Второто мислење го напишав да те прашам што би ја советувала ти, каде да има секс, бидејќи ТИ истото го верглаш цело време, и не само овде, туку на сите можни теми поврзани со секс.

    3. Третото мислење го напишав оти гледам некои членки не читаат, ама затоа коментираат. Чисто да се каже нешто.

    4. Четвртото мислење го напишав оти не јас, туку таквите како ТЕБЕ сакаат да наметнат нешто, као демек ако сме генерација мора исто да размислуваме.

    5. НИКАДЕ не напишав дека сум либерална, напротив напишав дека и јас мислам дека е мала за секс, ама не е тоа темата.
    Исто, НИКАДЕ не напишав дека мајката има психички проблем, туку дека во ситуацијата не е во право.
    Имам ќерка и не, нема да ја учам на 12 години секс да има, ама па ИЧ нема да ја учам на 17 да се крие кога има секс по коли и паркови, само за јас да не видам со свои очи.
    Се согласувам дека не било пријатно ни за девојката, ни за мајката, ама не се согласувам дека тоа е причина мајката да се кае што ја родила.

    6. Девојката е трол оти не пишува овде. А ако пишува се' исто ќе пишува како мене, нели?
    Епа некој има живот и надвор од форумот, сигурно нема да седи овде и да ги чита осудувачките коментари како таа се ЕБЕЛА (твои зборови) без око да и' трепне како животно.
    А да си ги прочиташ твоите постови на темата, има што човек да прочита, осуда, осуда, осуда...

    7. Девојчето побара мислење како и милиони тука други што бараат мислење за разни теми.
    Сигурно не очекува магично да и' се решат проблемите, туку сака и од друг агол да ги види работите, да види дали е правилно нејзиното размислување или не.

    А ти ако не знаеш што да и' пишеш и да и' помогнеш, слободно скокни, никој нема минус да ти пише ако твоите фрустрации не си ги истурила тука.

    П.С. Сега проверив чисто информативно колку мислења имам јас на темата, а колку ти. Јас 5, ти 8. Irony of my life (facepalm).
     
    Последна измена: 20 август 2016
    На Antolinaa, Ketchup, Lella и 20 други им се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Во ред, фала што одвои време за во големиот пост да ми доловиш многу работи. Си се потрудила со потточки да објасниш и сега ми разјасни многу работи, иако истите ги прочитав и првите 1000 пати.
    Колку сакам девојкава од страна да чита и да се гази од смеење на глупостиве, општо од сите, не само мои и твои.
    Имај пријатен ден :)
     
    На Zeynep му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    219.396
    Пол:
    Женски
    Тоа што испревратувате зборови како вам ви одговара а не како што навистина е пишано и искажано и преведувате еден збор макар во пребуквална смисла на збор и се трудите да искаракте некого, да се поставите како најнебезгрешни суштества со доза на сарказам, иронија и делите најпаметни совети како најможен светец на земјава не ве прави ниту најмудри на свет, ниту најистакнати луѓе ниту човечни луѓе.
    Оставете ги еднаш навредите и препукувањата на страна и пробајте навистина да дарите совет на културен начин без превртување на зборовите во ваша полза за да се направите најпаметни и најинтелигентни.
    Не сте, не сте поготово оние што осудувате постојано и давате реноме на некој член што не заслужил навистина, не сте човечни а ниту најмалку културни напротив со сите овие редум пишани постови сте напорни и всушност давате слика за самите себе си какви сте вие грешни и непоправливи.
    Секој прави грешки, никој не е светец. Но бар еднаш на културен начин да се изведеше некоја дискусија немаше да биде воопшто лошо.
    Не се натегајте, помогнете на девојката ако навистина сакате да помогнете со возразен и пред се културен и паметен совет.
    Ако не сакате и според вас приказната ви боди во очи и не ви се допаѓа девојката барем потрудете се да игнорирате наместо да вреѓате и осудувате.
     
    На Ketchup, Gosh, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @anaja1 Само ако е ова форум, не значи дека за секоја тема секое мислење е прифатливо. Конкретно за оваа тема не даваш само мислење туку и совет или критика упатена кон една личност што може да биде и крајно навредена од тоа мислење.
    Едно е да коментирате на теми за религија на пример каде давате мислења, но друго е кога се работи з конкретна личност и анонимноста и фактот што ова е форум мислам дека не треба да ви дава за право секакви зборови да пишувате.
     
    На Ketchup, Lella, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  20. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Јас никого не навредив,само си кажав мислење:!: