имав дечко пред една година и повеке,после него несакав дечко долго време неможев да го заборам и сеуште не го имам забораено.а со овој не одит никако ни води се ни терај се.сигурно ке му раскинам.Фала за советите
Оној мојон се му е побитно од мене или има некоја работа,или е во агенцијата или е на пат или дома нешто праве.....а јас сакам барем тие два дена што сум дома да си ги поминам со него...па сега за сега тие ги користи како слободни ...само за мене....
Порано знаеше да дојде докај мене кога има слободно време макар и да биде 5-10 мин. пред или после тренинг,школо... ( и покрај тоа што се гледавме почесто него сега) сега тие 5-10 мин. ги поминува на ФАМОЗНИОТ ФЕЈСБУК,а ја нема проблем ќе го гледам 1 или 2 пати неделно Што се занесувам па и јас,доволно ми е,нели? Ц Ц Ц Ц Ц Ц...
незнам како би реагирала доколку има нешто "побитно , единствено побитно некогаш му е работата што сосем го сваќам и не ми пречи. имам среќа што нема ни фб не гледа спорт и не поштува спортска, филмови не гледа па затоа или работи или ме гњави мене така да неможам ни да помислам дека игри другари или фб се побитни од партнерот...
Ако навистина те сака, дечкото треба да сака да поминува време со тебе нели? Јас мислам дека сите некогаш може да се занесеме во одредена ситуација, ама постојано да имаме побитни работи од партнерот не. Кога гледа да го поминува времето на нет, калдилници, кафе или нешто слично, но без тебе, значи нему не му е интересно со тебе и не си му толку битна. Дефинитивно кога тој има побитни работи од тебе нешто не е во ред со вашата врска.
Не сум имала вакво искуство и несакам да имам... можеби кога би имала би го прифатила тоа но се си има граница Може да има побитни работи на моменти, такви си имам и јас понекогаш но побитни работи засекогаш тоа нема да помине кај мене Ако ме сака ,ако сака да биде со мене и утре другиден да му бидам жена треба да знае да ме цени и да се грижи за мене и да му бидам најважна како и тој мене јас така размислувам
Алекче, бегај што е можно подалеку од него-од искуство ти кажувам, оти само животот можеш да си го уништиш ништо повеке верувај, а тој нема да се смени-волкот влакното го менува ама карактерот не
јас немам ваков проблем, знам дека сум му побитна од се. мојот дечко игра и спортска, седе на фб, игра игри, често е и со другари, но кога и да посакам да се видиме веднаш ке дојде, исто и мене ми е побитен од се, се случувало утредента да полагам испит а ако тој сака да се видиме јас ке излезам
Ми смета и баш поради тоа пишав...Се навикнав да се гледаме 2-3 пати неделно за викенд ете поради школото и тренингот,нема шанси да попушти во тоа заради излегување со мене,јас несакам да бидам причина за негови неуспеси,но сега ме мачи и работата со јавувањата.Знам дека во принцип машките не сакаат да зборат долго на телефон и се слушаме 1-2 пати во денот.Навечер подолго но тогаш кога веќе денот изминува човек е и понервозен и се му се собрало и често пати на мене ја истура нервозата.Јас ако веќе така разговараме подобро да не разговараме ич! Бидејќи прифатив многу промени раководени според него,сега оставам на него да најде начин каква комуникација ќе имаме ние...Живееме на 5мин раздалеченост,а речиси не знам како му поминал денот и дали нешто добро/лошо му се случило..Мислам постапив како што треба бидејќи година ипол не е едноставно да се остават туку така,но се доволни човек да се измори од трудење.
Како да не момците не сакаат слушање, мојов постојано ми се јавува, барем 3,4, 5 пати на ден се слушаме, само колку да се слушнеме иако знаеме и по половина час да зборуваме. Па и знам буквално се што му се случува. Никогаш не сум го барала тоа, едноставно така фунционираме. Е сега има периоди кога см енервозни, тогаш гледаме да не бидеме заедно или помалку се слушаме ама тоа се ден , два. ЛилМис јас мислам дека премногу му допушташ, затоа така ти прави.
зависи, со овој со кој што сега се гледам еднаш дневно се слушаме, и по некоја порака, ама почесто се гледаме, без кавги и без врева, а кога е нервозен( малку попуштам т.е. се правам дека не го слушам)
Знам драга моја,сама сум си крива,сама си го научив така.По природа не сум лош човек и сакам да му угодам на било кој,да му биде пријатно со мене,ама кога ќе ги рашириш малце рацете по некое време малце ќе му е па сака повеќе...Ама јас мислам дека ептен ги раширив.Значи феминки мои јасно ми е како стојат работите во врската и дека доволно направив од моја страна.Сакам да ве прашам дали некоја можеби има уште некакво решение зошто го сакам и сакам да останеме заедно ако е можно некако оваа ситуација да се спаси?Или сепак ќе треба тој да реши дали ќе се потруди или ќе ја стави точката?
Во една тема нешто имав спомнато, ама ајде сега пак ќе напишам. Пред некое време имавме со дечко ми период кога тој едноставно се промени кон мене, поважно му беше да игра фудбал. или да излезе да прошета со другарите, или да кисни на работа без некоја особена причина, почна да ме запоставува, да "заборава" да ми се јави по цел ден и ред други работи кои мене многу ме повредуваа и ме навредуваа (претпоставувам секој би се чувствувал исто на мое место). Се обидував да разговарам за причината на ова негово однесување, но неговиот одговор секогаш беше неодреден, па не знам зошто така мислиш дека те запоставувам, па не е така, па не знам зошто така правам.. значи никогаш немаше конкретен одговор.. Трпев, трпев.. ама не се трпеше тоа неговото! Кога сфати дека ме губи почна да се менува... Како сега може да се јавува по 5 пати на ден а тогаш "забораваше"? Ова маживе треба од земја да ги акнеш за да се свестат и да сфатат што имаат покрај себе!
Моментално и јас го имам истиот проблем , заедно сме долго време, јас разбирам да не ми биде секогаш интересно пошто се работи за период од 6 год, ама тоа е момент на досада и престанува. Но сега мислам дека е нешто друго, незам што , не ми е јасно, а и он вика не ..се е во ред! Истиот проблем го имам како тебе Lady-PinkHeart , значи да се шета по комшии ,да се поправа лаптопи на другари, го нема да се јави, муабети од типот па ај да се видиме ако сакаш( ако јас сакам ) а не се искажува дека он сака,и слично. Такво понашање и мене искрено ми смета и тоа многу, се чуствувам како запоставена, ме повредува.Кога тоа му го кажав, вика не бе што ти е , не те запоставувам , и повторно нема конкретен одговор зашто тоа го прави? НЕ ми е јасно .Ама денес мислам дека го треснав од земја. Знам дека е малце детињесто ама морав, некогаш и тоа пали, го исклучив моб,домашниот, и во наредниов период значи не планирам да комуницирам со него, толку многу сум му лута.Па чекам позитивни резултати.Стварно некогаш треба да ги потсетиме што имаат покрај себе, а со такво понашање можат само да го загубат!
Токму тоа и јас сакав да го кажам, кога си постојано покрај него, и кога му одиш по кеифот, како да си зема слобода повеќе од обично... Ок, не велам дека после 6-7 години е исто како на почеток, но доколку личноста со која си навистина ти значи, тогаш треба постојано да се одржува страста во врската да не стане монотоно, се разбира, двајцата треба да се грижат и да допринесуваат во врската. Искрено, јас на моменти во тој период се чувствував како да сум на тест, да видиме која ми е крајната граница на издржливост, до каде може да оди сето тоа Не рекле џабе дека ќе сфатиш колку ти значи некој откога ќе го изгубиш, така барем беше во мојот случај. Искрено се надевам дека и тој твојот навреме ќе се опамети
Океј ми е да оди да излегува со другари, да игра плеј стејшн, да игра фудбал, но не да му биде тоа поважно од мене. За се може да најде време, само ако сака.