1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога тој има побитни работи?

Дискусија во 'Врски' започната од gwen, 20 јануари 2010.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    Јас си имам вакво мало проблемче деновиве, ама ваљда треба да се навикнам...

    Дечко ми го стегнаа од работа ептен деновиве, нема сила за да јаде, камоли за друго, како што доаѓа дома, така заспива (проверено).

    Некако се одалечивме, немам право да се лутам, скраја да е, ама ненормално многу ми смета :@
     
  2. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Имаше и затоа го откачив,и после сакаше назад,е нема враќање......... :rock:
     
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Само не ми е јасно..
    Зошто очекувате да му бидете најважна работа, т.е центар на светот?

    Од мојон на пример, не очекувам такво нешто, бидејќи ни тој на мене не ми е центарот околку кој се врти се. И да, имам поважни работи и тука главни се школото, семејството, другарките, па потоа доаѓа тој.

    Лошо е што женските премногу вложуваат (емотивно, некои и финансиски богами :D ) , а кога ќе заврши врската остануваат празни (пак она некои емотивно, некои џебно) бидејќи да бидеме реални -сите ќе раскинат еден ден.
     
    На faye и Lilit им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^Е да, само што сакав и јас да пишам такво нешто...
    Да не очекувате малце повеќе од нормалното, што треба цело време да е со тебе, 24 часа на ден, да не праи ништо освен да е со тебе, да несмее да игра сони, или да глеа фудбал зоштоооо? За да не го дигнеш носот зошо побитен му е фудбалот денеска од тебе? Ај малце бек ту реалити, ако вие неможете да трпите такви нормални и секојдневни работи, зошто мислите дека тој ќе ги трпи вашите опсесивни мисли за тоа како вие треба да сте центар на неговиот свет и никако не смее да помиси да има друга поважна работа од вас.
    Јас не ни очекувам јас да сум му најважна, тој има друштво, семејство, машко е, многу му е битно да гледа фудбал, да игра сони, да искача и да се пијанчи со другари, и сеа јас заради ова да се чувствувам омаловажена зошто не ми е 24/7 на располагање.
    Ај вие ако сте оставиле се на страна и сте го ставиле центар на свет и не правите ништо друго сте се тргнале од сите на страна и од се, и сега истото терба го очекувате од негооо?
    Гет а лајф жени!
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Оставете ги малку нека дишат и нека имаат свој живот.Еве типичен пример како врската ќе стане монотона,аман за аман гледај само во мене,единствено јас постојам,и ќе се затворат во 4 ѕида,ќе ги изгубат сите пријатели,ќе почнат да се шетаат по собата испуштајќи гасови и чудејќи се зашто нешто шкрипи,а несе свесни дека самите се виновни за тоа.И после нова тема: Што да правам врската ми стана монотона како да ја разубавам? :^)
    Па ни секси долен веш после нема да ви ја среди,единствено може да ви се најде за хонорарче на шипка во некоја биртија |(
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Зошто да ставам крај на врската? Па како што сакам да поминам време и јас со другарка на текили и да играм во Маракана на Fu*k you, може и тој. :D
    Секако не да ме шитка постојано, туку сметам треба да има време кој и тој самиот прави нешто друго со друштво, а да не сум јас тоа. Нека здивне, нека одмори, му треба тоа, после човек како мене. :D
     
  7. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    За побитни работи ги има да и тоа е една и једина а и јас си имам исто така да... Бидејки тој е газда во својата фирма која што е составена само од еден вработен кој што му преставува нешто како посредник во јавност.Многу работи и тоа е нависитна лошо едноставно пропаѓа од умор али затоа вади јаки пари ама не е се во парите. И ја си работам хонорарно по ресторани
    професија готва4
    :D ама не се уморувам до толку.Али тие битни работи кратко траат ако ја немам нешто работа и покрај толкав умор повторно се гледаме и уживаме 4есто сами :$. Некогаш и е потготвен да откаже се само да сме заедно али тоа не се дешава 4есто :|. Али мора да се живее од нешто :$
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас под ова "побитни работи" подразбирам да јас на пример сум болна, а на него да му е побитно да оди да се види со некој другар или да отиде да речеме да дреме цел ден во кладилница отколку да дојде да ме види мене. (што ама баш никогаш не се случило) Тука би се налутила.

    А иначе за излегување, кафиња и такви ствари доколку излезе без мене не го гледам тоа како еве побитни му се другарите од мене. Тоа нема врска, барем кај нас. Па фала богу дека мора да се излезе, да се види свет не ќе седиме залепени само еден до друг. Јас барем си знам дека сум му најбитна и тоа не се покажува ако цело време седи до мене и никаде не мрднува, доволно ми е што знам дека доколку нешто ми се случи или ми затреба навистина итно, ќе дојде во истата секунда. :)

    А за работа не коментирам тоа е веќе еден вид на обврска која треба да се исполни. Мислам дека тука се збори за бирање меѓу две задоволства, а работата не секогаш е задоволство.
     
    На Supernice и ariela09 им се допаѓа ова.
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Да не те цитирам Daydream но се согласуам со тебе. Моментално јас сум болна ама тој не може да дојде да ме види како сум затоа што му е роденден на брат му а и јас не сум во којзнае какви здравствени проблеми. Затоа па ми се јавуе на секој пола саат за да ме праша како сум :) Срценце е. Само малце е напнато срценце од проблемите наоколу и цело време е тажен. А јас не сум до него да го направам среќен :doh:
     
  10. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Јас стварно немав претстава дека толку многу девојки живеат во заблуда...

    Без разлика колку убаво се чувствувам во нејзино друштво, колку е феноменален сексот или какви чувства предизвикува во мене, девојка ми никогаш нема да ми центар на светот или пак најважна работа во животот.
    И тоа е сосема нормално. Загрижувачки е ако партнерот или било која друга личност во вашиот живот ја сметате за побитна од сам/а себе.
     
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Напротив, загрижувачки е тоа што на светов се множат таквите како тебе што незнаат што е љубов. Сексот и да ти е феноменален и да имаш чувства спрема неа, не значи дека ја сакаш. Ја сакаш кога би го дал животот за неа а тоа е многу повеќе од тоа да ја сметаш за побитна од самиот себе. Во случај да незнаеш што тоа всушност значи,еве ти објаснување:да сметаш некоја личност побитна од тебе значи да ја сметаш нејзината среќа како твоја цел во животот а нејзината тага како твојот најголем науспех. Тоа е љубов 8)
     
    На Daydream, duffi, krEM4Eto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Мислам дека проблемот е што на темава се измешаа многу работи.

    Нa партнерот не треба да сме му најважната работа на светот, туку меѓу најважните личности. Зависи од сериозноста на врската и слични работи, но секогаш треба да покажеме дека ни` значи таа личност.

    Никој не треба и во никој случај не е пожелно животот да си го стави на стенд бај заради партнерот, да менува навики, да стопира пријателства, начинот на живот бил и дел од она во кое сме се вљубиле уште на почетокот, без нив не би ни бил истата личност во која сме се вљубиле, но малце усул и покажување дека ни` значи таа личност, не е на одмет.
     
    На hermosa и Supernice им се допаѓа ова.
  13. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Да не те цитирам tessie, се согласуам со тебе. Избегав од темата но морав да објаснам некои работи :emo:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    Јас и дечко ми премногу имаме разбирање еден кон друг. Кога бевме помали јас често го прашував што му е најбитно на светот или кога би бирал меѓу мене и идната негова професија што би одбрал.
    Одговор немаше. И јас љубоморна, плачливка абрее филмови.. :D А сега ми е смешно што сум му поставувала такви глупави прашања.

    Најбитно нешто на двајцата ние да се реализираме како успешни во она што сакаме да го работиме.
    Дечко ми има поголеми амбиции од мене и еве можеби кај да е од наредна недела можеви ќе почне да го работи тоа што цел свој живот мечтаел. А за мене ќе се почека уште 3 години сигурно.

    Сепак сакам да кажам за фудбал, кафе со другари не се замарам зашто и јас излегувам со другарки и колешки. Единствено се лутам кога троши пари на спортска.

    Знам дека професијата му е најбитна инаку од каде пари, се бори за она што сака да го постигни и го ценам тоа! Не се лутам како пред 5 години кога бев уште недозреана во умот. :)
     
  15. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Дај молим те, сеа ќе дискутираме со преписки на дефиниции за љубов од Cosmo? Љубов не е ни блиску до овие бесмислици, ако стварно веруваш во вакви приказни тогаш имаш делузија за тоа што е животот.
    Нејзината среќа да ја сметам како своја цел во животот? Сериозно? Дете од 10 години знае за подобро.

    Љубовта како термин означува емоција, исто како стравот, тагата итн. Не е некоја магична сила што лебди меѓу сите нас и ни го прави животот поубав. За второво е крив холивуд, не вие што тресете глупости.

    Љубовта е биолошка адикција, и како резултат од повеќе хормонални и хемиски промени се ствара во дипаминергичниот систем. Што значи за неа има посебно место во науката, целосно е поткрепенеа од неа и совршено јасно е дека не е никаква апстрактна творба која го краси светот. Ќе повторам, убаво е од време на време да се изгледа некоја романтична комедија/драма, ама со усул и резерва.

    Тоа што ти го опишуваш е МНОГУ повеќе од љубов. Не можеш на една емоција како љубовта да и ги препишеш сите нешта кои придонесуваат за тоа да една љубовна врска функционира убаво. Уште мал милион фактори влијаат на тоа (еден од нив е љубовта).

    Ги немаш разграничено основните поими, а влегуваш во дискусија и се дрзнуваш да судиш на некој дали е способен да сака и љуби. Не е во ред. Јас немам познавање од ракетна наука, па стојам понастрана од дискусии во врска со аеронаутика. Се си има свои граници.
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Supernice љубовта нема врска со науката и ти тоа што го опиша. Не е до толку сложена... :lol: баш напротив многу е едноставна и убава ако до тебе имаш вистинска личност. Се сложувам со ariela09 и дефиницијата и' е на место, а дали е преписка или не тоа е најмалку битно. ;)

    Според мене имаш сосема погрешни сфаќања за љубовта и сексот воопшто ама секој си има право на сопствено мислење. :) Иако (доколку ти се точни годините) мислам дека ти си од оние кои се сеуште недозреани момци во врска со љубовта. Без навреда и најдобронамерно ама мислам дека уште имаш да учиш во врска со тоа. Според твоите постови ми изгледаш за личност која има доста познавања и личност која е зрела за дискусија меѓутоа не и за оваа тема. Претпоставувам дека не си ни бил заљубен вистински. :)
    Во врска со темата се изјаснив на предходната страница така што нема многу да должам и се извинувам што се вклучив "падобрански" во "дискусијава". ;)
    Знам сега ќе почнеш и мене да ми објаснуваш од "научен" аспект ама мене не ме интересираат науки. ;)
     
    На ariela09 и tessie им се допаѓа ова.
  17. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Supernice, морам да кажам браво за тоа што имаш познавање од ракетна наука и да би ти била професорка би те пуштила со чиста 10ка ;) Но како што кажа Daydream исто така и јас мислам дека не си осетил љубов (барем не таква каква што имам јас со дечко ми). Сигурна сум дека неможеш ова да ми го докажеш дека е така пошто имам осетено на мене. Јас не го напишав постот базирано на романтични комедии, љубовни драми и балади,туку го напишав базирано на моите моментални чувства. Се извинувам што ќе избегам од темава малце но јас навистина незнаев дека постои љубов поубава од љубовта прикажана во филмовите. Тоа водење љубов, тие длабоки погледи и тие насмевки јас мислев дека ги има само на филм, се додека не го запознав дечко ми. Со него сум веќе 2 и пол години. Ако уште многу други девојки наминат на темава,сигурна сум дека нема да заминат без да остават мислење. Но само оние кои навистина го осетиле она што јас го осетив (не само јас, туку и дечко ми :inlove: ). Сигурна сум дека и ти ќе се сретнеш со ова некој ден. Ако не тогаш немаш имагинација и позитивен поглед кон љубовта. Мое сочувство.
    Да не се сватиме погрешно. Не сакав никој да навредам,само сакав да го искажам моето мислење.
     
    На Spidy и Daydream им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Supernice, имам чувство дека си се затрупуваш во вакви научни сознанија и факти само за да си ја „оправдаш“ сопствената ситуација и немоќ... мислам ок е, мене си ми супер, интересни работи прочитав, ама можеше само да кажеш - I'm just not into her. Или обратно.
    :D

    Секој треба да си има време сам за себе, и во тоа време - дали ќе биде со другарите, на фудбал ли, на баскет ли, во кладилница ли, лов и риболов, ќе игра ли игрици, негова работа.

    Ама ако тоа се повторува секој ден константно и јас доаѓам секогаш последна на список, навистина ќе се запрашам - му требам ли јас на овој дечко, што разлика му правам во животот, очигледно никаква.
    Нека не сум приоритет бр. 1 (не ни сакам, тоа бајаги налудничаво ми е искрено и ме плаши малку), ама да не влегувам ни во топ 3 приоритети? Ни во топ 5? :^)

    Мислам компромисот во една врска ако некој го сфаќа како принесување жртва пред олтар и му е толкаво мачење, ич не се заслужуваме и секој нека си го фати патот.
    Има уште многу да се пишува за ова, ама почнувам да се нервирам од вакви теми.

    Никакви болни екстреми од типот - „ти си мојот живот, ќе умрам без тебе маче, срце, душо, облаку, кокошји пердув мој шарен“ до „сега ќе одам во кладилница, а после на баскет, а вечер сум на дипломска (сфати дека не те поканувам, така, ваљда имаш толку мозок), а после у град, па ако не заборавам на тебе, може утре ќе ти титнам“.

    Оти науката вика дека - не постои љубов.
    Не ми се вади на такви глупости.
    И не, не гледам ни романтични филмови, нит читам Николас Спаркс, не сум задоена со идејата - Како ќе изгледа мојата совршена венчавка кога ќе пораснам.
    :^)
     
    На eloves и Daydream им се допаѓа ова.
  19. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Ја гледам темава неактивна подолг период, а убава дискусија се развила..
    Не сте сериозни дека љубов е "виша сила" (карикирам) што од некаде не дофаќа и не држи во прегратки со љубениот, така?
    Не сте сериозни и дека љубов нема научно објаснување, и дека таа не ни има врска со наука??
    Или дебатава заминала во друга тема па не можам да сфатам што заклучок сте донесле |(
     
    На Supernice му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Не барам да бидам најбитна кога сум во врска но сакам да бидам меѓу тие неколку најбитни нешта...
    Сфаќам дека животот на еден човек се состои од многу сегменти и не можам јас да барам да бидам на прво место. На пример кариера. Таа е основата на егзистенцијата на еден човек. Човек не може да опстане само од љубов, мора да заработува. Но ако некои глупи нешта ги стави пред мене, како на пример коцкање, пиење... тогаш навистина можам да се налутам.