1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога тој има побитни работи?

Дискусија во 'Врски' започната од gwen, 20 јануари 2010.

  1. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    17.783
    Обично јас сум таа што секогаш има поважни работи од партнерот
     
  2. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Женски
    Последниот месец секогаш имаше некоја работа и не сакаше да се види. Секогаш јас настојував да се гледаме и се чувствував толку безвредно.
    Откако се видовме последниот пат и со солзи во очите го испратив до врата знаев дека е крај.
    Тип како него секогаш ќе се однесува незрело и незаинтересирано. Премногу ми е жал што не успеа да ме засака.
    Со самото пишување ми доаѓаат слики од настаните и сфаќам дека проблемот не бил во мене
     
    На Mumoftwo30, eliesaab, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    802
    Пол:
    Женски
    Зошто би биле со некој кој има побитни работи од вас? Освен ако не ви е другар за секс?
    Како и во многу други теми и тука се измешани баби и жаби.
    Да му бидете најбитни на некого, не значи дека треба да поминува 24/7 со вас. Но сериозна врска, особено онаа која планира да прерасне во семејството треба да сте си најбитни.
     
    На Panda00, Mumoftwo30 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    5.780
    Пол:
    Женски
    Не знаат да разграничат сериозна врска од ова другото. За другото немам точен израз, ама би го објаснила како: заедно сме, убаво ни е, ама не сме fully committed. Може ќе запознаеме други, да не пропуштаме прилики прерано врзувајќи се.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.