Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога љубовта боли...

Дискусија во 'Врски' започната од Sunshine88, 6 април 2010.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.395
    Допаѓања:
    22.517
    Пол:
    Женски
    И??Што му врати ти на тоа??? :)
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Само му одговорив убаво е тоа што се сеќаваш.
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Боли, значи ја имало. И тоа ме прави среќна, од аспект што знам дека не сум скот, сум чувствувала нешто убаво, длабоко, но тој другиот, едноставно не.
    И така се развивам, учејќи од болката.

    Да беше само среќа животов, ќе умревме инстантно од досада.
     
    На senjorita-v и lea26 им се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Боли боли многу,и кога го сакаш а чуствата не се возвратени,кога некој тебе те сака а ти сакаш да му возвратиш а највеке кога и двајцата се сакате а не сте заедно.

    Незнам,иако ми е на дофат и можам да му пишам сепак имам страв од ладнокрвното однесување.Иако немам разменето недела дена збор со него,се немаме видено којзнае од кога,и покрај неговото однесување го сакам,сакам да го прегрнам да му кажам дека ништо не е во ред,дека го лажат,дека го сакам но гордоста е посилна,ми недостига неговата насмевка,неговите совети,да ми каже не е ништо,се е во ред ке се видеме повторно.Зошто тоа мораше да прекине?Сум ги преболувала сите полесно но тој ми е некако посебен а јас морам да се кријам бидејки и да се појавам знам дека нема да ме побара,дека ми е лут,најтешко ми е што не знам што му е,како му е дали има друга девојка во неговиот живот,дали се секава на се што поминавме.Боли кога не можеш да му проговориш барем еден единствен збор.И доколку му прозбориш не знаеш што ке добиеш од спротивната страна.Колку би сакала да знае дека е личноста која многу ја сакам,дека не можам да го заборавам,дека ми значи.
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536


    Од тогаш има нешто ново ? :)
     
  6. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Мислам дека најмногу боли кога сфаќаш дека ти поминал возот, дека си имал шанса да бидеш среќен со некој што многу те сакал и си ја пропуштил. Уште повеќе боли кога ТОЈ НЕКОЈ си го засакал а он веќе те преболел и сега е среќен со друга. Ја гледаш неа и си викаш можев јас да го имам ова ! Боли кога двајцата сте се сакале а не сте заедно, после сите бурни случувања сте дошле на раскрсница и секој продолжил по свој пат.
    И за крај, не боли љубовта, болат убавите сеќавања. ;)
     
    На lea26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Оттогаш со него нема ново ;) Не ми пишал ама вероватно зошто знае дека имам дечко. А и среќна сум сега, немам зборови со кој можам да го опишам сегашниот дечко. Сега верувале или не тој ми е се. Не сум видела толку добри карактеристики собрани во еден човек. Секогаш знае што треба да ми каже, секогаш знае како треба да изреагира. Немаме ама баш ниеден проблем. Предолго се знаеме и функционираме совршено на некој начин.
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Љубовта не е љубов, ако не боли. Болката ја прави уште поубава, целото тоа исчекување, па дури и страдање. Најмногу боли невозвратената љубов, боли да гледаш некого до себе секој ден а да знаеш дека никогаш нема да го имаш. Но болат и спомените што останале од некој со кого сте поминале убави денови заедно. Но таков е животот, таква е љубовта. Мора да гледаме напред...
     
    На KalaV му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Животот боли. Љубовта боли. Но, како што велат се` за вистинската љубов! :)
     
  10. mirindaa

    mirindaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    25
    Пред 2 месеци раскинав со дечкото.Проблемот беше во тоа што мајка му сакаше тој да биде син за пример.Да учи,да мисли на училиште,оценки...Не сакаше да има девојка.Згора на тоа ми беше матичен стоматолог.Со мајка ми беа во контакт знаеа и на кафе да излезат.Но очигледно беше дека од првиот ден јас нејзе не и се допаднав.Ама не дозволивме некоја ситница да не раздели.10 јануари...Денот кој никогаш нема да го заборавам.Тој ден се фатив со него.Толку се сакавме што немавме спиено по 2 недели.Нон-стоп бевме заедно.До 4 наутро ке седевме во паркот , ке се гаѓавме со топки снег , ке се тркаламе по снегот , ке правевме ангелчиња ... Потоа заминувавме дома.Преостанатото ќе го поминевме или на фб или на мобилен .. Со еден збор бевме НЕРАЗДЕЛНИ . Секој 10-ти во месецот знаевме да го поминеме незаборавно.
    Но дојде дента кога мајка му почна да ми оди на нерви а нејзините зборови беа навредливи.Татко му беше многу добар човек.Ме засака.Со него занев и муабет да си направам и социјални игри да играм,па и по некое кафенце да испиеме гледајќи филм :P . Но мајка му беше што се вели намќор.И јас му реков дека повеќе не сакам да сум со него поради односот на неговата мајка спрема мене.Иако беше болна разделбата сепак што е тука е.Кога и да го видам заплачам.Но сега има девојка.Неговиот пријател ми зборуваше дека сум ја испуштила шансата.Иако нему не му се допаѓа Тијана(Неговата девојка) тој сепак остана во контакт со него.Отсекогаш му се допаѓав на неговиот другарот(мислам отсекогаш мислеше дека сум вистинската за Б....)И ден денеска кога ќе помислам на деновите поминати заедно ќе заплачам...И додека го пишував ова плачев.Но , морав некаде да се олеснам , да го извадам она што беше во мене.
    Инаку тој не ја сака Тијана.Се доверил на другар му , но тој не издржа а да не ми каже.Со неа е само за да ме заборави мене.Но тоа не е можно.Се гледаме на базенот , во маалото кај баба ми .. Сепак мислам дека заслужува уште една шанса . Што мислите вие девојки ? :/
     
  11. lea26

    lea26 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    е баш така болат сеќавањата за пропуштениот воз, боли ептен кога ке помислиш дека си пропуштила нешто што вредело, но како не си знаеме дека вредело туку ке видиме од кога ке замини???
    еххх тешко е многу и болката не исчезнува така лесно, се те подсеќа на него...
     
  12. belieber1579

    belieber1579 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки имам еден проблем ако може помош..Сеуште сум во основно последна година ама толку мн се заљубив што веќе 3 год неможам да го заборавам.Иако знае дека го сакам не ме ни погледнува има една нај другарка што се дружи со мене незнам како да ја тргнам од него ако може мислење.:)
     
  13. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    И јас исто имав една што ме свиѓаше во основно. Мене ич не ми праеше мерак и иако знаев дека ме свиѓа си кулирав. Види ако не направиш потег, неможеш ни да бидеш одбиена. Се ставаш себеси во пат позиција, ни ваму ни таму. Не знаеш ни дали би сакал нешто со тебе ни дали не би сакал. Или преземи нешто конкретно за да знаеш на што си или батали.
     
  14. belieber1579

    belieber1579 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Знам на што сум мн добро знам.Еве веќе некор време пишуваме,сака да бидеме заедно ама на никој да не кажеме зашо она ќе му се налутела.Ств незнам шо да правам.
     
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Сакаш да си втора рупа на свирало? Да? Епа биди со него.
    П.С. никој не сака да е втора рупа на свирало.
     
    На belieber1579 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    А што има ти да го скаруваш со најдобрата негова другарка?
    Љубов е едно, а другарство друго.
    Башка, 8мо одд. си, рано ти е за вакви главоболки.;)
     
  17. belieber1579

    belieber1579 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Она е мн
    Она е мн љубоморна,а он несака да ја изгуби како другарка.знам дека е рано ама срцето не бира години..
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Факт е дека другарство не смее да пропадне ради врска,ама исто така е факт дека ако ТАА му значи повеќе од тебе-сигурно е затрескан у неа потајно.
     
  19. belieber1579

    belieber1579 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Онс може е у него ама он у неа не верувам.
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    @belieber1579 , ако тој не сака да ја загуби како другарка, ко што спомена DigY, или е потајно заљубен во неа или едноставно му годи нејзиното пријателство.
    Ако тој 3 години знае дека го сакаш, а не превзема ништо, тоа значи дека не сака да биде со тебе.
    Очигледно е.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.