Не знам дали ќе ми веруваш, ама откако ја отвори темава око не можам да склопам, цело време мислам и фантазирам како би било кога би било и која дестинација би не сплотила сите како едно, со Билка како туристички водич Спојлер Се шалам бе, сега ја приметив темава читајќи-смешни мислења. Се извинувам што доцнам, но напорно било да трчаш по агенции да договараш, преговараш, да се ценкаш за попуст итн. Од толку голема понуда на дестинации, навистина не знаев која да ја одберам. Ајде феминчиња предложувајте дестинации за екскурзија па потоа BaGirlIna како иноватор на темава, нека отвори анкета со најчесто бараните дестинации, па да гласаме. Ако не се договориме, не ни бега тура низ цела Европа, па наредната година, може да биде Африка итн. по континенти. Јас сакам да одиме во Нов Зеланд.
А дали ќе ни давате и сендвич и сокче по пат и дали ќе треба родителска согласност на писмено? (или од работодавач ) За Нов Зеланд Моира ќе не организира
амаа плоштадот не е екскурзија ... неможеш да уживаш во пеење во бус или пекање за вц... јас сум за Москва или за Сибир кај и да е поефтино нема да се жалам
Јас сум за во Италија. А колку треба да се доплати за баничка по пат? А дозволено ли е фотоапарат? И имам предлог за тоа Михајло да вози. Јас си земам место до Dala.
Јас сум да идеме накај London или New York и ич да не се враќаме. Што велите, добра ми е идејата? Спојлер Значи темата ви е ЛОЛ
Ние бевме еднаш низ Македонија, ама тоа беше одамна, уште кога се зачленив, сега не знам дали ќе не носат некаде, многу сме
Гледам вака ептен сакате да шетате. Што викате да го прошетаме целиот свет ? Еден пат околу светот за 80 дена. Башка секаде вака ќе отидеме не само ваму-таму и ништо не сме направиле. Сите ќе бидат задоволни. Идејава е ептен забегана, што вика k.i.m премногу сме.
па не мора да ги носат сите феминки,само оние што пишуваат во ова тема а да одиме насекаде по малку,инаку јас сакам во шпанија и франција