А едноставно да се тргнеш и од двајцата? Ти немаш расчистено со самата себе што сакаш,едниот не сакаш да го изгубиш,а со другиот имаш луд секс...колку што успеав да разберам.Тоа што си била поднапиена, не ти е никаков изговор,си била после трезна кога си продолжила да се гледаш со него. Биди некој извесен период сама и среди ги емоциите,па тогаш самата ќе си донесеш одлука што да правиш.
миме на тој третиот јас му дозволив да се вмеша и јас си ги сносувам последиците на тоа како сега се уништив самата а тој добро знаеше кое е неговото место. фала на вашето размислување . маца врската од 7 години до пред 1 година горе долу беше добро јас многу бев вљубена но нашите катастрофални кавги ја уништија мојата љубов но сепак убаво беше кога не се каравме добро си поминувавме но некако се беше монотоно. ви благодарам уште еднаш.
и јас мислам дека така ќе биде најдобро и за мене а и за нив. така со првиот имам мн заеднички работи заедничко друштво и се а со вториот квалитетен секс. знам тоа што бев пијана не е изговор но така почнаја работите. и да ќе го послушам твојот совет оти се совпаѓа и со моето мислење одреден периот да бидам сама и да дознаам кој се моете чуства зашто во моментов се ми е измешано и веќе незнам што навистина чуствувам.
Кога и да ја видам темава се мислам дали да пишам нешто.. И сепак ќе го пишам Љубовта е за двајца ! Но секогаш се наоѓа по некоја курва која незнае да брои.
Има и такви девојки што сакаат да расипат некоја љубов но на таквите не треба да се обрнува внимание ги имало ги има и ќе ги има секогаш.Во такви ситуации на таквите девојки треба да им се даде на знаење дека се вишок треба да процените таква ситуација да ги избламирате,понижите да знаат кај го пикаат носот и пред сите таа девојка да испадне глупача да види со кој си има работа. Тие се лесен проблем потешко е кога ќе се замешаат родителите на дечкото или на девојката е тука доаѓаат вистинските проблеми и тогаш доаѓа и до караници меѓу паровите.
Здраво Девјки! Имам еден проблем кој сакам да го споделам со вас.Имам дечко,5 години сме заедно и не сме имале досега некои сериозни проблеми....сега пред околу еден месец се појави друга личност,тој не е македонец,една година е помал од мене...се запознавме,излеговме на кафе,и некако почнавме почесто да се слушаме.Немав друга намера освен како пријатели...Убаво разговараме,тој знае за мојата врска..Почна да ми кажува дека пинаку размислувал и дека често мислел на мене...Сум му се допагала...но некако почнувам и јас да мислам на него..Сега бидејки некој работи ги гледам од друга страна..лаже..и други работи,и сега несакам да продолжам да бидам во контакт со него ама незнам како тоа да го направам..Бидејки како што кажав..и јас почнав да мислам на него.Дечко ми незнае ништо..ама се плашам ако на овој му кажам да престанеме да пишеме и слушаме да не ми направи некој проблеми..Дали и на вас ви се има несто слично случено...?кажете како да ја средам работата.Тоа навистина ми е проблем
Немаше осет и чуства кога свесно се навлечуваше накај другиов дечко? Тогаш не се прашуваше и не размислуваше за можните последици нели? Како и да е твоето однесување не е воопшто во ред и човечки, си згрешила тоа е очигледно нели, остави на времето ако веќе не сакаш да уништиш се, или во случајов најдобро би било да кажеш на дечко ти што си направила и да му објасниш, па потоа очекувај си ги последиците од сево ова. Учи од своите грешки и не дозволувај да ги повторуваш бидејки не само ти и другите луѓе наоколу нит криви нит должни ќе патат од твоите постапки а тоа не е во ред.
Најдобро е отворено да му кажеш на другиот дечко, дека си среќна во врската и несакаш да си правиш проблеми, а контактите со него да ги сведеш на минумум. Инаку не е океј воопшто твоето однесување. Ако врската ти е ко што треба, се надевам свесна си ако дознае дечко ти ќе си направиш сериозни проблеми. Долго годишна врска не вреди да се растури за ваква глупост. Знаејќи дека си имаш дечко, вакви работи ама ич не ти требале.