Dragi prijateli, me interesira vaseto mislenje za Kognitivno Bihejvioralna Terapija, dali ste imale moznost da bidete vo dopir so vakva terapija, i dali e koristena vo MK. Momentalno ziveam vo stranstvo i ja rabotam ovaa terapija. Planiram da se preselam vo MK i da otvoram psiholoska ordinacija. Mnogu bi mi pomognalo da znam kakva e momentalno otvorenosta na lugeto vo MK da posetuvaat Psiholog i dali KBT se koristi vo MK. Vi blagodaram odnapered
Poseta na Psiholog vo MK i Kognitivno Bihejvioralna Terapija Edna od najdobrite terapii definitivno, slabo se koristi kaj nas bidejki nema luge obuceni za nea, no se poveke se bara, vo pocetokot ke ti bide teshko bidejki nemash ime, no so tek na vreme ako si dobar veruvaj glava nema da dignesh od rabota, bidejki se poveke pacienti ima i toa mladi...obicno rabotat psiholog i psihijatar zaedno i taa varijanta e najdobra, zatoa kontaktiraj so nekoi od privatnite ordinacii psihijatri ama najdobro od pomladata generacija, bidejki postarite se samouvereni i samobendisani... sekoe dobro
Poseta na Psiholog vo MK i Kognitivno Bihejvioralna Terapija Fala Viki za odgovorot i za sovetot. Se soglasuvam deka pomladite bi bile pootvoreni za sorabotka. Mi vleva mnogu nadez! Veruvam deka na pocetok ke bide tesko. Rizicno e, ne znaes kako ke bide sto ke bide, no se nadevam so tek na vreme ke se razvie. Fala uste edna i golem pozdrav
Poseta na Psiholog vo MK i Kognitivno Bihejvioralna Terapija Da znaes samo kolku pati sum se rasprasuvala za terapija od vakov tip, ma da ne znam sto konkretno se slucuva za vreme na ova terapija no znam deka ima mnogu golem efekt vrz site krizi ili problemi sto edna licnost se soocuva, iako jas mojata kriza ja nadminav vo pogolem del (anksioznost) no sepak ima posledici i del od fobiite postojat dlaboko vo potsvesta, sto bi sakala da se oslobodam vo celost, a mislam deka e vozmozno samo so ovoj tip terapija bidejki dosta prostudirav i procitav deka pomaga
Poseta na Psiholog vo MK i Kognitivno Bihejvioralna Terapija Во Ск има ваква терапија мислам, дали има во други градови, Штип ?
Poseta na Psiholog vo MK i Kognitivno Bihejvioralna Terapija Zdravo Emilija, fala za odgovorot. KBT e mnogu efektivna za tretiranje na anksioznost. Pozadi sekoe cuvstvo dali e ankisoznost, depresija, ljutina itn. stojat odredeni misli. Spored KBT cuvstvata se voglavno predodredeni od nacinot na koj osobata razmisluva za odredeni situacii. Vo tekot na KBT se idetifikuvaat ovie misli i se raboti na promenuvanje na istite. Ponekogas ovie misli se nesvesni. Mislite koi vodat do anksioznost i fobija se obicno nelogicni i nerealni, nema dokaz vo realnista deka se vistina. Vo tekot na terapijata se doveduva osobata do oformuvanje na logicna alternativa na nelogicnite misli. Koga se tretira fobija obicno se raboti na ucenje na osobata da se sooci so toa od sto ima fobija povtoruvajki gi vo glavata novite logicni misli, pri sto anksioznosta ke pocne postepeno da se namaluva i so tek na vreme ke iscezne, zasto osobata se oslobodila od nelogicnite misli i naucila da razmisluva pologicno.
Poseta na Psiholog vo MK i Kognitivno Bihejvioralna Terapija Ангел, многу е корисна терапијава. Ја има во Скопје, пиши на фб Gestalt psihoterapija i edukacija, и пиши им во инбокс, се што те интересира. Јас планирам да се запишам. До сега бев скептична, да не се паднам во група со некој што се знам по некоја случајност и приватно... Нели не е сеедно кога си ја отвараш душичката . Инаку ова од другарка моја знам се иде секоја недела по 1 час,мислам дека беше 2000 ден месечно. Има соочување со потсвесни стравови, неуспеси се што сметаш дека те кочи. 90% од луѓето што идат се анксиозни и ги има од сите возрасти. Едит: Заборавив да кажам декА е во групи. Индивидуалните терапии се МН поскапи за жал.
Poseta na Psiholog vo MK i Kognitivno Bihejvioralna Terapija Gestalt terpija e razlicna od Kognitivo Bihejvioralna terapija. Gestalt ima nekoi cognitivni aspecti no pristapot e sosema razlicen so KBT. Razlicni terapii se. Ako mislis deka ti treba odi i probaj, i da sretnes nekoj sto go poznavas nema vrska. Sigurno i taa e tamu od ista pricina kako i ti, da se spravi so nekoi teskotii.
Мислев дека е исто, ама сега ми текна Конгитивна бихејвиорална терапија е уствари она на фокс лајф даваа една емисија Obsessed мислам се викаше со високо OSD нарушување, и буквално се соочува со стравот. Се спакувано во пола саат емисја од можеби 11 недели терапија. А за второво така пишав дека сум позатворен карактер на човек, и мислам дека потешко ќе ми биде за работите што ме мачат да зборам пред група (не)познатии луѓе. И мислам дека во МКД фалат квалитетни психолози, психијатри школувани во странство што посетувале семинари обуки... Се надевам дека набрзо ќе ни пишеш на темата дека си почнала своја пракса (practice) во Македонија.
Да звучи како тоа во емисијата да е КБТ. Се третира највероватно Обсесивно Компулсивно нарушување. Да ако си позатвроен тип потешко ке ти биде да се отвориш во група. Мозеби е добро да се почне индивидуална прво па после групна. Здравје се надевам отварање пракса таму ке биде наскоро. Обавезно ке објавам овде!
Когнитивно потекнува од зборот когниција што значи мисла, бихејвиорална потекнува од зборот бихејвиор што знаци однесување. Според теоријата на КБТ, мислите, однесувањето и чувствата се меѓусебно поврзани. Мислењето ги одредува чувствата и однесувањето, и обратно однесувањето ги одредува чувствата и мислењето. Со промена на мислењето се менуваат чувствата и однесувањето. Со промена на однесувањето се менуваат мислењто и чувствата.
Слонче зошто не кажеш некоја техника во рубриката-анксиозност и ОКП, ќе ти бидат благодарни феминките, а така и ќе се запознаат со КБТ
Фала за сугестијата...ве послушав и напишав неколку совети за справување со анксиозноста во рубриката анксиозност. Се надевам феминките ке ги најдат корисни
Феминки, Дали познавате психијатар кој работи со оваа терапија во Скопје, или @slonce12 отворила своја ординација? Ви благодарам однапред
Здраво Александра. Сакам да те прашам дали можеби отвори ординација во МК или познаваш некој тука што се занимава со оваа професија? Јас 7-8 страдам од хронични болки во грбот, но изминативе 2 години симптомите се влошија, односно болките се засилија и се прошираа низ целото тело. Сега имам не само по целиот грб, туку и страшни болки во вратот, некогаш и колковите, зглобовите, мускулатурата по нозете и рацете, главоболки (болка низ сите регии на главата), вртоглавица кога стојам мирно или дур се движам (на пример во продавница или по скали), хроничен умор, буквално и после 10-11 саати спиење, се осеќам папсано и безживотно. Некои денови ми е толку очајно што почнав и да се изолирам, помалку имам желба за излегување и дружење, немам сила да работам, буквално целиот животен стил и секојдневно фунцкионирање ми се нарушени. Против мојата природа е да бидам ваква, сакам да сум активна личност, да се вратам на нормален начин на живот. После долгогодишни анализи и испитувања и погрешни дијагнози, докторите по пат на елиминација на други болести, констатираа дека се работи за синдромот фибромијалгија. Дали когнитивно-бихејвиориалната терапија лично ја препорачуваш за мојата состојба како лековита? Ми ја спомнаа некои од докториве тука како ефикасна, но никој не знае дали воопшто има некој тука што ја работи приватно или не. Државно, секако ја нема. Поздрав и секое добро.
Здраво! Барав по сите форуми, но нигде не најдов точна информација па се решив да прашам тука. Потребен ми е психолог во Македонија кој е стручен за когнитивно бихејвиоралната терапија. Ве молам ако имате некој да ми препорачате кажете ми, веќе сум очајна.