Болдираново буквално како јас да сум го пишувала. Секогаш велам дека веќе нема да бидам премногу добра, ама таква сум, за жал. Другите тоа го користат, па затоа на крајот ние сме повредени.
Мене ми се случи нешто слично пред 15 години , со првиот дечко тој не беше насилник но имавме турбулетна врска , ми доцнеше и му кажав и тој ми рече : Попрво ќе се убијам отколку да имам дете со тебе " Среќа ми дојде мензисот , со говедото завршив ,слушнав дека е во брак со години и нема деца ...кармата е кучка !!
Се испостави дека само на зборови е многу јак. Конечно кога собрав храброст и реков јасно и гласно: “Готово е.“ - буквално ништо страшно не направи, освен што јадеше ла*на по луѓето, за тоа каква сум била/што сум била. Ама и тоа го решив. Еден ден брат му го сретнав, и му реков: “Беше што беше, сега сме секој башка. Пренеси му на брат ти, да престане да ми вади муабети, оти и јас имам еден куп за вас... за цела фамилија.“ Уште еднаш, ништо не слушнав.
Абе 'браво за мене'. Сум имала среќа што е мочко, можеше многу поинаку да заврши. Еден куп жени завршуваат на 'другиот начин'. Сеуште...
Јас се извинувам ама не можев а да не се искажам. Девојчето (ако е како што кажуваш) си има проблем и и' е потребна стручна помош, тоа што и' се случувало во минатото очигледно влијае. Неколку пати наведе дека не може да се сака некој кој не го познаваш, зошто тогаш си останал во контакт толку долго? Кога не е љубов тогаш што е? Имаше потенцијал за љубов? Очекуваше дека ќе се смени? Забавно ти беше да има со кој да си пишуваш? Важен беше фактот дека прва пишала па да се искористи приликата? Бидејќи не се познавате ајде не си можел да и понудиш помош и да ја советуваш за психолог, ама не си морал со месеци да комуницираш, уште при првото еве нека е црвено знаменце си можел да ја блокираш ти, полесно ќе било за двајцата. Сигурно ни таа не сака да е таква, не е свесна дека е таква, најмалку што треба е уште еден кој ќе и' докажи дека не треба да се има доверба. Не мораш да ми одговориш, само се трудам да сфатам.
Ова е страшно психичко измачување што ти го праела. Премногу време си изгубил за да ја разбереш , и до негде те сфаќам зашто и јас имав сличен случај .. Само едно неможам да разберам за луѓето шо пишуваат само виртуелно, а не сакаат во живо да се соочат како нормални луѓе. Како и да е на крај барем си извлекол голема лекција и поука.
Можеби неа и фалело внимание , можеби некое психичко пореметување е во прашање ,а на овој ако му сметало зошто не ја блокирал??? Или можеби му годело вниманието??
извини ама да прашам јас татко брат или некое машко немате да му кажете шамар ви удриле што све трпите ....не се работи за тебе и за дрругите ти си го поминала сигурно и други ке си имаат вакви проблеми ова ја незнам што кутите кога тоа не е врска малтретирање само е лажене само себе извини ама морав да пишам
Јас игнорирав ред флег на еден тип што бевме кратко време, околу 3 месеци. Го игнорирав тоа што ме лажеше за банални работи, а вистина, навистина беше многу добар со мене освен тоа - патолошки лажго. Значи тоа беше болест, буквално за секаква ситница си лажеше и беше свесен дека го фаќав и му беше гајле. Некое време пред да раскинеме, јас бев на работа прва смена, колата нешто ме зезаше со свеќиците и типот се понуди да ја земе и да ја направи, демек сам ќе ги сменел, година две после тоа дознав од мајстор дека две биле сменети, две не, а тогаш ми беше речено сите ги сменив, уживај (демек частеше он поправка имал вишок во гаража). Истиот пат кога ми ја зема колата и кога дојде да ме земе, омилената футрола за наочари нигде ми ја немаше, ме убедуваше дека ми паднала негде, а јас од кола не ја вадев, срце ме боли и ден денес за футролата, ми беше поклон од брат ми. После некое време ми дојде преку глава да игнорирам глупи детски лаги и го откачив, незнам зошто ама ми беше многу тешко. Можда зошто имав целосно внимание, времето поминато со него ми беше многу забавно, ама џабе. И ден денес вака си мислам дали ќе беше сега поинаку, ако не беше толкав лажго и излезе и лопов до душа.
Дури лошо ми стана од се што прочитав до сега и какви се ненормални пациенти шетаат по земјава, за еден таков ќе споделам и јас иако да напоменам во старт немаше ништо помеѓу нас, не ми беше дечко. Веќе некаде низ темиве порано имам пишувано за ова но не знам каде е да го постирам тоа, па ќе раскажам повторно. Со дечкото се запознавме случајно, беше пријател со моите другарки и се започна од едно обично здраво низ чаршија, за после тоа да почнеме секој ден да се дружиме (не на само, туку цела екипа и негови и мои другари) и траеше тоа некој период од 2-3 месеца, ама јас освен пријател ништо друго не гледав во него, ама од негова страна тоа не било така уште многу одамна и пред да сме се запознале. После тој период на интензивно дружење он ми призна дека е заљубен во мене уште одамна, ама јас уште во старт му кажав дека од тоа нема ништо, на празно да не му давам лажна надеж, ама он НЕ за одговор не прифати и од тука почнуваат сите драми да ми се случуваат. Типот вистински психопат едно што ме тероризираше на фејс цело време со реално психопатски муабети, како он е презаљубен во мене, не може да живее без мене, јас нема да најдам никој друг така да ме сака. А и искрено имаше психички проблем си умислуваше некои работи во глава и мислеше дека се реални, а немаа благе везе со реалноста, дури имаше умислено дека јас сум заљубена во него, ама сама на себе не сакам да си признаам, и цело време ме убедуваше дека и јас него го сакам ама не знам за тоа. После тоа почна да ме моли да испаднам да ме види, да ми кажел нешто важно, а важното беа глупостите што ги пишуваше, за после да почне секој ден да ме следи, буквално ми беше како сенка каде и да бев јас таму беше и он, дури на моменти очекував и во вц да ми се појави од што беше таков психопат, мир не ми даваше буквално, идеше позади мене и ми правеше муабет, после ситуацијата ескалираше па почна со закани, ама јас на се бев глува и на најдобар начин му објаснував дека немам никакви симпатии спрема него и никогаш нема ни да ги имам. На крај почна со муабети дека ќе се убие, ќе рипал од зграда, јас ќе сум била крива за тоа, сите ќе знаеле дека е поради мене, а мене грижата на совест ќе ме убиела. Во тој период почина татко ми, он дури и тој период исто ме тормозеше и го користеше уште толку психички да ме падне, ме тераше буквално на сила да бидам со него во тој тежок период ме убедуваше како само он е тука за мене, и пробуваше на слабост да ме фати тој период. Ми идеше дури и на врата ми носеше поклони и писменца. На крај видов дека на убав начин не можам да се ослободам од него па му кажав на брат ми, он му се јави му рече да не ме малтретира веќе, или ќе има работа со него. После тоа уште краток период ми досаѓаше ама се повлече од дирекно тормозеше. После јас си фатив дечко, типот продолжи да ме следи, каде и да одев со дечко ми он идеше по нас, пример седевме во парк на клупа и он седнуваш во непосредна близина и ме гледаше ама не превзема ништо, и така полека полека се отргна скроз.
Од мој личен пример јас сум поасоцијална не дека не се дружам со никој ама имам 2 3 луѓе во животот за сва времена кои се до мене за се и во се, се впуштам и заљубувам во некој што е многу дружељубив менува друштва, излегува, го нема, на почетокот ова не ми смета но подоцна ми станува ужасно и имам претстава дека сум се впуштила во многу лоша авантура.
Истот сакав да го пишам, браво. Зошто воопшто продолжувал комуникација ? Ако ме воземирува комуникацијата, ако ми смета кај некој нешто, посебно за толку кратко време, одма ќе прекина комуникација. Не можи да ми смета се, упорно да си пишувам со месеци. Не ми е разбирливо тоа воошто во приказнава.