Прв дечко. Сите црвени знаменца ги игнорира ,не знам дали толку бев залепена или што и да беше ,ама најголемото фала богу не. Се почна со посесивност да морам веднаш да вратам на титка-порака дали сум била во школо ,дали сум јадела ништо не беше важно. После проблем беше како сум облечена,па сум се загледувала по други... Па другарки ми бираше. Почина вујко ми (во друг град) и јас тргната натаму тој цел "запален" ми се јавува сум лажела колку да заминам таму ,сум имала друг ме чекал(демек јас во сите градови по еден). Ама ко ќе сум се вратела ќе ми направел бебе за да не сум можела да му избегам Е после ова се свестив што се случува. Му кажав да се тргне од мене ,сменив број ,сите познаници заеднички ги одбегнував ,кај го сретнав си одев. Најде број ,пак сменив,пушташе писма ќе сечел вени. Пушташе луѓе да ми кажат дека ги исекол вените го спасиле. Не ми текнува што друго,само знам дека добри 3-4 години ми требаа да се спасам. АМА па ми беше поука за секој нареден ,после најмала лага,покажување љубомора,сила земање одма сечев со било кого колку и да сум го сакала.
Или ќе се правиме жртва. Кога ја знаеш само едната страна, не можиш да знаеш ако било, нивно си е тоа. Изледа битно било вниманието, како што кажа.
6. Врвот беше кога спомна дека мајка му му рекла да не ме кани дома на неговиот роденден (бидејќи баш се погоди во тој период), ако не сум му дала. Што да му дадам, бонбонче? А да, ако сме имале она ќе кажувала колку пати. @eliesaab сериозно ова ? Мислам да не ме сфатиш дека те правам лажга само сум шокиранааа Ќути ,и доста време чим ме видеше со некое машко гледаше да стапи во контакт за да му кажел дека сум била негова да не ме чепкал
Шемата се повторува кај сите насилници. Можеме да извлечеме неколку поенти од муабетов (ред флегс) - Опсесивно контролирање: Каде си? Со кого си? Достапна 24/7 да му бидеш. - Навреди. - Изјавата: “Никој нема да те сака како мене“ - Забрани за движење, однесување, облекување. - Закани со самоубиство и убиство. - Физички напад.
А најјакото е што во поголем дел се "мочковци" како тој ти што го опиша ,што при првата спротивставеност ќе избегаат. Не велам дека нема ни од тие што остваруваат од заканите, ама поголемиот дел - "мочковци" што само на карта психологија играат.
Ред флег препознав со еден дечко што искрено , ниту другар не ми беше , камо ли дечко . Познаник , учеше во клас со една другарка . Значи , милион профили направи да ме убеди дека му се допаѓам , во училиште секогаш правеше шеги на моја сметка , за онлајн да ми пишува колку му се допаѓам . Сфатив дека е плачипи*ка , што нема храброст отворено да ги искаже чувствата . Никогаш повторно не отворив порака од него , од ниту еден негов профил . На крај направи профил со женско име и презиме , што секако не го прифатив , јер никад чула за особа со тоа име , ни сум се запознала со таква девојка . Па пишување реферати во женско име , кога ми пукна филм му реков : - " Стефане знам дека си ти , де те молам , не се брукај повеќе и не тони се подлабоко , те прочитав ко букварче , седи си мирен " . После ова , ниту слушнав нешто за него , ниту го видов некаде . Друго црвено знаменце што го препознав и за среќа не го изигнорирав , беше кога еден од моите бивши почна да менува расположение бетер од жена во ПМС . На крај стигна работата да ми удри шлаканица во школскиот тоалет , пред повеќе луѓе ( мислам , луѓе , средношколци ) . Истиот момент му вратив и му реков : - " Очи да не ти видам веќе , зошто ќе ти ги ископам . Тука е крај " . За жал , после една година , се врати по одмазда . Повторно се обиде да ме удри , иако веќе година дена ниту се видов со него ниту се слушнав ( две години постар беше од мене , па веќе имаше завршено средно ) , но не го зел во предвид фактот дека имам дечко ( инаку јас имам сестра и немам опција повикај брат ) . Кога дечко ми дозна што се случило ( тој дечко ми е сопруг денес , живее во близина на овој бившиот ) го чекал на улица ( иако јас не побарав такво нешто , ниту му кажав за случката , од школска дознал ) и лошо го истепал , па и му се заканил да не ми се приближува веќе , бидејќи ќе добие уште повеќе ќотек . Бившиов и денес , после 8 ипол години од случувањата бега на другата страна од улицата кога ќе ме види . Не знам што ќе се случеше ако не испаднеше вака . Некои работи едноставно не одат со добро . Некаде мора да се употреби насилство , иако не го оправдувам тоа .
Само ако ти е животот загрозен во моментот. Друго оправдување нема за насилство. Да го начека и претепа отпосле, е еднакво на неговиот шамар... па и полошо... ако има физички повреди кои можат да се евидентираат. Тоа што го преживеав со бившиот ми беше најдобрата лекција во животот. Најбитното, многу лесно можев да проценам каков е некој, уште пред воопшто да ескалира во нешто вознемирувачко. Другото што го научив беше да пријавувам криминал. Без разлика дали мене ми се случува, или на друг. Не верувам во одмазда со 'тепање' и никогаш нема да ја оправдам, ни поддржам.
Болна посесивност, љубомора, па ќе ми се пушти за нешто што е проблем во неговата глава, сѐ ја крива кола да го удри јас ќе сум крива. И други некои кои ме вадеа од кожа. И на крај доби вистински црвен картон.Адиос ми треба некој нормален.
Ако не се лажам ама мислам дека е оваа членка, во друга тема кажа дека копилето ја силувало, па после кажала на дечкото и овој го претепал. Во овој случај и малце му направил. Ако не е таа членка и сум ја помешала јас се извинувам.
Само ќутек златна. Прво убав ќутек, рацете да му ги искршат што те пипнал.И после во Идризово.Таму знаеш колку ,,убаво” си поминуваат таквите? Таму уште толку малтретажа.
Херми, најверојатно дошло до грешка во цитирање, ама не ми се случи ова мене, туку на членката која ја советував.
А што имаш превземено за да плати за физичката и психичката болка што ти ја нанел? Колку платил? Red flags во моите поранешни врски биле: - контакт со бившата откако се раскинати бидејќи две години биле во врска и не можеле туку така да прекинат контакт. И јас тогаш бев кул со тоа демек ок, нема проблем. После кратко време си се врати со бившата. - Друг дечко, пушеше трава и јас исто бев океј со тоа и напна дека ќе се откажел од травата за мене. И јас му реков нема потреба, не ми смета ама тој упорен ќе се откажам па ќе се откажам. Викам супер тогаш за тебе. Следниот дејт доаѓа надуван не знае кај се наоѓа. Која му беше поентава?! Еве од мене некои кратки нималку толку сериозни како некои што ги прочитав погоре.
Браво за тебе како си издржала, за такво ѓубре само бесилка, и ќотек е малце за таквите. Мора да плати за тоа што ти нанел доживотна болка, не дај боже на никој да му се деси.