Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое е најголемото црвено знаменце што сте го игнорирале во една врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Sejfullai, 28 декември 2020.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Леле што се не има значи во врските. Овие примери што ги наведовте не се за трпење. Како тоа им одговара да легнат со некоја, ама ќе се убиел сирот ако имал дете со неа? Бре, бре, јаките мажи. Какви катастрофи. За скржавци пак имам доста примери од другарки, си имале работа со екстремно скржави, па да не сака облека да си купи дури. Не ме удрил досега никој. Ми пречи и повишување на тон, не па удирање. Почне ли така, нема ништо од таа врска.
     
    На Nina00, mode-kristina, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Апсолутно сум против смртна казна.
    Децидно.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    за такви малку е било каква казна
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не е наше да одлучуваме кој смее да живее, а кој не.
     
    На poppie, 1209 и hermosa им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    ти си голем човек но таквите може да посегнат по друга инаку така е но јас најмалку би помислила да го отепам или да се самоубијам или очи да не му видам
     
    На samovila.red., buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Охх, ох, ох.
    Колку црвени знаменца имаше во првата ми врска..
    А јас детиште, млада и неискусна. Розеви очила носев. :headbang:
    Не ми даваше да идам по најблиски гости (браќа, сестри на моите).
    Не ми даваше да имам друштво (биле љубоморни, немало денес другарки, со некои до ден денес немам муабет).
    Не ми даваше да носам тесно.
    Се понашаше идиотски.
    Ме оставаше неколку дена без комуникација.
    Играше топло-ладно со мене.
    Наоѓаше причина за кавга, и тука го користеше моментот да вреѓа.
    Манипулираше со мене.
    И после целото тоа "психичко" малтретирање, дојде моментот кога дојдовме до физички.
    Тука веќе следеше крајот.
     
    На natasaah15, Divinebutterfly, hermosa и 16 други им се допаѓа ова.
  7. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Читам и ваква на крај.. :wasntme::o(facepalm) Девојката има некое ментално нарушување или растројство гарант. Ова не е нормално ниту природно вака човек да се однесува. Со вакви да комуницираш одредено време ќе се мрднеш со памет. Тврда ти душа што викаат. Знам скоро иста ваква ситуација со еден пар само улогите обратно. Се самоуби дечкото. Можам само да замислам како и со кои мисли живее девојката сега. Затоа на дистанца од вакви, не е шала ниту заебанција, може до сериозни проблеми да дојде.
     
    На hermosa, buba4e89, SURF и 4 други им се допаѓа ова.
  8. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.594
    Пол:
    Женски
    Не ги игнорирав, причина беа зошто престана врската/разговарањето:
    - Бараше слики од моето тело, од прв разговор. Му реков не и ми викаше уште пред огледало да одам да се сликнам. Го отерав во три лепи и го блокнав.
    - Рече дека сака да се омажи за мене, исто така од прв разговор... го блокнав не ни продолжив.
    -Кога ќе почне разговор со "ее", ни здраво ни бутур. Кретен е 99.9% или се праи дека е.
    - Пола врска зима совети од другари. Значи сега да се искараме за банално нешто, ќе трчаше кај другарите. Јас со тебе сум во врска или со твоите другари?
     
    На Angie1432, poppie, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Најголемото црвено знаменце е кога љубовта преминува во насилство и посесивност.
     
    На Tinaaa, Maaaaaaaaar1, KateKane и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Bev premnogu zaslepena vo eden decko, pa taka dozvoliv poveke crveni znamenca.
    Prvoto bese koga mi gi pobara site lozinki od site socijalni mrezi.
    Potoa mi rece ne smees da se druzis so mojot drugar bez nikakvo objasnuvanje. Iako toj se druzese so istiot.
    Potoa mi barase objasnuvanje kade ke izlezam, so kogo, i sto ke oblecam.
    Potoa pocna so toa deka moram da go prasam pred da izlezam.
    Ako ne krenev na telefon vednas, sledese histerija i deka nesto matkam.
    Me manipulirase i izmacuvase psihicki deka jas sum vinovna za sekoj problem, kako rezultat na toa se ponasase pasivno agresivno. Ne zboruvase i me ignorirase.
    Me lazese deka e zavrsen so negovata bivsa a jas slepo mu veruvav. Duri ne bevme ni vo oficajlna vrska.
    Na kraj bez pricina me ignorirase, bez pricina iscezna od mojot zivot, nikogas ne sakase da snosi odgovornost za postapkite. Potoa proba pak da se vrati no za mene bese kraj.
    Vaka da go zapoznaete nisto od ova nikoj nikogas ne bi go rekol ova. Ostavase vpecatok na dobar grizliv, vreden, odgovoren i razbran decko.
    Manipulator, i se ova traese 2ipol meseci, no premnogu nauciv.
     
    На spacegirl92, Divinebutterfly, sunshinebabe и 15 други им се допаѓа ова.
  11. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Имав надеж дека сите тие моменти и се жута минута или последица од пмс или некоја рандом нервоза па јас сум се нашол моментален вентил. Кога зачестија ваквите работи и кога решив да не преќутувам туку да барам објаснување за да видам што е работата девојката стануваше уште по таинствена.
    Долго издржив бидеќи како пто наведов девојката кога не беше во овие фази заеше мн добар муабет да направи што секое машко би го освоило па најверојатно тоа ми даваше потајно некакава надеж дека ќе биде подобро, но ете како завршивме.
     
    На edna_malecka и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    :^)
    Ми ги насолзи очите.
     
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.397
    Пол:
    Женски
    Јас да си кажам за моите неуспешни врски, да го дополнам постот.
    Трагикомедија.:D

    Првиов дечко, јас заљубена и наивна, их, совршена прилика за манипулатор како него.
    Врска на далечина, доаѓав, доаѓаше, што да зборам, дали ме сакал, не знам да кажам.
    По некои постапки ми го покажуваше тоа.
    Ако нешто бев тажна или изнервирана (паметам тогаш студирав) тој ќе збореше и често ми велеше - Седи овде, карај се ако треба со мене, ама често отстапував.
    Беше келнер, па често кога беше на работа го немаше да ми се јави, си мислев дека е бизи а у, кога ќе се вратеше од работа сакав да го слушнам, и често мобилниот му беше исклучен.
    Тоа почнуваше да ме иритира и еден ден го седнав да го прашам дали има проблем, да го средиме, да му помогнам, да најдеме решение, тој не пак не, нема врска.
    Се породи сестра му, отидов кај него на мекици, мегутоа сестра му се разболе веднаш по пораѓајот па понудив помош.
    Тогаш испливаа неговите лаги.
    Имал паралелна врска со мене и едно девојче, неговите ми велеа дека не ме сакаат таму затоа што сум од провинција, а тој ќутеше и не ме бранеше.
    Ставив крај иако многу пати сакаше да ме малтретира и физички, успеа само психички со - курво, гнидо, не знам уште кои зборови.
    После откако ја сфати грешката со мене, ме молеше неколку години, на крајот се ожени.

    Втора врска, дечко за кој што имав високо мислење, за кој поместував ридишта и планини.
    Бевме на сезонска работа во Дојчланд, една ноќ качив температура и иако знаеше за тоа тој излезе со неговите колеги.
    Не му бранев, му порачав ако може да најде некое апче од тетка му која живееше близу до нам, ама се врати пијан и ме навредуваше, ми откорна и парче од косата.
    По враќањето од Дојчланд ставив веднаш крај, испадна дека бил манипулиран од девојка која имаше навика да се меша во секоја врска на нејзини другари а луѓето ја слушаа како да беше некоја ептен битна вип личност.

    Трета врска - Повторно врска на далечина, спомнав во првиот пост на темата за него ама да го освежам сеќавањето, прв интимно, се се случи толку изненадно со моето губење на невиност, знам дека не бев подготвена, беше премногу рано затоа што бевме 2 месеци заедно, додека бев кај него полека проба да влезе во мене без моја дозвола, се сеќавам само дека имав солзи на лицето.
    Не сакав да се карам и да го ставам во незгодна ситуација пред неговите а и татко ми беше во неговиот крај па не сакав драма но сакав мирно да го решиме проблемот и секој по свој пат, и следниот ден изненадно дојде кај мене со извинувања не знам што.
    По некој ден почнаа црвените знамиња пак, лутење, мрчење, кавги со татко му пред мене и навредување како јас и татко му сме биле глупи со мислењето за одредена работа, исмевање за килажата, запоставувањето и на крајот како јаготка на шлагот дешавката со - ти да не сакаш бебе па ми праќаш слики? физичкото насилство и сл.
    Тоа беше врв и ставив крај иако беше само уште една од причините.

    За останатите мои обиди за врска не би да коментирам.
     
    На spacegirl92, sunshinebabe, mode-kristina и 8 други им се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Јас имав оток по неговиот шамар , а исто после една година ме начека и силно ме повлече за раката , по што имав модринка со денови . Не сакав да го пријавам , затоа што не сакав повеќе скандали ( во тој период често бев во центарот на вниманието , и искрено ми беше смачено од се ) . Типот ми се закануваше неколку пати пред тоа . Затоа и донекаде ја оправдувам физичката пресметка . Вториот пат кога се обиде да ме удри , некако успеав да го спречам и да поминам со модринка на раката , но не знам што ќе се случеше ако не успеев . После добиениот ќотек и предупредување од дечкото , зборувал на школска дека бил испровоциран лично од мене да го стори тоа , иако јас немав никаков контакт со него една година , се до денпт кога дојде во училиштето .

    @Snowflake97 , да ми се има случено бивш да проба да ме силува , но тој само со предупредување помина . Овој е друг што ми удри шамар . Со овој што проба да ме силува веќе имав раскинато кога се случи тоа , за разлика од овој другиот . Со овој раскинав откако ми удри шамар .

    Не оправдувам ќотек , ама некои луѓе го заслужуваат . Овој што ми удри шамар беше веќе предупреден пред повторно да ме нападне физички . И си го доби . Затоа денес бега 1 километар од мене кога ќе ме види .

    П . С . Со дечкото што се обиде да ме силува , врската ни беше ок , ниту едно црвено знаменце немаше речиси 1 година , се додека не почна да излегува со мене и уште едно девојче истовремено . Затоа не го ставив во првиот пост , бидејќи навистина беше предобар со мене додека траеше врската . Оние месец - два на крајот , кога си излегуваше со две , ќе речам дека немал храброст , а можеби и не бил сигурен дека таа девојка ќе биде во врска со него , па сум му била златна резерва .
     
    Последна измена: 2 јануари 2021
    На Snowflake97 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Како што читам овде тоа е страшно колку накотени психопати постојат ...

    Моето црвено знаме беше целата моја врска.
    Ама ете и јас како многу тука заљубена до уши го гледав како бог ,премногу го сакав мислам дека никад нема да сакам така безрезервно.

    Толку многу почна да ме гуши со љубомора, како јас го изневерувам како јас му правам работи зад грб, па како јас флертувам со други машки ,ги заведувам неговите другари ...
    Тоа луѓе беше ненормална психичка тортура па после несмеев да носам кратки пантолони, хеланки премногу сум се облекувала заводничко ме гледале машки ..
    Сомнеж одма ако не му кренам на мобилен, викање ,расправање ..
    Не ме пушташе дома да си одам коа ќе бевме излезени морав извештај да му поднесувам до детали за тоа што сум правела , зашто ме немало тогаш и тогаш 15минути.
    Ситуацијата ескалираше кога ме нападна физички (среќа што останав жива) и до негде тоа да не се случеше може немаше да се откачам од него.
    Премногу добар манипулатор кој плачеше ,рикаше ко магаре па ќе се самоубиваше за мене, како јас животот сум му го заебала и ред закани како ќе ми го уништи мојот животот ...
    Ме уништи во психичка смисла.
    Ама и после се кога заврши после толку години сум благодарна за искуствово зошто ми ги отвори очите и ме направи многу посилна личност.
     
    На Tinaaa, Divinebutterfly, sunshinebabe и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Леле лудило. Навистина се чудам од ова што читам. Јас ако намирисам дека некој има шанси да развие некои такви особини, бегам навреме. Еден кога сакав да му раскинам, ми рече дека подигнал кредит, за да купи автомобил, да доаѓа во мојот град, и да се гледаме почесто. Му реков продај сега колата и врати кредитот. Вели „ама не, ќе ми треба колата“. Каква емотивна уцена е ова? Колку е тоа сељачки. Зарем сум толку ретардирана да му поверувам во ова? Ако е тоа вистина, неспособен е значи да купи кола иако работи со години. Ма што е колата? Авион да не е? Прекинав. После ме молеше, дај уште еднаш да пробаме, аа не, никако. Ако почне на било кој начин да условува, да биде претерано љубоморен, да мсе скржави, баталете ги веднаш.
     
    На eliesaab, mode-kristina, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Исто. Исто.
    Се закануваше и закануваше со самоубиство, додека не почнав да не му реагирам па почна со убиство да се заканува.
    Ако му се скарав, ќе дојдеше пред куќа, ќе плачеше, ќе викаше, ќе цикаше, ќе припаѓаше.
    Немавме тогаш мобилни... фиксен... ова 96-99год. По милион пати ќе звони, дење-ноќе! Без разлика кој му дигнал слушалка, дали јас, дали мајка ми, дали татко ми, упорно со сите квичи, моли, не прекинва да ме бара... Со саати... десетици повици, континуирано.

    Не знам оти бе моите не пријавија в полиција... Јас шупелка бев скроз, си признавам... мислев знаат тие како треба...

    Првиот пат кога ме удри, на 200 метра од нас имаше полицајци, вриштев на цел глас, оти после ударот, буквално ме фати за рака и ме влечеше по улица да сум одела со него. Преплашена бев. Полицајци гледаат, ништо не преземаат, другари и негови и мои гледаат, ништо не преземаат, случајни минувачи ништо не преземаат.

    Една вечер, кај него дома... прво ме исшамара, па се затвори во неговата соба со закана дека ќе се самоубие. Паничам јас, пиштам, леле да не си напрај нешто, страв ми е. 3 саат по полноќ ова се случва. Сите дома ги разбудив. Мајка му и татко му ич не ни се качија да видат шо е работата, брат му само кутриот (само тој беше нормален во цела фамилија), до мене, за рака.. ме теши.. не се секирај, не прај ништо.
    Ај едно време излезе од соба и јас ќефој, жив е!
    Ах ко не сум сега...

    И му текна, сега, вечерва, те земам за жена.
    Нозете ми се пресекоја.
    Ме слезе долу, неговите веќе будни, од шо пиштев, седнати сите в дневна и им кажва дека ќе сме се земале.
    Седам на тросед, да ме дупниш, крв нема да капни од мене. Татко му му подрече: Абе не мора ноќва, ќе ја мислат нејзините кај е, ако не си дојди - и го искористив моментот: Ај не денес, да одам дома, моите да им кажам, па утре ќе се земиме.
    Ветро да го земи, сосе паратали!
    И се кандиса, ме пушти да си одам, другиот ден, го смотав за по некој ден, па после за по некоја недела, по некој месец, па заборај ѓубрето.
    19години имав. 19...

    Толку беспомошно се осеќав... никој околу мене не ми поможи, не знаев дека можи поинаку, дека треба поинаку...
    Па баш тој период, пола од другарките што ми беа сите беа во слични, насилни врски.
    Ко најнормално на светот да е.

    Пазете, опулвајте очи и борете се сами. Верувајте во себе.
    На крај сама се изборив.
    Последната година и пол, толку го изретчив гледањето, дали еднаш на месец ќе се видевме.. само колку да му помини опсесијата со мене... И нормално, тој период ми беше втората депресивна епизода во животот. Имав изгубено воља за се'. Развив фобии еден куп... дури и агорафобија. Од врата не можев да излезам надвор...

    'Забавниот' дел... додека одев со него и силувањето се случи... од друга личност.

    И си мислам... како им е на жени кои се во брак со насилни партнери?
    Како им е на деца кои растат во услови на семејно насилство??

    Патат луѓе секојдневно...
    Пријавувајте ако посведочите нешто, аман!
     
    На mira.mira, BejbiBlu, blackpanter и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за сево ова што ти се случило на тебе , мене и сите други жени што се соочиле со вакво нешто.
    Премногу е тешко сево ова и многу добро ги разбирам сите што поминале низ слично.
    Сигурна сум дека после се сме доста многу појјаки и посилни во секој поглед зашто не е некое искуство што може да се заборави така лесно без да се има последици понатаму во животот.

    Затоа жени, девојкиии штом видите приметите такво љубоморно, опсесивно и психопатско настроено однесување ,бегајте нема љубов во такви врски.
    Ценете се себеси и не дозволувајте да ве гази никој!
    :hug:
     
    На Cosmic Girl, Divinebutterfly, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Најголемиот проблем со манипулаторите е што на почетокот се е така суптилно направено и кажано што не ни приметуваш дека има некаков проблем.

    На почетокот на врската беше идеален , ма ваков нема на планетава кај баш мене ми се посреќило да сум со него , мед од уста му течеше. Полека почна да ми брани со кого да се дружам , со кого да искачам бидејќи нели тој знае што е најдобро за мене , знае дека сите зад грб ми работат , следна забрана беше никаков контакт со машко на што личело тоа ? Па јас не сум курва па со машки да се се поздравувам ! Или да имам било каков контакт со нив.

    Од забрани преминавме до степен јас него да му барам дозвола дали можам со братми да излезам , или до продавница да одам , ако рече не нема одење , во спротивно лошо ќе биде.Да не кренам на телефон ? Лошо се пишуваше на мене.Во овој циклус имаше уцени од типот или ќе биде вака/така или ќе раскинеме , прост пример излезени некаде тој си замина накај дома се враќа по 10 мин јас уште сум седела ми раскинува на лице место , на што личело тоа мое понашање ?! Како тоа јас да седам , тој дома да си оди ? Па молење да се смириме , па ветување дека нема пак да направам така.

    Следна фаза лозинки на сите можни профили , пишување по луѓе во мое име , да дознае се што го интересира , колку време сме се знаеле , колку сме биле блиски , колку редовно комуницираме и сл. Тотална контрола над се . Најлошо беше што беше пијаница , па кога ќе се напиеше го влечев и по улици го прибирав дома... хорор ! Или ќе ме оставеше во ниедно време од ноќта да се враќам сама по улици , без пари за автобус или такси. Односи имавме кога и да посака тој безразлика дали јас сакам или не.

    Знаеше да ми се насади дома со денови да неможам да го избркам ... ми беше страв да се отворам на некого , страв да кажам што и како ми се случува ... страв да му кажам не на него. Другарките гледаа што се случува и ниедна не проба да ме тргне од него , со изговор не сакале да се мешаат , не било нивна работа тоа ние сме биле пар да сме си решеле меѓусебе.

    Врвот го достигна еден ден кога на паркинг се каравме за нешто сосема небитно ме фати за глава и ме мавна од ѕид со цела сила ... незнам како собрав храброст станав и му го треснав најакиот бокс во живот што сум го треснала , целиот мој гнев беше собран во тој удар, и избегав дома . Кога влегов и ја видов мајками во тој момент се скршив и плачејќи се и кажав , се што ми направи , како ме малтретираше и се иживуваше на мене секој дел од денот.

    Последната фаза беше откако си ги собра стварите не прекинуваше да врти по телефон , батеријата ми ја празнеше од вртење , без престан само што автоматски ќе му се исклучеше телефонот тој почнуваше пак да врти . Кога виде дека не му успева на тој начин почна да ме следи , кај и да одам . Врв му беше кога во парк ми излезе од грмушка да ме убедува дека ние мораме да се смириме , бидејќи тој ми бил прв и никој немало да ме сака зошто сум била скината и истрошена роба (четрстурско муабет) , ова траеше долг период и на крај си доби пријава во полиција и се прибра, на улица почна да бега од мене .

    Целава ситуација траеше година дена , прв дечко за мене без никакво искуство си викав ај може така и треба . Затоа пред некоја година еден мочко што ни месец дена не се гледавме ми рече мене ми смета со тој и тој да комуницираш и има да правиш ко што ќе ти кажам ја доби клоцата во г* експресно истиот момент.

    Години покасно како трауматично искуство и незнам колку време борба со депресија и PTSD си стои и сум ептен претпазлива иако имам дечко што ме чува како капка , јас се сменив комплетно како личност , станав позатворена , пазам со кого се дружам , ептен тешко ширам познанства со луѓе , и не се опуштам за ништо ниту за никого.

    Стоката сега има семејство и си живее најнормално.



    Не не те сака , не нема да се смени , не не му е грижа за тебе да се понаша така , и не насилството не е љубов.
     
    Последна измена: 3 јануари 2021
    На samovila.red., Tinaaa, Cosmic Girl и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Поддршка за сите девојчиња, жени коишто се соочуваат со ваков тежок и голем проблем.
    Браво за храброста.
    ХЕРОИНИ :f:
     
    На Cosmic Girl, BejbiBlu, sunshinebabe и 8 други им се допаѓа ова.