Зато во никој не можиш да имаш слепа доверба. Секогаш биди претпазлив. Не се залетувај со мислата неее нема шанси мене тоа да ми се случи, не е тој таков тип. И јас би те советувала да не се плашиш од врски, само прочитај тоа што го напишав претходно
Две страни поназад прочитав нешто. Манипулацијата не се ни приметува на почеток, и вистина е. Идеално е толку многу дури да се запраша човек, дали на мене ми се случува ова. Мене на сам почеток на врската ми се случи да ми прави дечкото филм со самоубиство. Се скаравме за нешто и само му кажав, реши си го проблемот па ќе збориме. Уште кога бев на работа ми кажуваше како не сака да живее без мене, дека животот негов нема смисла. И имав нешто што ми велеше од внатре оди дома. Отидов и што да видам, 2 празни шишиња од вино на маса, некоја тажна музика, и 2 листа А4 формат порака од него,а него го нема. Не можев од сиот тој шок да прочитам,ден денес не ми текнува што пишуваше. Отишол да скокне од некаде. Знаев дека е за манипулација, уцена, и не знам што друго. Дојде, жив нели, и не знаев што ме снајде. Од срам, година дена на никој не кажав. После ова најголемо и најцрвено знаме, имаше уште многу црвени знамиња.
Се надевам дека си искочила со жива глава од таа врска. А со дечково живееше или он дојде во твојот дом и направи сцена?
Заедно живеевме. Не можам да опишам како ми беше кога дојдов дома и видов се тоа. Па дури сакаше и од тераса да скока, заклучив се и чекав да заспие. Во секоја врска има проблеми, нормални нели,ама оваа ме поремети психички. Девојки секое црвено знаменце, било што и да е, ако ви предизвикува немир, размислете зошто. Во 99% има причина.
Ова. Ех да можев да го кажам на себеси пред неколку години. Има многу црвени знаменца преку кои поминав, и за тоа секогаш ќе си го мразам карактерот. Прво, кога мислеше дека за се е право, провоцирање и навреди од негова страна па кривење дека ја сум виновна затоа што реагирав. Второ, кога зборуваат најдобро за себе, како дека се тие перфектни, се претставуваат ко Бог. Кога моите другари и семејство не чинат но све што беше негово е свето и безгрешно. Изразувањето на контрола од било кој степен е едно од НАЈГОЛЕМИТЕ црвени знамиња. Лутење кога и да искочев со другарки. Константно укажување на мои грешки, но плачки и лутења ако му укажеш на неговите. Арогантност, повишување на тон, пасив-агресив однесување и еден тон други, се нервирам само шо ги пишувам тука. Е ова се работи преку кои сега претркувам, нема шанси да имам човечки однос со личност која поседува било кои од наведените карактеристики. Одје*ете ги и терајте ги у курац.
Се сложувам со се. Кога некој ви симнува ѕвезди, ви ветува се на овој свет, и ви се чини предобро да е вистинито, тоа е така затоа што најверојатно и е full of bullshit. Секој има маани, јас за моите можам 3 дена да зборам. Никогаш немојте ради партнер да си ги ставате вашите приоритети, соништа, планови и цели во животот на страна или на стенд бај. Ако знаете што сакате, држете се за тоа, ако имате партнер кој е во се тоа до вас, супер.
1. Неверство 2. Лажење 3. Криење/прекривање на вистина Преку првите две дефинитивно не се проаѓа, третото ајде, ако е оправдано
1. Премногу сликање на instagram, а и се пуштаат машки ама тоа е небитно. 2. "Има другари, со бифшиот нема ништо ама ја замара" 3. Другарките и се сингл и 80% од сликите се разголени. Bruh never again
Nishto neam ignorirano, ne sum takva lichnost shto preminuva preku rabotite. Koga neshto ne mi chini, ajt so zdravje.
Епа значи не е среќна како што има врска. Си видела story на женско и машко? Нека изваде цицки женско, public профил ти гарантирам ке има по 30 лајкови на стори и барем 10 пораки. А за жал од мое искуство девојчиња во врска флертуваат со други машки.
Ти си ги измешал сите брзини бе другар. Како некоја се облака нема врска со тоа дали има дечко. Тешко ти е да се соочиш со фактот дека едноставно постојат секси женски кои не можеш да ги имаш, а доколку имаш, ќе ти е криво дека добива внимание од други мажи. Поработи на самодовербата.