Да самодовербата бе ооо другар Немој после мјау мјау кога машки ве блокираат, и помеѓу другари делат исти женски. До сега сите што сум ги фатил да вараат друг со мене е истото. Selfies, повеќето од сликите разголени, флертува со други машки. Адиос
Никоја не кенка толку дека некој ја блокнал, колку што ти кенкаш ако некоја се слика како сака. А тоа што вараат друг со тебе е проблем кој сам треба да си го решиш, никој друг не ти е крив.
Можи ти си 'искусен', можеби и 1000 сексуални партнерки си имал, ама тоа не го менува фактот дека сакаш покрај тебе жена која ќе ја поседуваш Односно, не сакаш партнер, сакаш слуга.
И да ти раѓа. Не, озбилно претеруваш за повеќено нешта што си ги пишал. Ама имаш време ќе научиш и сфатиш, убаво ти пишаа погоре на што да поработиш.
1. Неверство. Го игнорирав иако се сомневав. Го натерав да ми каже и признае се, па ми се отвори и ме убеди дека никогаш нема да му се повтори. Во следна прилика направи пак исто и доби корпа. Сега кога размислувам за ова од оваа временска дистанца криво ми е што му дадов следна шанса, ама ете сакав да верувам дека ќе го одржи дадениот збор.
Многу ти е тежок животот штом црвено знаме ти се слики на инстаграм. За жени најчести црвени знамиња се насилство и посесивност, за тебе црвено знаме е разголена слика. Напатена душа си стварно. Те молам не се чуди кога ни едно женско нема да сака да има ништо сериозно со тебе.
Имав еден што немаше никаква социјализација и ме тераше само дома кај него да седиме. Го игнорирав тоа црвено знаменце и кмишев дома кај него. Додeка сфатив дека животот ми оди надоле наместо да се дружам, да излегувам поминаа неколку години, ама се за памет. Дете бев, опростено ми е што сум дозволувала да ме манипулира.
Ако некоја на самиот старт ти рече не е сигурна во своите чувства. Знај дека таа 99% че те повреди. xD
Па шо чувства на почеток? Баш искрено од старт ти кажва сега кај е. Нејсе, идев друго да пишам ама тука ми избега вниманието. Премногу ме бара/ ми пиши/ ме гуши, ова, зависен да е од мене. Ме гуши, ми здосадва. Ни мене, ни себе прај услуга со ова. Свесно го игнорирав последниот пат. Знам дека ќе утнам пак некогаш оти ко ќе запознам некој сум опсесивна недела дена и после се стабилизирам. И ваков однос ми здосадва одма. Долгорочно не можам да трпам. И црвено знаме ми е зошто најчесто имам проблеми со преќин и притисок за поќе и побрзо од шо сакам и сум спремна. Како звучи "невино" ко је ме бара ама бордерлајн сталкинг честопати преминвало, чак и бордерлајн насилно. Велам бордерлајн оти ладен туш сум јас и бегам па не преминало во поќе иако имало потенцијал. Зависност имам игнорирано и манипулација околу то, а и генерално ко ќе се навратам. Мислам дека ко преќинав да го игнорирам ова почна да "пука" тиквата.
Ве молам за ваше мислење. Изгледа не сетив на време, но во последно време повеќе размислувам и во глава вртам муабети со партнерот, и сфаќам дека почна полека но сигурно да ги истакнува моите маани, ајде на почеток беше "леле многу ти паѓа косата" и во ред го сфатив како грижа од негова страна, ми помогна да почнам со третмани и така натаму а и секако период беше, не беше страшно. Но од тогаш почнаа и други работи во смисла имаш големи подочници и слични недостатоци кои сум свесна дека ги имам, но што се вели тоа се работи од раѓање, и не може да се одстранат... Понатаму кога одиме некаде стално ќе ми искоментира дека не му се допаѓало дали чизмите, дали блузата (не е случај дека ми префрла дека сум разголена, напротив преферира кратки фустани такви работи а од друга страна јас ретко ги носам). Дали едноставно повеќе не е заљубен како на почеток или што мислите дека е проблемот? Дали се ова red flags, дали некој се соочил со ваква ситуација?
Ако ти предизвикува да се чувствуваш непријатно со ваквите забелешки и однесување, може да биде red flag. Јас лично не сум искусила слична ситуација, но мислам дека не би толерирала. Се си мислам дека колку подолго ќе премолчуваш, се повеќе ќе си дозволува. Треба да се разговара.
Ти благодарам на одговорот. Ќе се разговара и тоа како, јас тукушто се свестив и почнувам да чувствувам дека нешто не е во ред. Во ред е да ги искажува тие работи ако така мисли, секако дека сакам да знам што мисли за мене, но поентата е тогаш што воопшто му се допаѓа кај мене кога само ми изнаоѓа маани, а не се знаеме од вчера? Нели љубовта е прифаќање на маните, не по секоја цена ама јас не можам да го "отсакам" некој затоа што има, карикирам, крив нос ако го имал и кога сум го запознала?