Не знам колку време сте заедно, но ова може да биде тактика да те направи помалку сигурна во себе, да те “смали”, со цел он да доминира над тебе. Или може едноставно е таков, критичар. Сте разговарале дека ти пречи?
Не знам зошто би имал потреба да доминира, јас воопшто во ниту една ситуација не сум доминантна, таков ми е карактерот, не сакам да сум "центар пажња", нормално се облекувам и однесувам.. Значи во никој случај не му фрлам сенка, во друштво тој си е слободен опуштен зборлив, не гледам како му пречам. Инаку скоро 2 години заедно. Па еднаш знам му кажав нешто, ми одговори ти не знаеш да прифатиш критика. Меѓутоа не се работи за конструктивна критика, тоа е дел од изгледот што не може да се промени. Дали мислите дека социјалните мрежи си го прават своето сакале ние или не, мажите се визуелни суштества и очигледно несвесни дека и тоа што го гледаат онлајн не е така 24 сати, дека е илузија? Или јас почнувам да тонам од што ме повредува ваквиот однос. Не дека претходно не ми беше срушена самодовербата поради еден бивши а сегашниот тоа го знае добро...
Vakvi mani cim ti naogja-ne mu se dopagjas dovolno. Normalno deka zivotot ne e instagram, ne znam vo koj svet e deckoto ama...otkaci go zasluzvas nekoj sto nema da mu smeta nisto tvoe i ke te prifati kakva sto si.
Не те сака веќе и го нервираш, а поради што и како не знам. Ама и не треба да ти е грижа, ако нештово те боли, помил ваљда ти е твојот живот наместо неговиот и прекини врска ако ова веќе продолжува вака и гледаш само повеќе и повеќе...
И мене повеќе ми изгледа како манипулативна техника за полека, но сигурно да те направи несигурна и тоа вешто го прави ако му е намерата. Не затоа што му сметаш, туку е тактика да превземе контрола врз тебе. Токму така оди тоа... те повредува, ти вели дека преовеличуваш, си ја префрлаш вината кон себе и во циклус додека не стигнеш до 0 самодоверба. Како и да е, ако самите навреди не се доволен red flag и дури и ако немал лоша намера, тоа што не те разбрал и не те сослушал убаво е црвено знаме. Тој како партнер треба да ти се извини и да го промени однесувањето. Зошто е упорен да ти дава критики? Зошто треба да знаеш да прифаќаш „критики“ за подочњаци? Зар не е поубаво он да прекине со критиките и да му е криво што те повредува?
Колекција од знамиња кажано од искуство: -Телефонот му е секогаш поклопен надолу со екранот -Постојано намерно те прави несигурна и љубоморна -Има мноогу "другарки" -Секојдневно ги споменува СИТЕ со кои бил во врска или се гледал. -Зјапа манијакално дури и во баби. -Ненадејно звони на камера или ти проверува телефон, но ти никако не смееш неговиот -На секои 20 минути зборува со мајка му на телефон. -Зборува лошо за буквално секој (Дури и за сопствените родители) -Нема проблем со тоа ти постојано да плаќаш при излегувања -Муабети од типот "Се знае жена за што е, за во кујна", "Јас ништо не знам да си направам, мама се ми прави" -Се дере кога се расправа -Бара исклучиво богата девојка -Ги искористува сите -Триангулација (Намерно создава ситуација за да се почувствуваш како да си во натпревар со колешка, сестра, бивша) -Брза да те запознае со домашните уште на почеток -Финансиски неодговорен -Себичен -Само тој има вистински проблеми -Не бира за секс, би можел и со дрво да легне -Историја на насилство во претходни врски -Секоја бивша била кучка, а тој исправен -Те прави луда кога се соочуваш со него -Ги минимизира твоите успеси -Ти завидува на сe (Им завидува на сите) -Проектира се што прави -Се прави глуп и дека не разбира -Лошо му е кога ти си среќна и радосна -Топло ладен однос И така, отварајте очи на време девојки, ситниците и моменти што покажуваат дека something is off не ги занемарувајте. Најчесто како од прва ви се причинило, така е.
Да надополнам уште неколку "Run girl run" знамиња: -Го коментира твоето тело на начин да ти создаде комплекси (Пр. Имаш мали гради, криви нозе, сакам поголем задник, баш и не сакам плава коса итн). -Dangling carrot (Постојано ја поместува целта. Пример, ти вели сака да те види во секси облека, а кога ќе се облечеш посекси, те прави да се чувствуваш лошо). -Себичен во интимен однос -Менталитет на жртва -Те испрашува за минатото за да утре тоа го користи против тебе -Го расипува секој важен датум за тебе (Пр, на твојот роденден прави се освен да се чувствуваш убаво) -Не го исполнува обичниот минимум (Да те испрати, да те пречека, да бидеш сигурна со него) -Overlapping врски (Не знае и не може да биде без партнерка ни 1 ден). -Имаш чувство дека секогаш гледаш однадвор во неговиот свет т.е те изоставува од секој покрупен план. Зборот ми е во ниту еден момет не дозволувајте заради некој да не се сакате себеси. Нормален човек никогаш нема да ве одвлече на дното.
Црвени знаменца кои една година ги игнорирав: - едно на мајка, разгалено синче - себичен - кога ќе излезе некој проблем наместо да разговара, да го решите, него го снемува неколку дена. Не враќа на пораки и не крева на телефон - се плаши од успешни жени, не сака да напредуваш во кариерата - сите негови бивши биле психи и тие се криви дека раскинале, а тој бил совршен - кога ќе пробаш да разговараш за твоите чувства веднаш те напаѓа, не сака да те сослуша и да ти помогне и твоите чувства за него се "глупости" - муабети од типот "се знае на жена кај и е местото". Жената требало да работи нешто така само колку да не седи дома, но не смее никогаш да биде на повисока функција зошто тогаш ќе ги запоставела домот и децата. Повисоките функции биле за мажите.
Ова го расипува секој важен датум за тебе, лани за мојот роденден го викнав во кафана да го почастам, абе колку бев расположена човече. Ама господинот како што дојде одма почна да ми збори за неговите проблеми, плус ме расплака. Значи на мој роденден зборевме за неговите проблеми а не за мене и за убави работи, како без осет беше. Се осеќав како на кафе да сум седнала и да расправаме за проблемите на кого што му се дешава... Црвено знаменце е ова дефинитивно!
Откажување планови 5 до 12 Не сум му била приоритет Додавање секој ден нови девојки на социјални мрежи, лајкнување и пишување пораки на истите и лага дека не ме изневерил со една од нив (само бил другар со брат и, затоа излегле заедно со другарот и сестра му, после дознав ме изневерил и беше крајот). Младост лудост, сега веќе не толерирам такво непочитување.
- дисфункционално семејство; - длабока несигурност во себе; - фалбаџија (а за ништо не го бива); - лажење дека имал многу “бивши“, а кога ќе се потсетам не ни знаеше што/како треба; - најсмешното, си ги сталкаше “другарките“; - не успеа ни еден тригодишен факс да заврши, никаква мотивација за кариера/успех; - лажење, лажење и константа манипулација; - одбивање дека врската завршила.
Овие ваквите се најголеми кукавици. Кога ќе ги соочиш и речеш, јас не сакам вака, да раскинеме. Одма се обидува да те премисли, со солзење на очи и слични патетики. Реално, траумирани се од детство. Не добиле љубов од родител, изживување на партнер им е еднаквост на компензација. Што е можно подалеку од вакви.
Не дека не си во право, ама премногу си сурова, да не ги мразиш вака општо маживе поради некоја X причина? Ни те знам ни познавам ама стилов и начинот на пишување, многу напнато делуваш.
Не сум ја тагната ама искрено каков е дејтингот сега, со сите овие манипулативни техники, gaslighting, па те сакам за у врска па не те сакам. Па страв да не се биде сам/а, ама истовремено чување резервни опции.... можам до утре да зборувам за дисфункционални врски и емоции. И искрено треба доза суровост и претпазливост, пошо менталното здравје страда ако не ставиме граници до каде може да се оди.