Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое е најголемото црвено знаменце што сте го игнорирале во една врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Sejfullai, 28 декември 2020.

  1. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Јас па не му одговорив намерно, ми се чини дека сакаше да ме навлечи на негатива. Ако не му се допаѓа нека не ме чита. А ако ме цитира од досада и да си напрај муабет, не сум заинтересирана.

    А инаку супер размислуваш, повеќе од ова треба за да се поднамали предаторсково однесување. Оти се си мислам се претера со ред пилов.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SanjaSt

    SanjaSt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Дека "нема доволно време за мене".
    Не постои толку зафатен човек на планетава, прашање е дали сте приоритет:^)
     
    На Spicy Senorita, tessie, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
    Лично не ми се случило.Ама на другарка ми првиот дечко ова и го кажуваше секогаш за на крај да си најде друга и да и рече крај толку си најдов друга девојка.

    Млади сме има време за врска,треба се да пробаме во животов.
    Ми треба време имам многу работа неможам да сум ни во врска ни слободен.
    Ич немам време за врска.
    Неможам да се посветам на врската многу сум зафатен на факултет.
     
    На mira.mira, hermosa, cutesie_pie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    21.894
    Пол:
    Женски
    Преголемата љубов кон мајка му. Тоа е најголемото црвено знаме. Мислев дека чим толку ја сака и почитува мајка му и мене така ќе ме сака но не е така. Тоа значи дека во неговиот живот никоја друга нема да биде побитна од мајка му, примарно семејство секогаш она ќе му биде а тебе и децата кој ве ебе.
    Второто најголемо црвено знаме е тоа шо нема постојана работа. Тоа значи дека сака да се легачи и да чека од тебе.
     
    На MeowMeow, hermosa, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    * Love bombing - На почеток на врска паѓање во несвест, никад не се чувствувал така порано, посебна си, а те знае толку денови колку вредноста на Пи бројот. Веројатно потоа следат настани преку кои ќе инсистира некои динамики брзо да се изживеат или можеби ќе проба да изманипулира за одредена корист, многу имаат така жени зафркнато за да им позајмат пари што никад не се вратени на пример. Мене Венерата ми е во Лав, затоа нажалост, многупати ова црвено знаменце било игнорирано, ама фала Богу доволно сум била паметна да не бидам искористена .

    * Игнорирање - манипулативна стратегија. Особено ако е во комбинација со повторно појавување, да не речам топло ладно.

    * Gaslighting - Она кога иако очигледно он ја згрешил работата, го тера муабетот дека твоја вина е и те тера да се преиспитуваш психолошки.

    * На каков било начин се труди да се чувствуваш недоволно. Чиста манипулација оти сака да си му сигурна секогаш да мислиш дека не моеш да најдеш подобар од него. Ако во корист на другиот те споредува со која било, или ти укажува на некои стварно банални недостатоци во поглед на надворешен изглед.

    Сега сум доволно отрпната одма да пресечам оти по една навистина сериозна загуба, неврзана со некои петлиќи скоројевиќи, сфатив дека од мојата и благосостојбата на мајка ми нема побитни работи во мојот живот. А порано, кога не можев одма да се откачам, малку по малку се оддалечував, чекор по чекор навикнувајќи се на отсуството и сфаќајќи со секој збор колку не вреди.

    Најголемо зелено знаме што може да постои и секогаш ќе ве упати на права адреса е: баланс. Пружај колку што добиваш, никогаш од око, ни во тетратката со рецепти немам мерки од око веќе.
    И не заборавајте, вие сте најважни, другите, откако ќе докажат.
     
    На noteforself, Kumanovkaa, cutesie_pie и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Нема девојка/жена со која ќе разговараш на темава, да не ти го потврди истово. За мене the root cause е несигурност во себе. На сигурен човек не му требаат манипулации, искрено.
     
    На teressa и tessie им се допаѓа ова.