бројни се но ќе наведам едно интеренсно и според мене со своја доза романтика : знаеше дека голема желба ми е пирс на папоче и ми закажа пирсање за 16 тиот роденден тотално изненадување појма немав ...поклон кој дефинитивно најмногу ме усреќи
оо блазе си на вас со романтичните дечковци.. Мојот нема грам романтика во него (тоа и ми недостасува) иако ме сака највеке на свет
Не грижете се, и романтиката е фаза која од многу често преминува во се поретко...и на крај ја нема, поминува. Сепак, не е само во романтиката начинот на сакање. Постојат и други мали нешта и знаци на вниамние, кои воопшто не изгледаат романтични, но со нив се изјавува љубов. И може да радуваат многу повеќе од некое романтично изненадување веќе видено на некој романтичен филм...
И мојот исто Ете, зема плата и ми даде пари да сум си имала ете така... А колку поубаво ќе ми беше да ги потрошеше тие пари на нешто со што ќе ме изненадеше... Било што, онака... Немора да е нешто скапо ама да знам дека е од него и дека е со љубов купено. Доста би ми било... А ме сака најмногу на светот...
Ете!!! тоа му го викам цело време! Не дека не ме сака и слично,на милион начини покажува колку ме сака ама малку романтика не би го убило!! За роденден знаете што ми направи??? Поклон ми купи мајка му!!!!!!!!!!!! Ке го убиев!!!
хахаха Девојки а братучедка ми пак, исто и она е со еден неромантичен тип. Абе се отепа од мислење пред роденденот нејзин што ќе и подари или приреди како и да е. И овој земал и дал пари и и рекол на ти купи си шо сакаш
[/quote] хахаха Девојки а братучедка ми пак, исто и она е со еден неромантичен тип. Абе се отепа од мислење пред роденденот нејзин што ќе и подари или приреди како и да е. И овој земал и дал пари и и рекол на ти купи си шо сакаш [/quote] хахахаххахахахахахахахахахаахахха
Леле блазеси ви девојки ....Мојон ни Р нема од Романтика....ама ајде си го сакам јас онаков трупче! Ќе види тој што изненадување му спремам мхмхмхм............ Бели Денсинг ........ќе полуди хехехе
Мојот не е којзнае колку романтичен ама знае понекогаш да ме изненади.... -Го славев мојот 16 роденден дома и го викнав друштвото и му кажав и на него да дојде ( а тој е од друг град) и јас го чекам да дојде прв и му звонам накај 7 часот и му викам шо правиш и ми вика ништо еве лежам и му викам ок(мислев дека ме зафракава)...дојдоа другарите јас веке бев подфатена од алкохол и му звонам во 9 и 30 и му викам шо правиш и ми вика еве кај баба одам и јас почнав да чурам си викам вој не дојде ич не ме сака, и за 5 мин влева мајками и ми вика оди дојде некој и испагам од собава и го гледам него и веднаш му скокнав во преграткааа... .... -Ме буди од спање,срце стани бееее...(знае дека кога станувам сум малку нервозна) и му викам шо е бе и ми вика ај да пиеме кафе( знае дека кога сум дома мајками станува и вари кафе па ме буди да пиеме дека така ми е најслатко)..лелелелел луге се чуствував најсрекна на светтт..... Го сакамм многуу и не ми е битно колку е романтичен битно ми е да ме сака и да ме поштува,како и јас него
Уффф дечки ептен ви љубоморам на тие што имате дечковци-романтични душички.Мојот ич ама ич не е романтичен,за разлика од мене... Најубаво нешто што ми го приредил беше за годишнината,прво се сретнавме во просторија полна со свеќи...Тука се напивме по една чаша винце Потоа отидовме во ресторант и таму имаше романтична вечера со свеќи и заљубени погледи.Многу убаво беше таа вечер...
Значи јас сум една од среќните...не дека и овој мојов е нешто многу романтичен,ама знае понекогаш да изненади...Најубавото нешто што ми го приреди беше за мојот роденден т.е. неколку минути пред полноќ,седиме кај него,а јас си размислувам дали ке му текне,како ке ми го честита роденденот и милион работи ми поминуваат низ глава,а тој си гледа филм,скроз незаинтересиран...и неколку минути пред полноќ,ми се врти онака тажно и ми вика-треба да ти кажам нешто што може многу да те налути,немој да се вознемируваш,сега ке се вратам...и ми излезе од соба.Луѓе верувајте заборавив и дека ми е роденден и се,само седев таква укочена и чекав да се врати и да ми каже нешто лошо...кога тој се враќа во соба со најубавата торта што некогаш сум ја видела (имаше форма на срце,а одозгора имаше три големи црвени ружи и 22 свеќички)...беше преубаво...тоа беше најубавото нешто што некој го направил за мене...а инаку онака "ситници"-знае да ми се појави пред зграда во 2-3 навечер со цвеќе (го скинал од некоја грдина,се качувал по огради,па го бркале кучиња,битно ќе дојде со цвеќе ) или да ми приреди некое изненадување од типот на романтичен филм (иако знам дека му е одвратно ) или да ме усреќи со тоа што ке направи нешто што сум сакала да го направам,а со тоа ми покажува дека всушност ме слуша понекогаш и обрнува внимание на моето постојано брборење а најчудниот дел од се е што воопшто не е романтичен тип на човек, тој сам го вика тоа-дека сум ја разбудила романтичната страна во него,што незнаел дека постои
во тој период имавме мн кавги, врската ни беше во криза јас бев кај него и тој дојде со букет цвеќе (орхиеи) и ми рече извини за се што направив и јас почнав да плачам
Бевме скарани, можеби и раскинати, не ми текнува баш. Ми се јави дека ќе дојде во Ск, да се видиме. Отидов, разговаравме, дали да бидеме заедно или не, кога едно време ја крена блузата и на стомак се истетовирал-Те сакам. Се разбира тетоважата не беше трајна но, беше најубавото нешто што го направил за мене.
Не е кој знае колку по изненадувањата,но понекогаш знае да изненади.Ова беше скоро пред месец дена,бевме се скарале и тоа прилично.Отидовме да спиеме во различни соби,но тој порано се разбудил и дошол во мојата соба,кај нас е така кога сме скарани секој си има своја соба.Јас сум спиела,не сум го ни осетила а тој оставил до перницата чоколада и на неа напишал те сакам мала.Кога видов се изненадив пријатно иако уште бев лута.Подоцна се јави и ме праша дали сум ја изела чоколадата,а јас му велам така мислеш јас со една чоколада ќе заборавам дека сум ти лута.А тој ми вели јас ти ја оставив за да се заблажиш да не бидеш толку лута,потоа се најдовме и излегнавме.
Премногу е романтичен и на секој начин измислува нешто за да ме изненади убаво. На пр. за мојот роденден ми се јави точно во 12 и ми вика испадни надвор, прво ми беше страв а потоа испаднав и што ќе видам пред куќа оставено кесе со срценца а внатре вино,чоколада и преубава алка ,а од страна на кесата имаше закачено ливченце со негови бакнежи шо ги правел самиот со кармин (сеуште си го чувам) ,потоа за Св.Валентајн бидејќи не бевме во ист град ми прати по пошта бонбониера милка, баш се изненадив бидејќи не очекував ништо кога мајка ми ми вика ова е за тебе го донесе поштарот.јупииииии Знае да ме изненади и со мали нешта, како на пр.да ми го купи омиленото списание,кое едвај чекам да испадне .Срце е многу си го сакам
Мојот не е романтичен, поточно и двајцата не сме романтични! Ама еднашка дечко ми направи исклучок и ме подзамисли дали нависитна е толку неромантичен како што ми се има претставено или сепак романтиката си ја крие во душа! Ме повика кај него а тој меѓувремено подготвил вечера, вино и свеќи! Одам кај него, влегувам во соба и останав занемена! Знаеше дека не сум некој романтичен тип ама па на такво изненадување од негова страна не можев да останам воздржена! Таа вечер ни беше прекрасна, вечеравме, се поднапивме малце повеќе и водевме љубов! Од тогаш наваму не се сетил повторно да ме изненади, најверојатно мене ми е редот...само јас немам баш романтични идеи!
Уфф и јас незнам како да го изненадам мислам више 3 дена а планирам у петок да идам да го видам бидејќи не е од мојот град
Па оди во неговиот град, но не му кажувај! Тоа е веќе едно големо изненадување. Пред да стигнеш звони му, дознај каде е и оп.... SURPRISE