На почетокот од врската јас се правев малку важна,а нели сите ние сакаме и внимание.Си наогав се некое оправдување да не излезам.Се жалев често грбот ме боли.Една вечер одам кај него дома убаво поставена маса со вечера,вино ме гушка и ми дава поклон масажер,бев многу изненадена се радував,смеев како само се досетил за моето грпче некако и духовито ми беше.Сега во моментот го гледам и се смеам.Имаме многу заеднички изненадувања ама масажерот ми остави најсилен впечаток.
Моето сонцее секогаш знае да ми приреди некое слатко изненадување..Но за жал моментално не е со мене замина во Лондон..Контактираме само преку фб , мсн ,скајп и моб.. Имам огромна желба да му приредам некое изн. на тој начин што би му докажала колкуу многу си го сакам..Па девојки ако имате некаков кажете.Фала
Една вечер требаше да одиме кај другарка ми и тргнавме, но тој сврти со колата по друг пат и застана на едно место црни темници беше! ми рече: "не излегвај од кола дури не ти речам" и пошо малку лути бевме вечерта му викнав: "ако планираш да ме убиваш и тука да ме закопаш не излегвам!", се насмеа и ми рече излези....... кога излегов на патот имаше срце и нашите иницијали со нитроглицерин нацртани и гореа..... и никогаш во животот поубо не сум се осеќала
Мене ми нема приредено никакво изненадување.Воопшто не е романтичен,ама јас пак го сакам! Дури и за подароци кога ми купува дечко ми ме прашува мене што сакам да си одберам и ми купува. И така...а многу сакам романтичен дечко да ми приредува вечери со свеќи итн.ама тоа е судбина.
Ај и едно машко да искоментира на темава... А сте чуле вие девојката да не сака романтика? Зашто тоа мене ми се случи. Јас обожавам романтики. Што се не напраив за неа. И направив слагалица од 1000 делови, ја урамив и ја закачив кај неа у соба, после и направив специјален албум со слики само од мене и од неа преуредени во интересни пози, после и снимав цд со песни, за роденден само што помина 12 кај неа пред врата имаше роза, со машна и со мала порака.....Али она ништо од тоа не ценеше. А јас сето тоа успеав да го направам додека бев во странство...И кога девојката не го цени тоа на моменти ти доаѓа да речеш па у пм ....И на крај шо испадна? пред 2 месеци она сакаше да праиме PAUZA...Јас си доаѓам за нова година, нормално покрај се уште ја сакам, ама преку глава ми е!!!!! месец ипол не сме во никаков контакт.....така да не се жалете, има дечковци кои што ќе направат многу и тоа нема да и е ценето
еднаш кога бев многу изморена и не ми се славеше ни свети валентин ни ништо,тој направил свеќи рачно изработени од лим и свеќи замислете купувал,сечел,пустел,мајсторувал и во тоа му помагале неговите дома.собата беше цела со свеќи,ливчиња од рози,пуштени добри лав сонгс и за крај вечер спремена од него пилешко со помфрит ,со многу прибор на масата и задолжително по една мастика орбит(од тие долгите) до салфетата.се изнасмеав,а на моето место седеше голема мечка (поклон)и плус целиот беше така дотеран и среден а јас таква никаква,не планирав да славам само покло му дадов и целата се вкочанив после ова Spoiler а се знае падна најдобриот и најстраствен с**с таа вечер
lucky you Ние си подаруваме често мали поклончиња меченца, цвеќенца, срциња ако одам јас некаде па да не се видеме 2-3 дена секако ќе најдам нешто за него и тој за мене мали ситни работи но не прават среќни последниот пат срце за кршење си купивме, си го поделивме и одма си го стави на клучевите од колата мило ми е што не размислува како некои машки не се замара што ќе мислат другарите за тоа нели некои си викаат ее п*едер си Затоа многу си го сакам посебен е блиску до идеален дечко(кој не постои) лове ју мај свитхарт
Секогаш велеше дека 8ми Март е празник на жените и мајките, а не на девојките,па така ова година ме изненади ептен кога ми купи цвеќе за тој ден. Којзнае, може си планирал човекот да бидам годинава мајка и жена, па и му се оствари
Бев изнервирана и кенкава еден ден и реков дека сакам мало бисквитно колаче со мојата буква на него. Не знам ни од кај ми текна, едноставно го лупнав. После недела дена бевме кај него и ми вареше (машко) кафе, и од обично плочка бисквитче, со мака го исекол во облик на мојата прва буква од името и ми го донесе со кафето. Не е секако најубавото, ама е оригинално изненадување, се чудам како памти толку детали и ситници. А инаку си знае - цвеќиња, ружи, свеќи, срциња, мечиња (посебно такви плишани животинки) и врамени фотки и такви глупости кај мене не палат. Многу ги мразам, ако ми дојде некогаш со такво нешто, дефинитивно популарноста во моите очи ќе му опадне.
Извини вака ама да прашам некако ми се поклопија некои работи од вашите постови...Да не случајно имате некаква врска вие двајца со овој профил profil/mailie/?
Извини вака ама да прашам некако ми се поклопија некои работи од вашите постови...Да не случајно имате некаква врска вие двајца со овој профил profil/mailie/? [/quote] Девојкава има 24 години, не е таа Освен ако не лаже за годините, ситуацијата се поклопува 80%. Има опција да се бара корисник по име и презиме?
lele blazesi vi lele lele se zadusiv od solzi, nemozam veke da placam i onaka takov nekako mi e denot, ne za drugo site sosedi me gledaat kako placam, lele propadnav od sram site vrski mi bea KOLABS so anti romanticni tipovo, a jas bev romanticnata budala sto sekogas so koj sto bev, uspeavav da go iznenadam mislam deka naistina ljubovta ne e za mene, cel zivot trcam po nea, a taa bega od mene, a kako sto sum epten tezok emotivec, ova za mene e uzas, nemozam veke da izdrzam
срцекршачка ај те молам додека си разочарана не читај и не сваќај дека ако на другите им е добро,за тебе е најлошо нешто.се што е твое само е си дојде.не се секирај,не си баксуз само среќета ти е малку поназад ќе и дојде времето и на неа.
А бе се сакаме, но дали не е таков тип да приредува изненадувања, незнам зошто, но многу сакам изненадувања и романтични сцени.
уште еден член во друштвото на девојки кои што немаат изнененадувања од партнерите ...па јеби га сеа ако така гледаме ниту пак јас сум му приредила изненадувања до душа јас само негативни изненадувања му имав приредувано каде што стварно се изненадуваше хахаха ај со помин нека е
Па беше во странство за време на мојот роденден.Јас бев излезена со другарки.Си отидов дома онака намрштена дека помина 12 а не ми се јави. Во меѓувреме тој во договор со мајка ми ја наполнил мојата соба со гербери , не сакам рози, знае тој. И на креветот ми ставиле огромно мече со натпис..да имаш што да гушкаш дури си дојдам...