1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое е најубавото изненадување што ви го приредил саканиот?

Дискусија во 'Врски' започната од lavica23, 17 февруари 2010.

  1. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Вчера ни бепе годишнина, па така тој ми беше приредил изненадување ми ги врза очите и ме одведе до собата, таму на масата имаше свеки со нашите букви (? И ?) и торта на која пишуваше I LOVE YOU + Плишено мече на кое пишува те сакам и рамка со слика од нас двајцата... Срценце е си го сакам најмногу :inlove:
     
  2. cupidsarow

    cupidsarow Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    13
    нз дали нее романтичен или што е работата но не ми приредил ништо убаво..:/ а ме сака многу мсм машко да плаче за мене :D срце убаво коа ми рикна да плаче..ај да го јадам ...но..ништо можеби за валентајн ке добијам нешто ...ноо...тешка работа..:worried:
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.748
    Пол:
    Женски
    Не е таков тип на човек да приредува изненадувања. Повеќе јас сум по тие работи. Па така кога му беше роденден, отидов кај него, останав сама во неговата соба и го спремив моето изненадување за него. А тоа беше вака: имав напишано 20 убави љубовни пораки( 20 години полнеше) и врз секоја од пораките ставив црвена мала свеќичка. По шкафот и полиците во собата залепив убави ливчиња во боја на кои пишуваше Те сакам на повеќе јазици(и двајцата сме на Филолошки). На компјутерот пуштив љубовни песни кои ги снимив за него. На масичето го ставив подарокот и околу него ставив суви ливчиња од роза, две чаши црвено вино и се беше беспрекорно. Кога дечко ми го виде сето тоа, остана без зборови, ептен се изненади, нормално пријатно. Не очекувал такво нешто од мене. И таква една мила фацичка направи, никогаш нема да ја заборавам. Ептен си го сакам, злато мое!
     
    На vaga95 и Asja им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    досега тој со кој што бев најдолго плачеше за мене, и кога ке ми текне сега солзи во очите ми доагаат ама дека беше погрешна личност во мојот живот беше и тоа со ТАПИЈА, и еднаш се секавам дека ме изненади со букет цвеке(неочекувано)

    тој после него беше скржав за да ми приреди било каквоизненадување

    а овој сега е некако чуден и затворен, како школка, многу многу необичен(во негативна смисла) не верувам дека ке ме изненади, всусност ако издржиме 1 месец заедно добро е :$
     
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Огномет само за мене :) Колку бев засрамена бидејќи не бевме долго време во врска, но бев мнооооогу пријатно изненадена :inlove:

    Е тука бев и изненадена и збунета. За 4 години од нашата врска ми подари прстен, но начинот на кој го извади од џеб и ми го даде ме потресе :lol: Очекував уште да клекне на колена и да ме побара за жена. Кога видов дека е само подарок олеснувачки воздивнав. Сега да го стори тоа и да не ме побара за жена, ептен ќе ме разочара :D

    Бидејќи заедно одевме во еден празен стан на неговиот другар не очекував никакво изненадување. (И ова беше за некоја годишнина) :) Кога влегувам внатре, запалени свеќи во облик на срце. Подготвена трпеза со храна и црвено вино. На мојата страна ружа и подарок во книжна кесичка и по ходникот накај спалната соба расфрлани ливчиња од ружи. Пред да ме земе па заедно да одиме самиот бил таму да го подготви сето тоа :inlove: Највеќе ме изненади тоа што од никого не побарал совет и помош за ова изненадување.

    И еднаш бевме скарани заради неговата неодговорност кога по некое време тој на врата со цвет и чоколадо :inlove: Срце мое многу го сакам :* Има уште мноооогу изненадувања. Се прави моето ѓубренце за мене, па и јас за него :inlove: Уф што ми е убаво кога вака си се потсетувам :angel:
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Не сме некои романтичари, ама знае да ме изненади и без повод. Да ми се јави и да ми рече: Спреми се, те носам на едно место - и да ме однесе на убава вечера. Да дојде кај мене на кафе и да ми се избаци на врата со букет цвеќе.
    Нема да заборавам кога за еден мој роденден ми подари огромен букет со ружи и прстен од бело злато кој од тогаш натаму никогаш не го вадам. Исто така, кога бевме на одмор, неочекувано ми приреди преубава романтична вечера. Собата во која бевме сместени тогаш имаше голема тераса со поглед кон морето, а тој имаше ставено еден куп мали миризливи свеќички наоколу. Јадењето нормално беше порачано, зошто нема врска од готвење, ама многу се изненадив кога излегов од под туш и го видов сето тоа. А вечерата се знае како ја завршивме :lol:
     
  7. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Не е многу по изненадувањата,меѓутоа има две ситуации во кои ме има изненадено.Се договоривме да се видиме за 8 март,а имавме одено само малку време.Кога го гледам доаѓа со црвени ружи,целиот радосен и насмеан,а јас зачудена.Исто за последниот роденден ме изненади.Обично кога ми е роденден или ме прашува што да ми купи или ми дава пари сама да си купам.Но сега последен пат,гледам ми ќути.Некако ми беше сумлив,гледам на денот ништо не ми збори за подарок.Тој кога дојде со огромен букет ружи и сваровски ушнички што самиот ги одбрал.Навистина бев изненадена.
     
  8. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Почна романтики да ми се раѓаат во милото мое во последно време :inlove: , еве што последно ми направи:
    Многу сакав една книга и ја зборев со денови. Пред некој ден се договоривме да се чекаме пред матица за да си купиме книги и двајцата, ама стигнал пред мене 5 мин и ми ја купил. Сонце :inlove:
     
  9. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    eve i jas da kazam za mojot romanticar :D Bevme kaj nego doma i jas kako sto si sedam ide i mi gi vrzuva ocite i me nosi pravo vo kupatilo :lol: i poleka mi vika otvori gi ocite i jas sto da vidam vo ustata imase roza,kadata napolneta so skama i livcinja,sveki nasekade, dve casi vino i cokolado.....meraci :inlove:
    [mod-kirilica:2n7c4ysg][/mod-kirilica:2n7c4ysg]
     
  10. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    од моето неромантично срцуле ... сега за св Валентин . беше 2 смена на работа а и претходно се договоривме да не си купуваме ништо, но кога отидов таму ми даде поклон завиткан во розево со лилава пуфка и бисери на неа а внатре ммммм имаше торта во вид на срце и на неа мали розеви срцина а подлогата беше декорирана со листови од ружа и имаше чаша на столче исполнета со желатин а внатре имаше мало ружиче. преубаво бешеее солзи ми дојдоа не очекував ништо ама ете... искрено и малку ми падна незгодно зошто не му купив ништо освен сендвич зошто знаев дека е гладен :$ :$ :$
     
  11. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Најубавото изненадување?.....Кога ми предложи брак :inlove: Па и изненадување ли беше...ама најубаво 8)
     
  12. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сите изненадувања кои ми ги има направено се најубави! :inlove: Секој и еден детаљ, ситница, збор, подарок/че и сл. Се' што е од него ми било најубаво и оставило трага во моето срце, особено сите оние моменти кога сум го имала во прегратка, без да го очекувам претходно истото. :l:
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    во мојата 7годишна врска со него ми приредувал мнооогу изненадувања,и сите си ги сакам..најубаво незнам...ама ме изненадува кога ќе ми купи нешто што го сакам,само ќе спомнам дека ми се допаѓа-и го имам,бидејќи живееме заедно нешто романтики не е имало иако знае кога ќе се вратам од работа-а тој стигнат пред мене,да ми направи ручек со свеќички....мали ама слатки изненадувања ;)
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Веќе имам пишано. Откако му промрчев за поранешниот нешто и ми рече да не му зборувам за него, промрчев како не му било гајле за моите чувства. Јас само сакам докази а не зборови и оп троп, ружата во рака и кај мене пред врата ненајавено. :)
     
  15. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Се случи неодамна, бев дома сама поручек и ми се јави ми вели во 6 и пол ќе те чекам.
    Одиме, ме носи кај него, ми беше страв и срам, никогаш не бев заминала кај него но ме замоли да влезам бидејќи ги избркал сите поради мене и влегов.На масата миризливи црвени свеќички 2 чинии ножеви виљушки и чаши за вино.
    Прво ме прашуваше колку вода се става за шпагети па станав и му помогнав и додека чекавме да зоврие водата пишти музика и клекна на колена и ме праша дали би му била жена во идина ( затоа што имам само неполни 15 години а тој 19 ) и му одговорив со да ми го стави прстенот на раката и потоа јадевме малку шпагети пиевме црно вино и ме врати дома со такси. Тој ден мислам дека ќе полетав од среќа, воопшто не очекував тоа ниту нешто слично, :!: иако се може да се деси до моите најмалку 24 години .
     
  16. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    нели си малце мала за брак па дури и во иднина хах
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Прво ќе започнам со нешто ситно, кое мене ми внесе солзи во очите од радост.
    Додека бев во Будимпешта, на 04.05 кога правевме два месеци, малку пред таа дата, односно малку пред полноќ дојде најдобриот другар кај мене во соба и ми рече Мери ти го изедов сендвичот што го остави кај нас во соба. Целиот успаничен ме извлечка од кај мене, и ме внесе кај него во соба. Таму друг другар (еден од најдобрите на дечко ми), стоеше на прозор и ми рече Ова ти е мал подарок од Дарко, за 2 месеца, бидејќи не можете да сте заедно, и ја пушти Ain't no sunshine when she's gone, која е наша песна.

    2 часа пред полноќ зборувавме на телефон, само за да ми честита прв роденден, и на крај пак не беше прв, го претрка мојата најдобра другарка со порака. Ама многу ми се виде мила постапката. :D
    Сите знаеја по нешто за подарокот, односно изненадувањето кое го припремал и ми викаа прво ќе ти допадне, па после велеа нема да ти се допадне, за да ме збунат.
    Вечерта додека седевме во Кубански ресторан, 10тина, 15 минути откако пристигна тој, дојде газдарицата и ме праша Која е славеничката? Ова е мал подарок од момчето...И ми подаде букет од рози. :) Тоа се било добро осмислено, се договорил со другарка ми таа да ме прашува кои цвеќиња ми се омилени, за да му пренесе, како би знаел каков да ми купи. :) Со букетот следуваше картичка која вели Ce n'est qu'un debut, напишано на француски како мој омилен јазик, во превод значи: ,,Ова е само почеток''.
    Околу половина час по тоа, нешто се зазборев со некого, а во меѓувреме истата другарка му подала на дечко (тој седеше лево од мене, таа десно), буквално позади мој грб шише шампањ, кој тој го нарачал од Германија, а она го чувала во чанта за да не приметам кај него подарок. (Не знам дали разбравте, нејасно зборувам) И туку се вртам кон масата со поглед, гледам две чаши за шампањ и сите ми велат Мери грешка некоја е, ќе ги вратиме и уште ме убедуваат дека не се за мене. :D Пак нешто се замуабетив и ми викаат гледај, се вртам на маса шампањот, а он почна со тресење на истиот за да го отвори. :)
    Отидовме кон Маракана, и при крајот на вечерта, ги терам да си идеме веќе, овие не стануваат и го пцујат и маваат единствениот другар кој сакаше да си оди...Наеднаш почнаа да се смешкаат, да ракоплескаат и бидејќи не обрнував внимание на ништо, мораа да ми посочат дека треба да го слушам бендот. Пејачот кажа Среќен роденден на Мери, и не знам уште што друго, не запаметив од што не знаев главата кај ми е од трепет после таква вечер...Почнаа да ја свират тогаш Ain't no sunshine when she's gone. :) Да напоменам и тука има удел мојата најдобра другарка, која се договорила со пејачот за оваа работа.

    Вчера беше кај мене, ми подари привезок за ланче (како и да се вика) од сребро, кое исто така го нарачал од Германија (таму има живеено до пред 2 години). Важна е симболиката, односно розата, како мое омилено цвеќе и воедно нешто наше, бидејќи ми има подарувано рози кои ми ставиле насмевка на лицето. На крајот на вечерта, ми го побара телефонот да проверел нешто, а потоа ми побара ливче, напиша нешто на него и го стави под перница. Рече отвори го кога ќе си отидам. Кога си отиде, истрчав кон мојата соба, видов што има под перницата и на ливчето пишуваше: Обрни внимание на првите букви од отприлика последните 12 пораки. Кога отворив инбокс првите букви оформуваа: Муцке те сакам.
    Ме вика муцка...и да не заборавам вчера, ми го пушти и битот кој го имал правено за мене, за кого чекав повеќе од 1 месец да го чујам, и додека свиреше тој, ми го кажа првото те сакам. Прво планирал да го направи тоа на мојот роденден, но сакал интимна атмосфера.

    Толку, сега за сега. :D
     
    На Divinebutterfly, Monna.Monna, Asja и 6 други им се допаѓа ова.
  18. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Има многу изненадувања направено, знае секогаш да ме изненаде па нека е и со една ружа :)
    Најубавото ми беше : еден ден одам си дома, бев кај една другарка на гости, она ме остава пред куќа и се качувам горе. Отварам врата и гледам се темно и свеќи на подо. Така беа наредени како патоказ. Следам ги свеќите , водеа се до купатилото. Така зачудено одам и гледам на сред купатило од свеќи срце направено, на голем хамер напишано „сакам те„ и мојот име и неговото со срценца :) Тивка музика, кадата наполнета со вода (ама беше небесно плава) ставил таква сол за да добие боја и да мирише убаво. Имаме во кадата две мали сијалички што светат во различни бои и тие беа запалени и така доаѓаше феноменално убаво. Две чаши со вино црвено и пици две ама интересно исечкани и ставено во чинија украсена :) А он само на вратоврска ме чека. Лелеле сега кога се сетам ми летат пеперутки во стомакот :)
    А има уште едно, едно сабајле јас си спијам ...он беше на работа од 07:00 до 12:00 , а јас како по обичај спанко големо сум, дуфтам си и одеденшка осеќам мириз на нешто убаво, отварам очите гледам до мене буќет рози, јагоди, и чоколадо у форма на зајче :inlove: аииии ногу си го сакам секогаш знае да ме изненаде ... Има и други ама овие ми се така најубавки :)
    ама и јас имам правено за него изненадувања :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    мојот е многу романтичен, може негативна страна му е тоа што јас сакам повеќе изненадувања или пак може би очекувам за годишнини, родендени а ги добивам од нигде никаде на обични денови и уствари неможам да кажам дека не ми годи туку секогаш ме остава без зборови.
    1.така едно лето кога немаше никој кај него се врати од работа и дојде да ме собере да идеме кај него ок нели не очекуваш ништо посебно, а тој пред тргање наполнил када, растурил црвени ливчиња од ружи, спремил две чаши со вино, нарачал пици и влагам јас и си седнувам и ми вива јас идам до тоалет го чекав и ми доаѓа ми ги затвара очите и ме носи, а таму свеќичи горат када полна, винцето од страна и на огледалото честитка со посвета колку ме сака и ружа ете така му било кеиф дента си одморивме во кадиче со винце и после пица си вечеравме се чуствувам прекрасно.
    2. романтични вечери кој завршувале секогаш со некој поклон ете така без причина
    3. барањето за жена на кое ден денес се наежувам кога ќе ми текне :inlove:
    4. и правење на 1000 работи кој се толку слатки и ми докажува колку ме сака цртање во песок, лето свеќички на плажа, уникатни поклончиња, :inlove:
     
    На srcekrsacka, tessie и marama им се допаѓа ова.
  20. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Sephora прекрасно :) И мојот е така романтичен ;)