1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое е најубавото изненадување што ви го приредил саканиот?

Дискусија во 'Врски' започната од lavica23, 17 февруари 2010.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    лани за мојот роденден, бевме во еден кафебар со дечко ми и таму имаше жива свирка Јован и Софија Манева. Тој знаеше дека онаа нивната песна Секој Ден, многу ми се допага и отиде и без јас да видам им рече да ја испеат и да ми честитат роденден пред цел кафебар :$ Навистина бев многу изненадена бидејки не е баш романтичен тип и ова беше убаво изненадување од него. :inlove:
     
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Не сме долго во врска, но не е многу романтичен тип.
    Иначе, еден зимски ден тој беше поручек на училиште, па се договоривме ако не може да дојде пред да почнат часовите, да дојде на одмор. Доаѓам јас со комбето и го гледам во дворот со точкот ... и омилената зелена капа. Како што одев кон него со другарките, видов нешто имаше ишарано во снегот. Кога се приближив, видов имаше направено големо срце во снегот со точкот. Навистина прекрасно се изненадив ... аххх :inlove:
     
  3. andzelka

    andzelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Mоето маженце е баш романтично, ми носи доручек во кревет и со тоа обавезно оди некоја љубовна порака на салфетка исечена во вид на срце или некое меченце плишано или цвеке.
    Eден ден на работа ми испрати букет цвеке, јас дури се засрамив, малку ми падна срам од колегите :$
    Ama најмногу ме изненади за мојот роденден, одиме на плоштад и на видео бимот пишуваше SREKEN RODENDEN NAJMILA T.... и срценца на сите страни, па вечера, е тогаш стварно се изненадив :clap:
     
    На Iv531, Divinebutterfly и Hiii им се допаѓа ова.
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ми даде книга што сакав да ја прочитам.
    Ете тоа беше најубаво изненадување.
     
  5. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Со оглед на тоа што не е некој романитчен тип, пријатно ме изненади овој 16ти кога отидов кај него.
    Низ цела соба наредил свеќички, по земја, по маса и на креветот имаше листови од ружи, бели и розеви, едни ги наредил како срце на сред кревет, и плус ми даде црвени ружи како букет дотерани.
    Ете тоа беше, освен ова ништо слично нема направено, освен некои поклончиња ама јас тоа не го сметам ни за изнанадување ни за романтика :D
     
  6. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Се случи тоа за Св.Валентајн :) Мој другар има куќа која ја користиме за пиење и дружби :) Тој го беше побарал клучот од другар ми и во куќата беше наставал насекаде миризливи мали свеќички :) На масата имаше вино и две соодветни чаши, и бомбоњера со чоколатца во вид на срце :inlove: Ахх, прекрасно беше!!! Јас сум премн. ладна личност и дури незнаев ни како да реагирам, пошо бевме во фаза на пуштање :$
     
  7. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Не сум тип кој што полудува по изненадувања. Сакам, но не претеризам. Она што дечко ми ми го приреди и не е изненадување, но мене ми значи, зошто баш секој пат кога и да седнам на пи-си го гледам. Баш тоа го гледав кај една другарка, после два дена доаѓа тој, и крие кесе позади грб. Јас ко по обичај ѕиркам....и што да видам.Вентилаторче за на компјутер, и пишува I love you, кога врти, usb Hub и чоколадо.... Тој се мислел да ми го купи, и кога видел дека го видов кај другаркава, се разочар, му пропаднало изненадувањето. Леле колку само скокав од радост. На сите се фалев. и тоа без некој повод или причина го зел, ете така сакал. А искрено мразам кога има некој повод, некако изндено ми е. А вака вака ми е прекрасно. Се радувам и само чоколадо кога ќе ми донесе.... И да не зборам, дека ми го поправаше масажерот, сијаличките за елката(во август бе..а кај е н. година) :lol: Мене ме радуваат такви ситници....
     
  8. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Кога сме кај романтиките онај мојот .... торко како што си се викаме....ама ич не е романтичен...хахахаха срцка е бе.... ама некогаш ако нешто сме закарани...а тоа два пати се има десено.... оди во цвеќара и ми порачува голем букет на цвеќе и по такси мене ми го носат дома.... и ништо повеќе///ама таков е шо да му прам..... хахаха и понекогаш знај д ми зготви шпагети....толку пак и ова е многу од него.... :D :D :D
     
  9. milca

    milca Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Мојот не е баш некој романтичен тип ,но сега пред недела дена на мојот роденден ме изненади пријатно ,бидејки не живее во мк веке 6 месеци,се договорил со некој пријател да ми донесе поклон ,јас онака иако покрај добро друштво малку тажна бидејки не е тука со мене гладам ми влага некој си тип сто прват го гледам и ми вика ова е поклон за тебе и јас????? не ни помослив дека тоа мозе да биде од мојот неромантицен тип отварам и гледам две огормни на кои едната јас осамена во солзи а на другата слика јас и он гушнати и на една убава честитка песна само за мене напишана од него и на крај една мала порака ,СЕКОГАШ КОГА КЕ СЕ ОСЕТИШ ОСАМЕНО ПОГЛЕДНИЈА ДРУГАТА СЛИКА И КЕ БИДЕИС ДЕКА ТЕ ЧУВАМ ВО ПРЕГРАТКА....... :)Многу се израдував бидејки мојот неромантичен дечко ми приреди вакво изненадување
     
    На guguence и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јесте да многу често добивам од него некое мало изненадување ама овааа што сега ке го написаш ми е во срце остането најмногу:
    -Не бевме се виделе неколку недели јас во Мк он во Сло и одам јас таму он ме пречекува на станица одма срц бац мац ово оно и ајде на кафе,е сега тргнавме као за дома ама гледам он оди на другата страна од градот :^) срц кај одиме?-злато ајде уживај :o

    и така се паркираме пред еден хотел :tmi: влеваме внатре он си кажува дека имал резервирано на тоа и тоа име влеваме внатре во собата на маса свеќа две чаши ладно шампанско :o една кутија чоколадо на кревет и јас бес зборови (а очите насолзени од среќа) седнавме да наздравиме па другите детали :tmi: не се за во јавност и останавме таму да преспиеме,следниот ден кога си отидовме дома ја имаше мојата омилена торта ( иако е предобар во кујна не очекував дека ке се потруди да ја направи) и така :inlove:
     
  11. ja.sakam.najmnogu

    ja.sakam.najmnogu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите...нов сум овде и се регистрирав пошто сакам да ја изненадам девоја ми која си ја сакам најмногу на цел свет.Зе неколку дена ни е годиснина па сакам да прашам.Од каде можам да порашам букет со ружи и да ми ги испорачаат на адреса која што сакам(кај нејзе дома).
    И уште нешто,кажети ми некоја кратка убава порака за со букетот.Знам дека ќе ми погмогнете глеам дека сте премногу романтични images/smilies/emoticon-0115-inlove.gif
     
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    За розите можеш да прашаш во некоја цвеќара која ти е во близина дали прават испорачки или сам да си најдеш некој да и ги однесе :) Ако си од Скопје мислам дека во цвеќарите Розе прават испорака ама не сум сигурна :) Инаку како поклон можеш да и направиш некој албум со ваш фотографии и под секоја од нив да и напишеш нешто поврзано со вас двајца :)

    Еве ти едно мало текстче од мене :

    Јас и ти сме две души кои случајно се пронајдовме, се сплотивме во една. Чиниш како светот да исчезнал, како времето да застанло секој пат кога сум со тебе. Деновите што изминаа ми потврдија дека имав голема среќа што те пронајдов тебе, ангел да ме чува и да биде со мене низ животот... Те сакам :)
     
  13. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    ве молам за помош
    за неколку дена ни е годишнина со дечко ми и сакам да го изненадам нешто што ке го памети цел живот но незнам како незнам што да ми приредам ве молам за совет
     
  14. Monchence

    Monchence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    15
    Мала помош од вас ...
    Не е некој посебен датум,или некоја посебна прилика,едноствано онака сакам да му приредам некое изенадување односно поклон ... Тој е кошаркар и сакам нешто у врска со тоа да биде ... Секој совет/предлог е добродојден .. :)
     
  15. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Некој украс со некоја кошаркарска топка.
     
  16. MistichnA28

    MistichnA28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Оф, колку многу сакам изненадувања јас лелелеее :) а и овој мојов Mr.Big знае секогаш да ме изненади дали кога ќе земе плата да ми купи некое парче облека, накит а исто така знае да ме изненади со некое плишано големко меченце, знае да ме изведе на место кое сум му го спомнала пред извесно време тој запамтил а јас сум го заборавила и опп да ме однесе баш на тоа место за кое сум му кажувала дека сакам да одам, нооо најголемото изненадување беше оваа година за денот на вљубените кога ме оденесе кај него дома и таму беше целата соба со свеќи ,со цвеќе и со тоа следеше преубавата вечера која ја имаше зготвено за мене и убаво црвено вино ...
     
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Моментално ја поправа пукнатата водоводна цевка! По 24 часа без вода ова е изненадување ипол :clap:
     
    На Think3R, hunny-bunny, Meggy и 3 други им се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Најубави имам многу па овде ке го напишам најшокантното.. МИ рече дека ке одиме кај неговиот другар на кафе а тој дома кај него на ручек ме однесе.Јас појма немав оти таму живее си влегов се поздравив со луѓето и викам ’’Кај е Здравко (другар му)?’’. Сите зачудено ме гледаат тој се смее. За беља тој ден јас облечена бев ко бугарска певаљка ...
    ... толку време помина уште од срам немам отидено пак таму.
     
    На zaljubena18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss-dior

    Miss-dior Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    126
    Не беше некое woww изненадување али мене ептен ме погоди на срце и многу убаво се осетив:На мојот мобилен во календарот во месец октомври избрал еден ден кога праевме неколку месеци од врската и напишал "Те сака твојто мече" и тоа ко аларам да ѕвони,јас се чудев прво што така ми титка мобилниот пошто немав сменето звук за ѕвонење а друго било работата :rofl: душичка е стварно како да не го сакаш после :inlove:
     
  20. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    една сакана од минатото...
    ми се јави и ми вика што правиш и јас и кажувам дека јадам гумени бонбони во форма на јаготки кои што ги заборавиле внуците и ми се смее и викам не се смеј си замислувам дека се вистински :lol:
    и по саат време динг донг на врата отварам и што да видам саканото со јаготки у рака мх мх мх а за возрат не ја ни пољубив одма им се фрлив на јагодите :P
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.