па ги има многу но едно ми оставило најголем впечаток... се случи уште на почетокот од врската уште кога одевме еден месец..Он замина во странство и требаше да си дојде за 3 месеци ... од кога замина едно сабајле ми звонел од странски број ама јас покасно го видов повикот и така го чекав со денови пак да задзвони ама го немаше и по една недела јас испаѓам за да одам нашколо втора смена и одам кај автобускава со другарками и како одиме гледам некој како седи на клупата спорти автобусот и ми личи на него ама не сум сигурна и не сакав да искоментриам зс да не сум се препознала бидјќи не ми се веруваше дека е он зошто требаше уште 2 ипол месеци да поминат додека за да се врати. и како одам одам се повеќе и повеќе на него ми личи и неможев да поверувам целата возбудена му се фрлив ми се тресеа раце нозе и одма вечерта ми даде поклонче ми купил златно прстенче се разбира кога ми го даваше малце зачудено го гледав хаха си помислив дека брак ми нуди ама тоа беше само поклон срце си го сакам најмногу
Епа вака девојки....Имам еден ГООЛЕЕМ проблем. Ние сме две другарки,а дечковците ни се браќа....Епа сега сакаме да им приредиме изненадување, но не знаеме каде и како..Јас и другарка ми сме од различни место...Би ве замолила за некој предлог Фала однапред...
Априлот имав роденден...Го чекам предходната вечер да ми пиши или да се јави го немаше... Тој срцкаст всушност не знаел што да напише Иначе наставник е по Англиски јазик... Утрото ми се јајува до 9 часот и слусам како вика Сега јас па шо е работата кога слушам....Ги имаше натерано малите деца да ми ја испејат Happy B'day! и на крај ракоплескане и тој ми чеситат срекен роденден бејб те сакам ваму таму....Јас не знаев што да кажам устата до кај ушите насмевната Јако !
Бев кај него на неколку дена и последната вечер нешто се потскаравме и така налутени излеговме од дома, се најдовме со неговото друшто и појдовме на кафе, кафиќот полн, немаше ниту една празна маса.. дојде келнерот порачавме што порачавме и тука поминуваа две девојки кои продаваа црвени рози, и тој им свика на девојките и купи една роза, ми ја подари ме гушна и ме бакна, сите околку нас гледаа а јас се топев.
Ех девојки, јас еве чекам некој што би ми приредил нешто такво, филмско . Бившиот еднаш дојде кај мене а не ми кажа дека ќе доаѓа, пред тоа си пишувавме нешто и ме праша дали ми недостига, реков да, инаку од различен град бевме. И ми се јави после, разговаравме, јас бев надвор излезена и ми вика Не ме гледаш? Ја кревам главата, се вртам... многу ме израдува. А друг бивши па ми го даваше палтото негово иако тој се смрзнуваше.
Изненадување кое никогаш нема да го заборавам : Беше на почеток на врската негде после 2 месеци..Како и секое девојче кога е во ПМС, така и јас бев многу нервозна тој ден и се понашав многу кретенски кон него..Му се дерев цело време, му велев да не ми се доближува дури и шлаканица му мавнав (абе ужас )...Тој знаеше дека ми е оправдано таквото однесување и само гледаше да ме смири ама јас си терав по свое...Му кажав дека мнооогу ми се јаде пица и дека многу ме мрзи да отидам да си купам По пола саат, ми ѕвони и ми вика ајде да излеземе малку да прошетаме, немој цел ден дома да седиш таква депресивна..И некако ме убеди, одам јас пред зграда и тој ме чека со колата..Ме однесе кај него на викендица и ко влегов внатре што да видам..Огромна маса со свеќи во форма на срце, на средина гооолема пица исто така во форма на срце и шише вино со две чаши, а масата цела прекриена со ружи... Не можев да останам рамнодушна на тоа и веднаш му се фрлив во прегратка, а тој ми рече морав некако да те расположам иако сум сељак, кретен и идиот
Бев каj него и се разболев температура, затнат нос абе катастрофа и сакав да си одам ама таква не ме пушти. Ми свари чаj, ме гушкаше.. Едно време го снема и ете го се враќа, се што имало во аптека за настинка купил, апчиња, сирупи, прашкови за растварањe.. Купил чаеви, овошje, сокови, ко на пуст остров да оди На секоj пола саат ме тераше да мерам температура Eте од тоа по романтично, амин
me iznenaduva so toa shto sekogash mi kupiva toa shto sakam, na nekoj nachin e najpraktichno i mise ispolnuvaat zhelbite, ne e romantichen ama znaj da go daj poklonot vo neopredeleno vreme i se nekakov sharm shto sekogash ispajga iznenaduvanje
Тоа што секој ден го поминуваше со мене кога лежев во болница, покрај мојот кревет, за да немам прилика да се почувствувам осамено и тажно
Ги има еден куп , но ќе издвојам само две . Првото : Радоста во неговите очи кога избезумено му кажав дека сум бремена со првото дете . Изненадена бев , бидејќи не очекував од него да донесе таква одлука , клучна за двајцата нас како и за бебето во мојот стомак . Второто : Кога за роденден пред 1 година ми го поклони Бруно - Шарпланинче од 2 ипол месеци ( иако со задоцнување беше поклонот ) . Јас од мала сакам кутре , имав прилика како дете да добијам , но мораа мојте да го дадат во нов дом , бидејќи баба ми се бунеше многу . Подоцна чував мачор ( избега ) па мачка ( ја дадовме на братучед на мајка ми , поради дечињата кои многу ја засакаа кога ни беа на гости ) , но никогаш немав прилика повторно да чувам куче . Маж ми ми ја оствари таа желба минатата година , кога го видел кутрево напуштено покрај контињерите за отпад , близу основното училиште . Му текнало дека сум му кажувала дека од мала сакам кучиња и мачки , па го зел со себе дома .
Лани истиов период си замина во странство за еден месец,значи на 14ти февруари не беше тука, ама оставил поклон кај негови роднини а мои комшии кои ми го донесоа и имаше преубава порака на него. Незнам како му текнало такво нешто , покрај другото имаше Мече и пораката беше : Извини што каснам од далеку патувам. Се прерадував, неизмерно.
Го чекав е***и 40-50мин.А имавме фора само саат време да се видиме. И го чекав го чекав и пред да истече тој саат време дојде и ми кажа дека ќе сме заедно цела вечер, и теравме до наредниот ден сабајле заедно А ептен бев нервозна, му реков ,,многу се помачи за 10минути да дојдеш” и на крај оп