Најпрвин здраво Нова сум на форумов и по коментариве на темите гледам дека баш се интересни вашите совети.Мојот проблем е навистина многу тежок, се наоѓам во безизлезна ситуација. Имав 2 годишна врска.Последните 6/7 месеци беа пеколни. Претерано се каравме, тој се бунеше за секоја ситница.Секогаш јас бев таа која бараше решение за секој проблем.Него лутината му траеше многу долго, дури и за мала кавга не бевме во контакт со денови.Во овие 6/7 месеци којзнае колку пати имавме ставено крај ама никако не стоевме до зборот, ми фалеше,му фалев,ќе се смиревме ама за неполни 3 дена пак истата приказна,за минатово лето да не ви зборувам..жив пекол.Незнаев како да ставам конечно крај и го изневерив...Мислев дека на тој начин и јас ќе го заборавам него,а и тој мене Но сосема обратно се случи.Јас неможев на никој начин да го заборавам и мислам дека згрешив Сватив дека неможам да бидам со друг,сите ми беа и ми се одвратни,само него го сакам и тоа претерано многу. После него не заминав со никој друг, повторно го сакав назад.На почетокот ме одбиваше но потоа попушти, и тој ме сакал мене Никогаш не би ја повторила истата грешка По 3 месеци од нашата разделба се подсмиривме. Се договоривме да почниме од почеток,еве одиме скоро еден месец и преубаво си поминуваме, не се караме за глупости се е во ред...Но проблемот е тоа што него од време на време му се појавува бес,тешко му било да ми прости Верувајте мислам дека ќе умрам од болка.Некогаш од нигде никаде само што ќе се видиме ме носи дома, се сеќавал на глетката кога ме видел со друг.Ми рече дека неможел ни со мене ни без мене Сакал само со мене да биди а и јас исто. Вели дека несакал да ме повредува, сетил дека сум била променета ама повторно се нешто прави за да ме повреди.До него било не до мене.Незнам што да правам девојки Претерано многу го сакам и ме сака ама незнам што да правиме..Денеска се беше во ред и еве го сега ми се јави дека несакал вечер да ме види и веднаш ми исклучи Неможам без него пеколно ми беше овие месеци дури бевме скарани Помогнете ми, што да правам?
Покрај тоа што цело мислење ти е со (кое патем ми помагаше да се внесам во ситуацијата) .Мое мислење раскини му еднаш засекогаш.И ако имаш проблем тука напиши http://forum.femina.mk/threads/Љубовни-проблеми-и-совети.243/ не отварај нови теми без врска
Немаше потреба да отвараш нова тема, можеше комотно да прашаш во Љубовни проблеми и совети. Туку мое мислење е дека треба да му дадеш време, зарем очекуваш наеднаш да заборави? Не оди така.. Ќе му треба време да се навикне на тоа, да се помири и пополека да му избледува сеќавањето и мислите на тоа. Единствено што ќе ти кажам е да бидеш трпелива, ако сакаш да профункционирате пак.. Тешко е да се замисли а не па да знаеш дека си бил изневерен. Јас не би можела ни да простам, а камоли да се обидувам повторно.
Сте требале да држите до своето и да ставите крај на врската уште кога почнале кавгите, а не да се смирувате после три дена. Кога двајца се караат за се‘ нешто, особено кога само едниот се труди (во случајов ти) да ја измазни ситуацијата, врската не чини. Е сега неверството. Јас да сум дечко ти, нема ни да помислам повторно да се смирам со тебе. Те видел?! Арно кога не ве затепал двајцата на лице место. (таман работа дека промовирам насилство, ама човек во афект се‘ прави, особено ако си ја види девојката кај што се драпа со друг) Според мене, не заслужуваш да ти прости и да сум на негово место би ти раскинала, колку сурово и да звучи ова. Ама по ова што го пишуваш, некако како да добивам впечаток како да сака да те измачува, штознам... Во ова не ти верувам. Мислам дека претерано многу си уплашена да останеш сама, без дечко. Не дека него го сакаш толку. Ама тоа е мое мислење де.
Не ни требал да се смирува со тебе ако твоето неверство не го оставил зад себе. Бидејќи изнесувањето на грешките од минатото никогаш не проаѓа добро. Иако, по читањево на постот овој твојот ми делува како некое неодлучно детиште кое помеѓу сладоледот од ванила и чоколадо го одбира оној со страчатела.Така да нема да должам..Вашите расправии ми делуваат незрели и детски. И вака, нема сигурно да ги увидите вистинските бенефиции од една здрава и среќна врска. Затоа мој совет ти е да не се залажуваш, бидејќи ова не е минлива фаза и нема тек така да пројде. Само додатно ќе се комплицира, се додека еден ден не ви пукне филмот на двајцата и се разидете секој по свој пат.
Решението е скроз да се тргнете еден од друг. Го сакаш и се убаво ама со сила убавина неможе. Ќе ти биде тешко ама ќе помине. Што се не поминало ехее.
Оф леле.. Според ова што го раскажа, дечково ми изгледа на неодлучно, недораснато детиште. Моја препорака ти е да ставиш крај на врската и да си продолжиш понатака.. Немора веднаш да си фатиш нов дечко, искачај со другарки повеќе, дружи се..Така најбрзо ќе го заборавиш
Mila begaj so vreme od takov covek bidejki cel zivot ke ti prekaruva za minatoto imav eden takov i fala na gospod se otkaciv sega sum mazena zena so dete i den denes imam nekoj traumi od minatoto zatoa vednas stavi kraj .
Се договоривме повторно да бидиме заедно Но искрено тешко оди.Забележува дека сум променета и полека почнува да стекнува доверба ама тешко му е да заборави.Искрено многу ме повредува со некои тешки зборови што ги кажува,ама ќе поминам и преку тоа,се за љубов...Сама си го заслужив нели. Стискајте палци девојки Ќе ве информирам доколку има новости
Прво и основно, решението не било да го изневериш. Ама кога веќе се случило, па и уште ве видел. Искрено, јас да сум на негово место нема никогаш да ти простам. И да знаеш дека секогаш ќе ти префрла за тоа. Никогаш нема да го заборави. Решението според мене е разделба, зошто ова е само измачување. Двајцата се измачувате безпотребно. Ти си убедена дека неможеш без него и крај. Пробај, ослободи се ова не е период што лесно ќе се помине..
Иако има врски што преболуваат неверство, некако вашава не ми личи на таква, а мислам дека кривицата е во тебе. Зошто? Затоа што прво, со фактот што си го изневерила си докажала дека си незрело детиште, и второ 99% сум сигурна дека ти се плашиш да останеш сама, иако се уверуваш дека лесно би нашла друг. Претпоставувам си поставуваш прашања од типот А што ако никој не ме сака како него, па тој ги знае сите мои маани, па нашата љубов е бомбастична и филмска ( зошто не сте можеле да раскинете, па сте си фалеле и слично) На машките бесот тешко им поминува, и може во даден момент, кога ќе му текне што си направила, во афект и тој да те изневери, па да биде 3х полошо. Затоа, прво расчистете ги сите работи и дооолго разговарајте за тоа колку сте зрели и подготвени да го пребродите ова, значи ДОЛГ разговор, за СЕ што ви се случило, па тек потоа решете дали ќе бидете заедно.
Ми го зеде зборот јас ќе велев дека пукната вазна не се лепи.... се лепи како не ама стално остануваат пукнатините и никогаш не изгледа како што била пред да се скрши
E pa zatoa rekov da si razmisli so bi mu znacelo za niv zs ne mi mirisa na dolgo....ama....oni si znaat
Изгледа во право бевте девојки, вчера кога се видовме исто муабетевме имавме долг разговор. Ми рече дека сакал да биди со мене и дека исто како и јас и тој без мене неможел.Пред да си одам се подспомна изневерувањето и ко си заминав гледам дома ми го блокирал бројот за да му ѕвонам,а се договоривме и двајцата да се трудиме Претешко ми е. Ве молам не ме обвинувајте, знам дека згрешив ама верувајте мене ми е 1000 пати потешко. Не,неможам да се помирам. Што да правам што ако е ова крајот
Абе девојче доста само ги туркаш работите и ги форсираш,кога не оди работата не оди со сила убавина не бидува прифати го тоа,знам дека тие тешко но размисли малку трезвено,кога и ти го блокирал бројот јасно ти дал до знаење дека сака да го оставиш на мира,со твоето понашање не постигнуваш ништо само го гушиш,гледаш дека вашата врска не одела ни пред да го изневериш а послем тоа пак воопшто,тоа тие знак дека не сте еден за друг и неможите да најдите заеднички јазик џабе ги форсирате работите... За да бидат 2јца заедно не е потребна само љубов има и други многу фактори и сите го знаеме тоа... И сигурно имаш нешто друго со што да се занимаваш во животот не е само тој,посвети внимание на други работи дружисе повеќе со твоето друштво прочитај некоја добра книга не се замарај само со него...
И до кога ќе трае тоа карање и смирување? Нон стоп ќе се смирувате па ќе се скарате? Според мене не е врска тоа. Верувам дека го сакаш, ама не е крај на свет. Излези и дружи се, не мораш да бркаш одма друг, излези со другарки. И ако не е тајна по колку години сте?