Не е толку страшно, само повеќе треба да учиш и да посветиш вниамние, потешко оди снаоѓањето. Но со труд се постигнува.
Ако мислиш дека имаш проблем со математика, физика и хемија воопшто не ни размислувај да одиш гимназија ( и така многу е тешко) Одлучи се за она што највеке те привлекува, еве и ти спомна Медицина или Фармација ако сакаш во иднина да се занимаваш со ова и да се запишеш на едно од овие две нема да згрешиш Не е тешко доколку на време си учиш, знам дека ке имаш предмети кои ке ти бидат тешки и за разбирање и за учење но тоа си е нормално Според мене избери го она што највеќе те привлекува
Se mislam vekje nekolku nedeli pomegju Emuc i Asuc slusam deka asuc ima mnogu lugje od Albanska nacionalnost i deka ne e mnogu dobro
Здраво дали има средно училиште на град Скопје предвидено за струка програмирање (како што е на пр.електротехничкиот фскултет со таков смер) или најблиску до тоа што би ми препорачале? Јас одамна завршив, прашувам за други, па не сум мн упатена. фала
Добар ден!! Бидејќи јас сум IX почнав да размислувам во кое средно да се запишам. До сега сите години сум 5.00, и сум голем љубител на информатиката. Се мислам помеѓу Михајло Пупин и Корчагин. Планирам потоа да се запишам на ФИНКИ. Читав некаде дека ако сум одел стручно а потоа на ФИНКИ ќе ми било многу потешко, а доколку сум одел гимназоја ќе било ок. Ваш совет??
Корчагин и тоа да се определиш ПМА потоа. Ќе запнеш тогаш, но не знаеш колку ќе ти биде полесно после.
Од кај искочи сега ова? Ако упишеш Пупин можеш работа веднаш после средно да си најдеш. Мислам ако не се одлучиш за факултет затоа што многу промени ќе доживеш во тие 4 години. Тие што завршиле и се запишале на ФИНКИ и ФЕИТ веќе ја имаат основата и полесно се снаоѓаат отколку некој со гимназија.
Ако избереш Корчагин, ПМА во трета. Ќе имаш убава основа за ФИНКИ. Но и Пупин мислам е добра опција, пример смерот со информатика, компјутери не се сеќавам како беше.
Знаете ли некој искуство со Математичко - информатичка гимназија? Минатата година е отворена, ако добро разбрав има само 2 паралелки, една на македонски и една на албански јазик. https://mig.mk/
Се наоѓа во рамките на ГУЦ Здравко Цветковски, не е посебна зграда. Се полага приемен тест математика мислам и треба да се од VI до IX математика и физика 5.00
Хелоу! Оваа година сум девето и се мислам дали да се запишам во Орце или да одам во Yahya Kemal (добив 40% попуст на школарината). Многу сакав да се запишам во Yahya Kemal, но многу луѓе почнаа да ми зборат чудни работи за школото, ако има учено некој таму ве молам споделете мислење.
Знам, ја имам прочитано таа тема. Но, информациите беа доста стари (2011, 2012..). Напишав овде затоа што се надевам на понови информации.
Добар ден!! Уписите се за неколку дена и редно е веќе да одлучам во кое средно ќе се запишам. До сега сите години сум 5.00, и сум голем љубител на информатиката. Се мислам помеѓу Корчагин и Никола Карев. Планирам потоа да се запишам на ФИНКИ. Ваше мислење за овие средни училишта?
Абе нема проблем. Ко докторат да запишува, не средно. Корчагин, оди на смер ПМА. Ќе имаш многу добра основа за да се снајдеш на факултет после.