Здраво, дали некој има искуство, кога се туширам понекогаш ми се јавува црвенило на едната рака? Дали некој се соочил со истото? Кога користам декотал или белогент се повлекува… Благодарам
Дали знае некој кај се продава Retin A (третиноин, витамин А) или дали има? Како овој И дали некој имал искуство со него?
Ми израсна тртка од тие белите малечка, ќерка ми ми ја потфати и пола ми се откачи. Имав малку крв, ама ок помина. Сега пак со триењето на раката почна да ме боли малку гледам се вцрвенила. Што да ставам на тоа место? Инаку под пазуви се наоѓа, баш таму кај што се бричам.
Имам псоријаза во ушите.Ставам парафинско по препорака на Цекич, ама не помага више, кажувајте друго чаре пошто ќе си ги исечам ушите.
Татко ми имаше псоријаза на стапалата (многу незгодно), а другарче од Америка ми ја купи и прати оваа Можеби ја има тука по аптеките. Пред 6 години ја немаше. Татко ми, нѐ знам веќе што сѐ проба од креми, ама само оваа му помогна.
Имам розациа тип 1 и 2 знам дека не постои лек за жал, но ситуацијата ми станува се полошо што ли не пробав.. дајте совет ве молам Ви благодарам
Имам акни уште од почетокот на пубертетот, кои се намалија со самото созревање но сега иако пубертетот е одамна завршен кај мене, дел од акните уште се тука. Вчера бев на дерматолог, ми рече дека најверојатно станува збор за проблем со метаболизмот-или гинеколошки проблем или стрес, бидејќи пубертетот е веќе завршен. Дали некоја од вас се соочила со ваков тип на акни и како ги третирала?
Може и да е до исхраната. Почни да пиеш Е витамин, повеќе овошја,витамини,минерали. Избегнувај благо по секоја цена и најди си производи што ептен ќе ти одговараат на лицето. И ако имаш стресен период и лесно се нервираш може и од тоа да ти е. Обично акни изглегуваат од не правилна исхрана, користење на погрешни производни и поради емоционални “пореметувања” ( како што кажав: стрес,нервоза, не доволен сон итн.). Освен Е витамин пиј цинк, Ц витамин, АД3, магнезиум ама тоа мора и преку исхрана да се внесува. Знам дека малве грдо може ова да звучи ама редовно менувај ја навлаката за перница и крпите со кои што си го бришеш лицето подле миење и четките за шминкање секогаш нека ти се чисти.
Пробај double cleansing? Односно прво измиј си го лицето со уљлен гел а потоа до обичен пенлив,не знам како да го кажам. И потоа користи тоник. Мислам декс може тоа да ти помогне. И како што кажа Вајлд хормони испитај си. Најглавното погоре заборавив да го напоменам.
Испитај хормони, најчесто тоа е причината за акни кај возрасни. Исто, брис од акна, може бактериски да се, а сѐ да е во ред со хормоните. Кај мене тоа беше случајот, Акнефуг ми помага (против бактеријата) и Сона крема (која ги чисти и оддржува порите чисти) т.е врши хемиска ексфолијација. Секако, препишани од дерматолог.