Не користам маслени продукти, уште толку ми ја мастат ионака масната кожа. Имам и тоник користено, не ми помогна многу. Сега ми препиша дерматологот течност и крем и ќе се проба со нив, ми рече ако не ти се подобри состојбата за 3 недели ќе одиме на испитувања Каде се проверува за такви работи? На болница или приватно? Користев и сона, не ми помогна многу
За хормони, преку гинеколог ќе ти даде упат, може и во државна и приватна лабораторија, сама ќе одбереш. За брис преку дерматологот, макар што мислам и матичниот би можел да те упати.
Ве молам кажете добар кожен доктор во Скопје, приватно или државно не е битно само да е добар и да ми помогне.Или некој од вас ако може, проблемов ми е следен. Од лани кога се шатирав (бар ја мислам дека е од тоа), едно време на почетокот кај што го викаме она венчето на главата, почна првут да ми се прави, ама само таму.Купив Head & Shoulders против првут, се среди, и си се вратив на мојот регуларен шампон за мрсна коса.Арно ама, пак искочи.И тоа летово немав, не знам дали е од ладно мада не искачам периодов.И сега од кога ќе се избањам на почетокот приметувам како лушпи некои (гад ми е дур пишувам..) и на моменти ме чеша косата, и кога ќе се почешам снег паѓа ебате. Не се приметува вака надвор кога сум, ја тресам косата пред да искочам, али дома во огледало кога ќе се загледам ми се плаче.Освен шампон за мрсна коса и кондиционер, и спреј за заштита од топлина (кој патем го ставам од пола коса надоле) ништо друго не користам.Истите шампони, истите кондиционери.Пробав пред некој ден од кондиционерот да ставам таму за да омекне демек кожата и џабе.Баш памтам пред Нова Година мислам беше, постирав у темана ,,Општи здравствени проблеми" дека почна да ми поцрвенува местото, и ми беше како со акни, ама мислев алергија од јајца дека може да е. Некој ако имал искуство да ми каже што да правам?И доктор обавезно, бидејќи истиот проблем го имам и со ушите, како и да е ќе мора да се оди.Помагајте пошто ќе се отрујам значи. Spoiler: Сличе
Мислам дека е дерматитис во прашање. На сестра ми вака му се напрај после фарбање. Доктор не можам да ти кажам оти не сум од ск ама избегнувај фарби
Не.Имам псоријаза ВО ушите. немам ставено од тогаш, а и не ни мислам сега, дабетер ќе ми стане. Прееска видов дека шампонон пак ми бил анти дандруф, ама со ситно напишано.. Значи и тоа џабе Дајте бе кажете решение, дреме пола форум се карате ко баби а на некој коа му треба нешто никој нит видел нит чул, класично македонче
Ау ептен си нервозна земи шампон кетоконазол од аптека и јас го имам истото што го пишуваш, после второто миење имав резултат ама треба редовно користење
Прееска се почешав... и посакав раката да ми се исуши.Среќа деновиве не сум во можност да искачам, и мора да го средам ова. Утре одам во аптека..ама мора и на доктор, ради увово. Фала ти
Од време на време ми се појавуваат мали црвени бубулчиња на рацете ( не на дланките , помегу дланките и лактите , во тој предел ) . Не ме боли , знаат да ме чешаат некогаш , и така стојат по месец а некогаш и повеќе , по што сами од себе исчезнуваат .. Што може да е причина за ваква појава ? Имам бел тен и порано немав ваков проблем ..
Еве едно во процес на исчезнување .. Не се шири , ниту има некои промени , вакво е цело време , од појавување до исчезнување ..
Кај мене повеќе црвени точки излегуваа, или црвена површина помеѓу прстите или лактите. Штом чеша, претпоставувам тоа треба да е. Кај некој поголем дел се опфаќа еве кај тебе ептен малку. Може и кожен доктор да прашаш за да си сигурна.
Ти благодарам на одговорот , се надевам дека нема да стане поагресивно , што и да е во прашање .. Реков ќе одам на кожен доктор , ама го направија Ковид центар , не знам сега како е , дали се врати во нормала или сеуште е Ковид центар .. Ти благодарам уште еднаш .
zdravo,imam isfrlanje vo predelot na stomakot od strana na gradite i polovinata crveni i cesaat bev na lekar mi dadoja dekotal no ne mi pomogna,dali nekoj ima nekakov sovet
Препорака за лекување на хирушки лузни? Пластичен хирург,дерматолошки третман што дава ефект или слично? Приватно,државно ,небитно и цената небитна.
дали некој знае дали ова е бемка или брадавица. Порано ми беше по мала сега е зголемена, не ме боли ама ми смета посебно кога се чешлам. Кај да се обратам на кожен доктор?
Здраво. Може е глупаво ама морам да прашам дали некој има ваков проблем... Приметувам кога ке сум нервозна ми се појавува топче едно или две три на кожата глупаво ми е да кажам на кој дел...Кога ке ми е нормално нема ништо.. Има ли некој со ваков проблем... Сериозно ли е? Или може нервна база... Може ли да ми пише некој..
Бенка е,мерка ми има иста на главата, и јас мислев дека е брадавица ама дерматологот кажа дека е Бенка , да не се гиба и да се прати дали расти, контрола еднаш годишно ни рече