Имам правено тоа што сум алергична не јадам. Nixаr пијам секој ден. Ако е алергија ќе поминеше од урбазонот и синопенот. Незнам веќе каде да се обратам. Некој приватен дерматолог во Ск?
Дали некој имал демодекси на лице? Ми се појавија во бременост. Одам кај Д-р Ирена во 8ми Септември. Ми препиша креми и суплементи. Подобра ми е состојбата ама многу е долг процесот на лечење...Дополнително месецов пијам и Ивермектин... Ми рече дека е на нервна база и дека не се предизвикани од надворешни фактори..некој друг нешто да ми препорача?
Ми рекоа дека може да е како алергија од животни куче,маче Ние чуваме куче дома рече дека од негово влакно или нешто се појавило алергија ми препиша шампон во случај да се рашири,канестен и уште една на М маст јас од таа на М ставав и се повлече
@KikiKviki Не е алергија од милениците, туку габична инфекција. Вообичаено се пренесува ако и тие ја имаат на некое место. Затоа и се лекува со Канестен т.е антифунгални лекови. Инаку може и да се пренесе и од други луѓе, облека, крпи, теретани, базени и сл. Се нарекува ringworm, кај нас мислам дека само ја нарекуваат габична инфекција или евентуално тинеа. Исто се користи и терминот лишаи, ама тоа може да значи и други состојби
Он имаше тој период на раката(ногата) како избричено и не му растеше еден период и мн го чешаше па се поклопи со тоа. Што и да беше помина фала богу
Сопругот ја има многу време, сам не знае од кога прв пат се има појавено бидејќи е на грбот. Почна да го чеша, бевме на дерматолог, дадоа маст ама еве после неколку месеци пак се појави. Некој предлог за добар кожен лекар за второ мислење?