Флеки на кожата по прележана алергија Јас имав сличен таков проблем ми се појавија потемни флекички на неколку места и се мачкав само со канестен маст и ми се повлекоа, но мора да бидеш упорна. Маста ја има во сите аптеки и викаат дека се употребува за се што е гливично, па затоа пробај ако сакаш, па кажи што си направила!
Флеки на кожата од алергија Јас имав една алергија на лице и ми останаја флеки..Се мачкам со ројазол маст, појака е од канестен и многу е ефикасна..Ја дават во аптеките без рецепт 170 денари е отприлика.
Флеки на кожата од алергија Епа вака На лицето имав едно мало мало точкиче, и помислив дека е херпес.Му ставив паста за да се исуши,но ништо.Ми се прошири многу ! Значи премногу!Ми беше црвено,а сега ми стана жолто,и целото е како корупки.Мислам дека тоа значи дека ми поминува но не сум сигурна.Да не знае некој што да му ставам?
Дерматолошки проблем Ретко користам форуми, ама си реков не е лошо да почнам Сакам да споделам едно проблемче, и уште подобро ако успее да се реши. Имам алергија, односно кожно заболување веќе две години, бев кај три дерматолога, и приватни и државни и ништо. Значи, изгледаат ко мали ранички, чворчиња, и за среќа имам само 3 на десната рака, едно на левата и едно на стомак. Малечки се, на почетокот ме чешаа, сега не. Демек од паднат имунитет, стрес(нели тоа е стандард кај нас), ама се мачкав со мал милион креми, пиев витамини и ништо, минимални промени. Дури ни со сончање не се уништија. Би ценела ако некој имал слично искуство да го сподели, и евентуално за ласерско отстранување дали е штетно и колку чини. Фала однапред, Поздрав
Луѓе пред некој ден собрав улично маче и го снесов во мојот дом. Седеше неколку дена, се додека не забележав значителна иритација на кожата, а подоцна ми се појавија и црвени испакнати пликови на нозете, а сега започнаа и на рацете. Најверојатно станува збор за алергија. Ставав на пликовите оцет и , ама не се смируваат, чешаат и ALFODERM маст ама не се смируваат. Чаре?
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Лицето ми е целото црвенило, грубо е и ме чеша од што може да е така Spoiler можно ли е да е од температура
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори да не имаш користено некои козметики во последно време?може да е некоја алергиска реакција..и од температура се вцрвува лицето ама не до толку
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Може од температура ама може и некоја алергија. Ако си била болна па ти е паднат имунитет и си се исфрлила од храна или нешто др. Само по себе ќе си помине, а ако се влошува оди до матичен лекар да ти даде некоја крема или таблети (Лоратидин, Летизен....)
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Во рок од час и половина уште толку ми се вцрви лицето, и се прошири по челото, носот вратот, ме фати паника подоцна ќе одам на лекар да видам што е Мајка ми ми рече да ставам оцет, ама незнам се плашам да не го разгорам уште толку
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори немој оцет да не ти се воспали уште толку поарно ти е да одиш на лекар...
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори или е некоја алергија од употреба на козметика или промена на козметика-или алергија на некоја состојка во воздухот дома или надвор на која си осетлива. Втора варијанта е дерматолошко заболување како ROSACEA,DERMATITTIS CHRONICA ,URTICARIA ... Значи секако посети лекар и доколку почесто ти се случува ова земи упат за дерматологија и испитај се убаво што е причината!!!
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Не бев на лекар затоа што до крајот на денот црвенилото се намали, но еве утрово пак уште поцрвено од вчера , братучедка ми ми донесе крема Таа ја користела бидејќи имала слично црвенило, и кажа дека и помогнало, сега се мислам дали да ствам од кремава или да отидам на лекар
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Стави слободно, јас оваа ја користам за малиот, ама незнам дали баш ќе ти помогне во зависност од кој степен ти е алергијата. Оваа е иста што и Пантексол кремата која се користи за црвенила и сува кожа. Стави нема што да изгубиш и најважно не е кортико
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Се надевам не е ептен доцна за советов. Кога ми се јавува црвенило користам активен кислород во спреј. Не може да ти наштети, зашто се користи и за во усна шуплина како спреј против афти и слично.
искрено советувај се добар дерматолог и тоа што се занимава со оваа проблематика. Или на клиника оди ако не штрајкуваат
Дали некој имал искуство со еритразма? Дерматитис или инфекција која се појавува места кои се потат (пазуви, препони, гради-делови од кожа кои се допираат) и кожата се воспалува, чеша и пече.
Е за ова сакав да прашам.Мислам дека така се викаше болеста.Здебелување на кожата.Што болест е?Како се појавува?Што се нарушува?Како се лекува? Ве молам за одговор.
Не biggirlsdontcry, не мислиме на истото. Еритразма е дерматитис кој се појавува во форма на црвенило кое чеша на одредени делови од кожата како што објаснив погоре, а нема задебелување на кожата. Тоа ќе да е нешто друго...
Еритразма(Erytrasma) е инфекција на површинските слоеви на кожата предизвикана од бактеријата Corynebacterium minutissimum. Почесто се зафатени возрасни личности, особено оние со шеќерна болест и најчесто од машки пол. Инфекцијата е локализирана на места каде се допира кожа со кожа, тоа се најчесто ингвиналните регии (препони, околина на полови органи), ретко субмамарно (под дојките) и аксиларно (под пазуви), на наборите на прстите на нозете, во вид на пространи, бледо еритроматозни (црвени) регии кои подоцна се менуваат во светло кафени лушпи со овален облик, јасно ограничени од околината со десквамација (лупење) и без знаци за централно смирување. Болеста има хроничен тек. Дијагнозата на оваа болест лесно се поставува, бидејќи бактеријата под ултравиолетови зраци сјае црвено како корал. Најчесто се применува локална терапија : антимикробска (деривати на имидазол, фуцидинска киселина, клиндамицин) и кератолитична (маст Whitfield, салицилна киселина). Во исклучителни случаи се дава еритромицин во тек на 7 до 10 дена. Важно е да се одржува сува средина на предилекционите места. Еритразмата може да ја снема, но може повторо да се појави по 6-12 месеци и бара повторно лекување.
Ти благодарам многу Абеја, го најдов и јас ова пребарувајќи и прочитав уште неколку тераписки солуции ама ме интересира дали некој имал лично искуство?