Зошто ти треба некој со лично искуство, лично сум немала (да не даде Господ на никого) но сум сретнувала луѓе со такви и слични проблеми. Ова слично како и псоријазата, хронична болест, кога ќе се активира ја лекуваш за да ги ублажиш симптомите или да ја снема за одреден период, но пак се појавува. Ако те интересира нешто подетално, прашај, можеби ќе најдам одговор.
Па друго е кога некој имал искуство да се справи со нешто, да каже каква терапија применил и сл., а друго е што вика гугл Јас се расчитав на разни сајтови што успеав да ги најдам и видов дека скоро секаде како што пиша и ти во погорниот пост се препорачува комбинирана терапија, а не само антимикотик локално да се користи како што е препорачано по преглед од лекар.
^^ Епа не вика гугл, туку се работи за доктори, ама твое е како сакаш така прави, само прво со лекар консултирај се, нека ти одреди тој терапија.
Докторите не се секогаш едногласни, различни мислења и терапии може дадат, а спомнав дека преглед е направен и мислење од лекар веќе има ама кога не е ефикасно лекувањето со одредената терапија се бара паталец. И таа терапија не се согласна со овие на докторите на интернет Еве го изворот каде што го прочитав истото што го напиша Значи сепак е гугл објаснување, без оглед дали е од доктори и е сосема во ред, супер си е објаснето . Најдов и други такви да ги наречам стручни статии како оваа и со поинакви и поконкретно опишани третмани за лекување. Разбрав за што поточно се работи, од што е предизвикано и како се превенира ама кога не е спречено треба да е лечено, а тоа е најтешкото.
Не мора да ми наведуваш извори, и не е само тоа ако примети, работам во здравство и затоа се понудив за помош, бидејќи лично можев да исконтактирам со доктор и да се најдам од помош. Не верувај многу од прашања и одговори на интернет, ако не веруваш на еден доктор отиди кај друг за друго мислење. Spoiler Некои луѓе се едноставно неблагодарни и се прават премногу паметни, не знам зошто воопшто молат за помош? И не биди толку напорна, ти праша за болеста јас ти одговорив, податоците се тие, па на колку страни сака нека ги пишува по интернет, псоријазата е секаде таа, дали на македонски, англиски, германски, хрватски сајт итн...а понудата за помош преку доктор беше последователна. А дали можеби не ти текна дека текстот за кој наведе извор, не е препишан од стручна литература?
Аbeja јас културно ти се заблагодарив за помошта и напишаното, реков дека е сосема во ред и дека е супер објаснето. Само уште еднаш потенцирав што барам, затоа што кажав дека тие податоци веќе ги имам и претходно прочитано. Ниту се правам паметна, ниту имам намера да се убедувам за нешто што е јасно дека се информации до кои што веќе сум дошла и барам нешто плус. Моето прашање не беше што е еритразма, но веројатно погрешно си го сфатила. Прашав дали некој имал искуство (мислев на искуство со лекување), ако нема-нема...дајбоже никој да нема проблеми. Баш заради тоа што не верувам на се и сешто барам лично мислење, а и да добијам сигурно нема одма да трчам да применам нешто на своја рака посебно кога се работи за проблем поврзан со здравје. Кажав каква терапија е препорачана од доктор, кажав дека не била ефикасна и кажав дека не се совпаѓа со таа во твојот пост и со другите на кои наидов...и тоа е тоа. Ако има некој што применил нешто друго што помогнало ок, ако не пак ок... Spoiler (Тоа е му доаѓа некако како да кажам дека ме касна мува, докторот ми рече да се мачкам со паштета ама не ми помага. А некој друг да ми каже дека неговиот доктор му препорачал маргарин и поминало) Никаде ниту те нападнав, ниту те навредив за да го добијам таков однос повратно од твоја страна.
Мене така ми делуваа твоите постови, како да бараш "сламка" Ти го кажав мојот совет, дури и секоја настинка и терапија за истата не делува кај секој исто. Ако не ти делува таа терапија, обрати се кај друг лекар, можеби составот на лекот не ти одговара, можеби се работи за погрешна дијагноза, се е можно. Ако сакаш, можеш и да ми кажеш преку лп, кај кој лекар си била, па ќе ти предложам некој што според мислење на мои колеги е добар за таа област. И фризер, ако не ти се свиѓа еден како работи, одиш кај друг, па кај трет итн...
Кога ќе има можност сигурно ќе се побара мислење од друго стручно лице. Мислам дека дијагнозата е добра (од двајца доктори потврдена), ама даденава терапија некако изгледа нецелосна само сигурно не сум јас компетентна да се вмешувам во нејзино одредување. Секако не можам да сугерирам што треба да се препише. Мене ми изгледа дека само антимикотик најверојатно не е доволен, а исто така препораките велат најмалку 2 недели третирање, што исто не беше посочено од доктор. Наидов на една терапија во која беше препорачано локално нанесување антимикотик и антибиотски крем најмалку 2 недели. Меѓутоа од друга страна во упатство пишува дека тој антибиотски крем што е препорачан не треба повеќе од 10 дена да се користи, а и дека користењето во комбинација со нешто друго може да го намали дејството. Така да без консултација со стручно лице секако не оди...
Луге ако знае некој лек за псоријаза мојата е вулгарис ја имам на прстите на раката и ногата.Ама не е баш иста како другите распукана коЖа ми е како рани.хелп
Луѓе јас незнам како се нарекува болеста по термин,тоа е здебелувањ на кожата.Има ли некој што имал вакви проблеми? Здебелување и на прстите на рацете,како потечени раце...Прашувам за мајка ми,за возрасна жена (44год) .. Ве молам за одговор,навистина ми е важно за се околу оваа болест!
Дали мајка ти била на лекар и дали и била дијагностицирана болеста, дали знаете за што се работи. Ако вие не знаете, ние па ич не би знаеле. Веројатно се работи за некоја кератоза, ама да не погодуваме на памет, нека си оди мајка ти на кожен лекар ако не била до сега, да не се работи за нешто друго. Дали кожата ја има променетo бојата, обликот и сл? Нека си направи и крвна слика пред да оди на лекар, можеби отекувањето на рацете е предизвикано од нешто друго. Ама се си мислам дека и е хиперкератоза,која е почеста кај жени во менопауза.
Да била на лекар и кажале дека е егзема.И дале некои апчиња за арелгија ама она мисли дека не и се добри.Ако има некој слично искуство или знае,да помогне ?
А дали некој/а од вас е алергична на ладно време? Ми се појавува осип, црвенило, ми отекува кожата. Истражував на интернет па дознав дури дека не смеам да одам на плажа оти можам да се онесвестам, да паднам во шок па дури и да завршам трагично, што ми има смисла оти истите симптоми ми се јавувале и летото кога одев наплажа. Пиев некојси апчиња и додека ги земав ништо не ми беше. Од кога прекинав еве пак. Има некоја слично искуство?
Само што се депилирав со Вит крема на рацете и одкога се измив на некои места на кожава ми се појавија како црвени точки. Малце ме пецкаше додека чекав со кремата ама не стоев повеќе од 3 мин. И сега си ставив само Бекутан пудра во прав и незнам дали ќе се смират. Незнам што да ставам оти пишува да не се употребува крема после депилација
Пребарувајки место за мојот проблем решив овде да го вметнам.Значи вака во очајна стосојба сум и така сум можеби 4 години,некој ќе рече леле бре момичко што си чекала до сега,за жал не чекав туку надевајќи се дека ке помине од се тоа што ми го даваа,не преземав некои посебни мерки,одев на кожни доктори и ми рекоа дека се некој вид габички,каде ми препишаа декотал,канестен,маст и некоја си течност пак канестен,и многу други каде немаше ефект,одев и на козметичар каде ми даде некои си овошни креми,и ми кажа дека ова било процес кој можеби ќе траело една година,но да сум се мачкала, јас до сега не видов ни од ова ефект па престанав да се мачкам. Ги имам на половината од вратот,позади на р'бетот,под пазувите,по рацете на внатрешната страна,и делот околу градите,кафени точки некои поголеми некои помали.Ми претставува огромен проблем бидејќи не можам да излезам онака нормално ,треба со нешто да се прикриам ,дали со марама или со пудра ке се намачкам ама не можам веќе вака,па плус за на плажа имам пак проблем со нив се познаваат.Поодамна во средно едно девојче ми рече зашто сум била ваква кафена по вратот,јас само што не заплакав од срам,абе пропаднав во земја,не знаев што да речам.затоа ако некој знае што би ми помогнало или минувал низ истиот проблем,kе го замолам да ми каже оти не знам веќе како и со што да си помогнам....еве и некои слики за малку од малку да знаете за какви дамки се работи иако не се гледаат убаво. поздрав
Сликите ти се нејасни и јас не сфатив што е проблемот.Точките или флеките.За точките не верувам дека ќе најдеш решение,зашто мислам дека се генетски и како старееш се повеќе ќе се појавуваат.Флеките мислам дека се габични и треба да отидеш кај некој добар дерматолог,кој ако од прва рака не може да открие закој вид станува збор а со тоа да даде и соодветно лекарства,треба да направи дополнителни испитувања. Порано Галенска лабораторија правеше едне раствор кој беше доста добар за вaкви флеки.Се викаше ACIDUM SALICYLICUM (resorcini aa 5.6) AETHANOLUM DILUTI.Сега не знам која аптека би можела да го прави,ретко која произведува свои производи.Многу е важен начинот на кој ќе го користиш,значи се тушираш чекаш кожата да се исуши,со памукче ги премачкуваш флеките оставаш да се впие течноста во кожата.По следното туширање со чиста груба крпа ги триеш ,тоа му доаѓа како прелупување ,буквално почнуваа кожата да се струже,се мачкаш повторно и се така до нивно исчезнување.Буквално треба цело тело да го ставиш под лупа и секаде каде што има навестување,мачкај. За еден месец се чистат комплетно,но секогаш треба да го имаш растворот,зашто знаат флеките да се повратат.И не се сончај дури трае терапијата. Тоа ти е мој совет од мое искуство,но сепак прво дерматолог ти препорачувам.
на едно едно место на грбот ми се појави бело крукче.. како депигментирана кожа... ми е страв да не ми се направт флеки.. мајка ми кажа дека ми е од нервоза од стрес.. совет нешто ве молам ...
Здраво на сите феминки! Јас сакам да споделам нешто со вас.Имено се работи за витилигото.Го добив 2009 од јак стрес,малку на челото имав едвај незабележливо.Меѓутоа веке 20011 кога се вратив од одмор ми се појави некое цвенило,мислејки дека се изгореници од сонцето.Но кога исчезна црвенилото се појавиа бели флеки по рзацете,нозете и лицето кои после некој период се прошириа.Бев на дерматолог,но и др. многу знаеше па ми рече дека нема лек за витилигото.Бев многу разочарана и депресивна.Слушнав за Науме од Ресен дека само тој мозе да го излечи витилигото.Ми даде некој микс од чаеви две врсти на чај,медовина и чемер.Кога го пиев чемерот имав многу јака болка во вратот.Пиев така 2 месеци заедно со диета која ме коштасе 200 еур месечно со пиенје на флаширана вода и готвенје со таа вода.После 2 мес.ми ја појача дозата и јас после после тоа завршив на клиника со токсичен хепатит од чаевите цели две недели.Веке се откажав од тоа и се помирив.Мегјутоа по инсистиранје на мојата керка дека може да проверам клетките дали се живи или мртви јас отидов на клиника.Таму ми дадоа фототерапија заедно да се мачкам со бутавате крем на телото/Овој процес е долг и трае најмалку една година.По 30 сончанја на рацете и нозете почнаа да ми се појавуваат точки.На лицето идеше поспоро па затоа докторката ми препиша маст ПРОТОПИК 0.1%.Два дена како се мачкам од маста.Скапа е,ја нарачав од Шбајцарија и 10мл.чини 3500 ден.Јас си нарачав од 30мл.Се надевам дека ке има успех.Благодарение на Др.Ирина Арсовска Безжовска и нејзините третамани јас стекнав самодоверба во себе и знам дека ке успеам. Затоа мои феминки,од лично искуство ви кажувам НЕМОЈТЕ да пробувате бабини даветини,црн дроб од јастреб,солзи од лозница,чаеви и незнам уште што не,туку да си појдете на клиника и таму да си го решите проблемот.Се надевам дека ви појаснив некои работи во врска со витилигото. Поздрав!