Ги видов сликите( ма да не се многу јасни) мене ми личат на флеки. Обавезно појди на лекар, ако сакаш ке ти препорам еден доста добар дерматолог. поздрав
Женски стварно не знам кај да се обратам моментално сум во Франција и си одам за 10 дена. Проблемот е тоа што пред сигурно има месец ипол, кога станав приметив на стомакот под папукот брунче како каснато од нешто и и кажав на мајка ми и го намачка со хидроциклин.. Но еве сега тоа ми е многу проширено и уште полошо почнав да се фрлам по телото освен на нозете. Дали ми е алергија од некое јадење или од нешто друго ни мајка ми не знае што е... Сега го мачкам со вазелин оти содржи невен, ве молам ако знаете за што станува збор да ми кажете. Однапред ви се заблагодарувам.
Имам проблем со лицето, на места околу носот челото и брадата чуствувам чешање, печење, мало црвенило и перутање. Не личи на лишај. Сега добив и мал оток на местото околу носот. Ве молам за помош, или препорачајте ми добар дерматолог.
И јас го имам истиот проблем, кај мене е на брадата, исто е печење, црвенило јадеж и перутење. Доколку го чешам ми се раширува. Дали некој знај за шт се работи? Ова ми се појавува по 2ор пат. Лани истиов период исто ми се појави. На цоја рака (препорака од аптекарка) користев Кансен маст со упорно мачкање од 2 недели се изгуби сега повторно ми се враќа. Хелллллппппп плисссс
Можно е да се работи за вид алергиска реакција што се појавува во одреден период од годината, па пожелно е да се направат дерматолошки тестови.
Јас бев на лекар и ми дадоа дијагноза себореичен дерматит. Тоа се појавувало од низа фактори меѓу кои најголем фактор е стресот. Не се лечело, но се третира со масти, доволно спиење и поздрав начин на исхрана и живот.
што користиш за себоричен дерматитис ??? бидејки и јас ја имам ама се мачкам превентивно со бутовате , инаку преку зима мн се влошува
Јас пред многу години имав ваква флека на стомакот.Тоа се случи после годишен одмор на море и докторката ми рече да се мачкам со крема канестен и една течност во мало шишенце исто канестен.Прво со течноста па со кремата и набрзо ми исчезна флеката.
И мене ми ја одредија оваа дијагноза, дури без да ме погледне докторката или да ме праша кога го добивам...јас прво го добив лани, на устата и очите, за подоцна да ми се појави и на четвртиот прст на десната рака...работата кај мене е што се појавува по употреба на шминка...но кога тоа и го кажав на докторката,ми одговори како не сум ставала шминка на раката...и не ме прати ни на алерго тест ни ништо, а причините кои ми ги спомна(стресот, мрсната кожа и неправилна исхрана) не се појава кај мене...многу сум млада за да сум под стрес, имам малку мрсна кожа а и колку-толку се хранам правилно...и значи ако не користам шминка не се појавува(сама си го тестирав тоа)...барем алерго тест да направам ако не повеќе да знам ако е од шминка да не користам веќе (а како млада девојка сакам да сум средена)...Многи се разочарав од пристапот и третманот на докторката
Prvo se izvinuvam za lat od min sum. Na grbot i na dekolteto pred moze mesec ipol mi se pojavija edni fleki koi mnogu cesaat . Nahverojatno se lisai zos na dopir e rapavo. Mi rekoa deka imalo nekoj sampon od apteka za lisai i kao demek pomagal , ama nez koj. Ima li nekoj iskustvo?
Ајде и јас да си прашам нешто. На образите, во вид на кругови одамна имам како бели флеки, не ме чеша ни ништо друго, освен ако подобро ми се погледне лицето се заприметува дека образите се посветли(бели) од другите делови на лицето. За што би можело да станува збор?
Jas imam seboreicen dermatit i cesa ne se trpi go tretiram ,nekogas obleduva nekogas mi e mnogu vospalen pa sega mi dadoa terapija da vidam bas dali ek pomogne,inace do sega koristev Belosalic za vo kosa,zatoa sto i vo kosa imam uzas
Многу состојби може да дадат бели дамки најдобро ќе ти каже дерматолог кој ќе ги виде промените, не е доволно да се опишат
Најверојатно станува збор за габична инфекција која доколку е повеќе проширена не е доволно да се третира само со шампон, шампонот кој ти го препорачуваат е сигурно од групата на антимикотици и може да е Кетоконазол, Сансун и слично. Сепак доколку не е габична инфекција не треба да ги користиш овие препарати... За вакви состојби се оди на дерматолог не се лекуваат преку рекла казала комшии пријатели или преку форум
Себороичниот дерматит е состојба која се наследува и се носи цел живот, со терапија ќе успееш некогаш да ги смириш промените но по некое време повторно ќе се појават, значи нема целосна курабилност туку самата личност се учи да се носи со состојбата. Белосаликот е добар избор за третман ... Пиши какво искуство ќе имаш со третманот.
Себороичниот дерматит значи никако ама никако нема алергиска основа, проблемот е во лојните жлезди. Примерот со шминката упатува на употреба на несоодветна шминка или козметика која дополнително ги потикнува лојните жлезди да лачат себум и да предизвикаат промени. За прегледот воопшто не се секирај Себороичниот дерматит е толку очигледен за дерматолозите што не е потребно некое посебно истражување. Смени ја шминката, користи медицински препарати за масна кожа и најважно стилот на живот т.е подобар сон, поздрава исхрана, цигари не итн Поздрав
Здраво!! Веќе 3 години имам ЕГЗЕМА и бев над 10 кожни лекари и ништо не помага дали некој може да ми помогне за оваа болест и да ми каше.
Здраво Често пати ми се случува да се нафрлам на кожата на различни места најчесто по екстремитетите но за брзо се смирувало васпалението.Последен пат започна прво со појава на црвени флеки во пределот на ципите и пубичната регија па продолжи со мали подкожни гноеви.Посетив неколку кожни доктори до сега и веќе два месеци се мачам со овој проблем.Последниот доктор ми рече дека е фоликулит и дека мора да се лекува со антибиотик ,бетадин и уште една маст .Најмногу ме изнервира тоа што ми рече дека доколку и да се среди може понатаму пак да ми се појави,од било каква депилација(и ми предложи од како ќе се среди ова да одам на трајна депилација).Од страв во овој период воопшто не се депилирам на тоа место.Ве молам за помош доколку некој имал сличен проблем
Што да правам ако ме каснала болва од моето милениче? Сабајлево станав цела со пликови на десното рамо и грбот има ли некој искуство со каснување од болва?