1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кожни промени и проблеми

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Negreva, 22 октомври 2010.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Здраво,

    На левото рамо поточно помеѓу коската и вратот,имам точка темна,накај мастило,да ми е ставено под кожата. Дали знае некој кои би биле причините за да ми се појави таа точка?
     
  2. Vanilaukus

    Vanilaukus Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Здраво. Пред околу 2 недели ми се појавија како лишаи на внатрешниот дел каде што се виткаат рацете, ме чешаа но ми поминаа. Откако ми поминаа тие чуда ми се појавија како црвени брунчиња (осип) низ скоро цело тело (на градите, кај клучните коски, стомакот, под градите, дел од вратот и препоните). Особено се приметуваа после туширање. Тие црвени брунчиња ми се појавија вчера. Денес се малку повлечени но повеќе ме чешаат. Алергична сум на phenylenediamine (го има во темните фарби за коса), трева и домашна прашина (оваа последнава се покажа само на алерго-тестот што ме зачуди затоа што немав приметено досега). Ништо ново не јадам, користам откако ми се случува ова на кожава освен еден глицерински сапун за раце (со кој не се бањав). Дали е ова алергија или некој вид на кожна болест?
     
  3. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Плс некој да има искуство со Rosacea?
     
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Знае ли некој да ми каже дали кај нас се продава Retinoids (Retin A) или која е замената за него? Однапред тенк ју :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    :d::drunk:
     
  5. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Ми искочи мала брадавица на нос и страшно ме нервира :@ ,чаре?
     
  6. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Девојки ми се појави бели многу ситни точки на прстите на рацете.Изгледа како да се под кожата.Се појавуваат и ги снемува и чешаат.На некои места почна и кожата малку да ми се лупи каде што е сува.
    Имам габична инфекција на стапалата па мислев да не ми се проширила,а и морам да напоменам работам со многу прашина и нечистотија.Некој искуство?
     
  7. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Како побрзо да ми помине црвенило од поткожни влакни на нога? Ја мијам ногата, т.е тој дел што е зафатен секој ден со сапун за побрзо да се исушат и се создаваат такви суви кори одозгора, па кога ги отстранам со пинцета, одоздола си излегува влакното. Но црвенилото нормално станува, а имам и веќе потемнети флеки.
    Некоја крема за тоа да препорачате?
     
  8. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    11.018
    Знаете што може да е ова, само на едната дланка ми се направи, kako исушена испукана кожа и изнфрлана. IMG_20170703_090543.jpg
     
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Можеби е алергиски дерматитис, мене ми реагира слично кожата при допир со накит од никел. Ако те чеша и не ти се повлече за ден-два, пробај нанеси некоја кортико крема, веднаш ќе ја смири кoжaтa.
     
    На miss-bootylicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Од течен сапун, сјај за садови, ракавици за една употреба (латекс или нитрилни) и слично. Истото го имам и јас. Смени ги течните сапуни со обични сапунчиња (на Дав на пример), садови миј со ракавици за таа намена, користи помрсни креми за раце, глицерински или на база на невен, би требало да помине. Ако не се смирува, можно е да треба некоја кортикокрема, ама тоа во консултација со дерматолог.
     
    На Antebellum и miss-bootylicius им се допаѓа ова.
  11. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.919
    Пол:
    Женски
    Ми се појавија по телото како некои ситни лишаи, црвени кругчиња, каде што кожата е сува и повремено ме чешаа. Лани исто така ги имав зимата, поточно кога залади. Ги мачкав со маст но не ми помогна. Не знам кој ми кажа да ставам од течноста за испирање на уста што е, и пробав, тие се смалија и исчезнаа. Сега гледам пак имам на две места. Дали некој има било каква претстава за што може да се работи?
    Се некако си мислам само да не ми се суши кожата од ладното. Ама пак на сите места да се со сличен облик, што знам :?:
     
  12. JovankaOrleanka

    JovankaOrleanka Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Станува збор за црвенило,нафрланост и страшно чешање во предел буквално околу анусот и надоле кон препоните.Скоро цел месец без никаква промена.Не сме пробале на своја рака никаква крема ,било што,фактички не знаеме што да превземеме.Ако нешто ни падна на памет тоа е само можеби прашокот,омекшивачот,кои крај краева ги користиме од секогаш.Незгоден и е делот каде што треба да се побара помош заради самото место каде што се наоѓа па затоа сакавме прво тука да прашаме за помош/мислење.Благодариме.
     
  13. Lady_021

    Lady_021 Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Dali mozebi nekoj znae od sto moze dse ovie fleki mi se sirat se povejke i povejke skoro 2godini
    23022269_1748929235409527_960998997_n.jpg
     

    Прикачени фајлови:

  14. KejtV

    KejtV Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2015
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Здраво да прашам дали некој може да ми предложе добар кожен доктор? Благодарам однапред :)
     
  15. stefani.i.t

    stefani.i.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    zdravo..imam edno prasanje do vas..vcera prv pat primetiv dolu na preponot nekoj cuden izrastok,,obicno kako kaj poveketo taka i kaj mene pred menstuacija na teloto mi se stvaraat bubulici pa pomisliv i ovoj pat deka e toa,megutoa ova e nesto cudno crveno kako bubulica a premnogu meko kako nekoj izrastok na koza,dali mozebi na nekoja i se slucilo ova ili pak znae za sto se raboti,me boli najmnogu koga odam,soprugot misli deka e od trienje na nozete zosto sum malku krupna :/ neznam sto da mislam uzasno e....
     
  16. libra89

    libra89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    24
    Dali kozata na mestata na promenata e Suva? Dali imate vo familijata atopija atopiski dermatit?
     
  17. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Здраво, одамна го имаш пишано мислењето, но го имам истиот проблем, исто ми се појавува само на левата рака. Ме интересираше дали дозна што е проблемот или најде решение?
     
  18. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    11.018
    Со кремче на база на невен се повлече изгледа беше од детергент за садови и тој го сменив со кремчето од данаи невен крем ми се среди
     
    На Alyson му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Феминкии можеби прв пат ќе го читате од мене од ова што ќе ви го кажам, другарка ми на лицето и е на пола од една страна дебело од друга слабо, таква е родена а естетски хируршки операции несмејт да се оперира ради компликации, дали од вас знае некој маст за здебелување на лицето, благодарам однапред.
     
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Феминки, дали некој од вас е запознаен со moluscum vulgaris (некој вид на вирусни брадавици), и дали знаете добар кожен лекар?
    Прашувам за 6годишно детенце,на клиника истите му ги корнеа со пинцети, ги има во предел на рачето (ги има и на лице) и сега има оток.