Не сум користела ништо од ова за да се запознавам или чатувам. А знам многу вакви апликации. Имав симнато lovoo еднаш за да видам што е. Нормално не ставив слика од мене туку од друга девојка најдов на интернет, пишав и лажно име. Искрено се запрепастив од тоа пто го видов. Апликацииве ги користат претежно манијаци и при запознавањето сите имаат јасна цел, бараат секс партнери и ништо друго.
Шо бе ќе се упознавам... Нејќум више. Да не се знае да се одржи исто ниво и степен на муабет више од 3 недели. Ко да не видело... Не знам. Не се упознавам со никого. Асални не останаа. Нит сум им тип, нит ми се тип.
Задоцнив со редактирање, нека спојат модератори. Апликација специјализирана не сум користела, од нормални соц.мрежи имам познанства. Како што претпоставувам, во голем дел се злоупотребува, а за машко-женските врски дадов општо мислење. Мислам од на брат ми времето многу поинаков пристап, почит, намери и све. За жал. По мое тие апликации се од доста воопштен концепт затоа и тешко да завршат работа. Има на пример апликација за запознавање којашто е поврзана со апликација за слушање музика и спојува луѓе според нивни омилени песни. Или пак апликација за запознавање со личности со слични интереси, коишто припаѓаат на една група да речам, така што од старт очекувањата да си се јасни.
Не користам специјализирани апликации за запознавање. Не сметам дека имам потреба за тоа во моментов, што не значи дека некогаш не би користела.
Имам симнато Тиндер вака од досада еднаш и немам убаво искуство. Пренападно, превулгарно за мене. Не планирам во иднина да симнувам пак.
TINDER кај нас функционира само 1%. Од ТИНДЕР дирекно на ИНСТАГРАМ па после взаемно да се молиме да се начекаме некогаш некаде, не дека сме грди, туку дека сме глупи. Јебига.
Само фејсбук ама и таму не запознавам ниту аднувам некоја, сите што ги имам горе долу се знам во живо па ги аднувам, дали 10% ми се некој рандом што ги аднав... а имам одвај 600тина пријатели.
Дали би можело да се направи апликација за состаноци кај нас која искрено би давала резултати, а не само површно. Да се смисли добар концепт, притоа да се здружиме и да го започнеме овој проект и кој сака да може да учествува. Причината за оваа тема е поттикната од тоа дека јас лично би сакала да пронајдам личност која ќе ми биде пред се најдобар пријател. Овој проект би бил значително корисен за сите нас доколку се осмисли во добар правец и би можело да започне хонорарно, па да се надогради и да прерасне во бизнис идеја од која ќе има приход. Ви благодарам за вашето време. Секое добро.
А тиндер нели е за тоа уствари? Појма немам, така сум чула. Еве ви ја темата https://forum.femina.mk/threads/Дал...-слични-платформи-за-запознавање.25363/page-6 Со среќа
Агенција за посредување при запознавање, такво нешто ти треба. Фирма во која ќе имаш стручен кадар, каде за апликантите ( или како да ги наречам) има портфолио кое е доверливо и од самата агенција те спојуваат со соодветен партнер на состанок.... Нешто такво имам гледано ме риалити шоу и уште тогаш помислив дека нешто такво фали и кај нас