1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои карактеристики треба да ги поседува едно машко?

Дискусија во 'Врски' започната од ChaoS, 24 септември 2011.

  1. ChaoS

    ChaoS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Веќе забележавте дека сум машко :rofl: ..Сега едно "едноставно" прашање, кое многу машки сакаат да го знаат, а и многу момички постојано се водат по тој "факт"

    Кои катертеристики треба да ги поседува едно машко, за да бидете во врска со него? :)

    ..Нормално освен плава коса, сини очи и розева блуза :rofl: :rofl: :rofl:

    PS: една песна која знам дека нема никој да ја ислуша целата, но сепак ќе ја постирам :) ..слушнете и ... :) .. http://www.youtube.com/watch?v=q31M7fO0X1E
     
    На anonimen123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Кои каректерисити треба да ги поседува едно машко?

    Прво за физички изглед не мора да биде лепотан, ама мене да ми биде убав. И да нема многу црн тен, пошто јас светлички си ги сакам. За карактер, треба да има прво смисла за хумор, да биде вреден, да се грижи за своето здравје и изглед, позитивен, да се разбираме меѓусебно, да бидеме слични, да можеме да си правиме муабет со часови и така.
     
  3. ChaoS

    ChaoS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Кои каректерисити треба да ги поседува едно машко?

    ..О.К. викаш да можеме да правиме муабет со часови, да се разбираме мегусебно, да бидеме слични... и се друго. Но постојано (скоро секогаш, кога ќе помине некој од локалните т.н "кремци" кои се со женска само за една вечер) веднаш да почнува да зборува/ат за него и да му даваат комплименти и да викаат како сакаат со него да бидат до крај на животот бла..бла..бла .. за после некое време да го пцујат истиот и да се вратат кај тебе, се додека не помине некој друг "кремац"..

    sorry за користење на зборот "кремац" ама моментално тоа е тренд :D (барем кај машките) :)
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Инаку се пишува карАктеристики ;)
    Ќе зборувам во свое име.
    Најбитното нешто кое може да ме привлече кај еден маж е шарм и харизма.Дури мислам дека овие два поими доста често одат во комбинација еден со друг.
    Сакам мажи кои зборуваат малку, но имаат што да кажат.Мажи кои без разлика во какво и друштво да се најдат на маса, да знаат да направат муабет.
    Сакам мажи кои имаат смисла за хумор, отворени погледи кон животот, авантуристи во душа.
    Сакам мажи кои жената навистина ја третираат како припадничка на понежниот пол, имаат убави манири.
    И ќе излажам ако кажам дека физичкиот изглед не ми е битен. Битен ми е, но не и пресуден!
    Доволно е типот да има убави раце и дланки и добро дупе :lol:
     
    На Shana и Unica им се допаѓа ова.
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Прво и основно... брак или врска сеедно, треба да ја САКА својата сопруга/девојка!
    Под ова САКА не мислам само да го привлекува или онака само на зборови да ја сака, да ја сака подразбира да ја прифаќа со сите нејзини мани и доблести, а не да биде со неа поради некоја нејзина доблест или поради некоја нејзина мана да и мрчи.

    Треба да биде трпелив! Трпение - спасение!

    Интелегентен, паметен и да биде постојано отворен за нови сознанија, а не да си мисли дека е паметен и дека знае се'!

    И нормално лаже таа што ќе каже дека не и' битен физички изглед.
    Првиот впечаток кој го добиваме за одредена личност доаѓа од неговиот визуелен приказ и истиот е пресуден за тоа дали ќе сакаме понатаму подобро да ја запознаеме дотичната личност.
     
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Прво и основно да е човек кој што ги сака луѓето и животните..човек кој ќе ме поддржува, кој ќе знае да ме насмее,кој ќе ме сака безусловно и ќе биде секогаш до мене.
     
  7. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Пред се мора цоекот да има авантуристицки дух колку-толку оти изгоре Банско. :rofl:
    Таква сум спонтана, имам променливо располозение, де смирена де нервозна де не знам каква, па ке му послузат и пар добри нерви. :) Типицна дупла вага, јбг.
    Убавината стварно не ми е пресудна, битна ми е ама не е она најбитното.
    Да не е папуцар , да има убава насмевка.
    Да не ми вели секој ден те сакам, посто така самиот збор ми го губи знацењето .
    Има усте многу ситници ама во главно тоа е. :)
     
  8. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    Прашањето не ти е баш на место,бидејќи не тера да генерализираме,што според мене сигурно не би бил одговор на твоето прашање,кое мислам дека е поставено заради сопствена цел. Односно за да дојдиш до одговор како би требало да изгледаш ти и кои особини да ги имаш за да бидиш посакуван кај спротивниот пол. :)
    Значи, тоа дека мора да биди плав дечкото,со плави очи и нз уште каков не,не мора воопшто да значи...Мислам дека секоја девојка посакува дечко со шарм и харизма,доколку го нема тоа,џабе ти се плави или зелени очи :D . И не секоја девојка се води до строги критериуми,бидејќи се случува некој некогаш да не ги исполнува физичките критериуми ,но да има некоја хемија измеѓу вас..
    Единствен физички критериум за кој мислам дека никогаш не би го сменила,е висината...значи да не е понизок од мене. :wasntme: Друг поважен критериум е хигиената,потоа културата,манирите...Пожелно е да има навежбано тело... :P
    Сепак во глобала земено за карактерни особини скоро сите девојки посакуваме дечковци со сличен карактер (да се грижи за нас,да не сака,да ни оди по кефот итн итн... :D )...Но ако зборуваме за физичкиот изглед,според мене критериумите не се толку важни кога ќе ја пронајдиш вистинската личност...Не викам дека би била со секого,туку дека можи малку да се прогледа низ прсти кога комуницирате убаво...
    Заклучокот е дека не треба премногу да се оптоваруваш со карактеристиките,биди си тоа што си...Кога ќе ја пронајдеш вистинската личност нема да му смета тоа што си малку подебел ,послаб,со кафеави очи или нз шо... :!:
     
    На ChaoS му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Епа тие женски кои што сакаат да го поминат остатокот од животот со такви „кремци“, очигледно страдаат од ниска самодоверба штом не мислат дека заслужуваат подобро од тоа. Но не секогаш се работи за таков случај, некогаш и девојката сака само да си помине убаво за една вечер. Не мора да значи дека машкото ја искористило или дека таа очекувала повеќе :)
     
    На ChaoS му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не барам да е манекен, да биде убав. Да биде висок колку мене, или до 10тина цм повисок.
    За боја на коса, очи, не би зборувала. Сум имала и плав и црн :)
    Да биде паметен, фин со мене, да ме разбира, да биде трпелив, бидејќи знам многу често да водам инат. Не барам да е со вреќи полни пари, тие не ме интересираат. Минлива работа се. Да е човек на место, да има другари на место, бидејќи другарите многу влијаат на човекот. Сакам да биде човек со зацртана цел, одговорен, амбициозен. По можност да е романтичен, нема да се лутам :lol:
    Мене поважни ми се карактерните особини, отколку надворешниот изглед.
     
  11. kika13

    kika13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    104
    Најпрво кај машко сакам да си има свое ЈАС затоа што без тоа ништо не праи, физичкиот изглед и не ми е толку важен али битно мене да ми биде убав и најбитно од се така да има црничок тен, да биде височок и така. Е сега карактеристики: Да не биде многу љубоморен но не викам да не биде ич нека биде ама граница да има, да знае да се понаша како што треба, да не се дига премногу, да знае да се зафркава и тоа би биле едни од најважните. :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Да не биде лигле, цмиздре, плачко, мамино галениче,
    да знае што сака и како да го добие тоа без да гази по лешеви,
    да биде фино воспитан, со џентлменски манири, но не и папучар,
    да е стокмен и убаво намирисан секогаш, дури и кога игра баскет,
    да биде интелигентен, но и начитан и поткован со знаења од различни области,
    да е забавен, добродушен, но не и наивен, со фина смисла за хумор . . .

    Ајде сега да ги нацртаме сите 17 ...
    :D
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па,
    солидни 20 сантими должина, 5 - 6 ширина, еластичност, а сепак убава исправена форма, и сопственикот да знае во која насока да го движи и кога.
    :rofl:

    Ау што сум „вицкаста“ сабајлечки :tmi:

    Порано ќе речев - да е воспитан, културен, фин а финоќа подразбира емпатичен но не да ми се лигави туку да знае точно кога да подаде раче, рамо, да избрише солза и да те гушне, да ти помогне без збор, и без симфонии и залудни поезии. Џабе ми е да ме тапша и да ми вика - леле срце колку ти е тешко, цмокити цмукити, колку си ти јака, цмокити цмукити бла бла - тоа секој втор може да ми го каже.
    Да е џентлмен, да знае во диско, во ресторан и во кафич како да влегува, да ми придржи врата, поттргне столче кога седнувам, и истото тоа однесување го очекувам и во однос на моите другарки. Не мора црвени теписи, но културно да знае што се прави и кога се прави така да се почуствува дека тој е мажот а јас девојчето кое сака да е тинтрано и малку мазено :)
    Да не се цинцари и да знае чат пат барем зелка од Зелено да ме части ако знае дека ја сакам. ОК не мора зелка, марула нека биде :D
    Да биде вреден и работлив.
    Да биде комуникативен, харизматичен, позитивен, начитан и подкован со барем основни општи знаења да имаме теми за разговор, да не зјаеме у таван цело време, нали? Тишината секако да знае кога да ја замени со добар секс :D
    Да биде самоуверен и привлечен до степен хемијата да крчка дури може.
    Да биде чист, среден со солидни хигиенски навики, и да има свое хоби и свој сопствен живот онолку колку што го имам и јас за да не висиме нон стоп заедно. Едноставно да има свое ЈАС и да го почитува моето.
    Да знае да почитува и да вреднува, да биде човек и да знае да помогне.

    Е! тоа ќе речев порано, па уште и си замислував како имам дечко кој е барем приближно еднаков фрик по музиката и филмовите како мене. Знам еднаш еден дечко ужасно ме изненади кога во Хавана ги пуштаа Incubus а тој ми рече - кои се па тие?!

    Денес си велам - епа немам 15 и ми е гајле дали ги знае Инкубус или не, битно не слуша турбо фолк и нема постери од Цеца :D

    Денес сакам да е пристоен, културен, емпатичен, вреден и да знае да почитува жена. И да биде рамо за потпирање. Друго не ми е потребно. Ако треба и 20 сантими ќе ги скратам на 15 еве, нека биде :D

    Интересна работа, колку е човек поискусен толку повеќе испушта некои свои небитни критериуми.
     
    На EleMental, lebarka и Jojoba им се допаѓа ова.
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Да мириса убаво, да ме почитува и да е воспитан.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    А, ќе се караме каков е тој компромис со кратење на најважното на сантимите :D , за компромис треба двете страни задоволени, вака едната ќе страда :lol: . Од искуство тврдам дека овој критериум е круцијален за жртвување :D . Еве, јас ќе жртвувам да не е толку начитан не мора книги од 5 тома, важно да чита барем Алан Форд и Дилан Дог, :D .

    Машко според мене треба да е маж во секој смисол - да е вешт со раце и во кревет и низ дома (мајсторче бе :P ), да ми биде потпора и во добро и во зло(не да го снема при првата помала криза), интелигентно и културно поткован, со смисол и прифаќање на хумор(намќори без смисол за хумор не редам ни под точка разно) и секако со завидни хигиенски навики.

    Толку де, скромна мома сум си јас :P . Немам посебни барања дури и без џентлменски манири кај мене ќе помине, не сум фан на истите. Да бев машко, сама ќе се грабнев и ќе бегав ем со себе ем од себе, :D .
     
  16. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.449
    Најпрво треба да ме почитува како личност, а другото си иде само по себе.
    Треба да биде и симпатичен, културен ама да не биде брз на јазик (како дечко ми, ама со тек на време се одвикнува)
    Може тука да се вброи и романтиката. Сега многу малку машки се романтични, а навистина сакам барем малку да има смисла на романтита. Некогаш да ми подготви изненадување, да ми подари цвет....
    Да не го заборавам најважното- Мора да ми верува[/b] Ако не ми верува за џабе се сите останати карактеристики, и сакам да ме поддржува за се, ама баш за се. Да ми биде моја најголема поддршка, да знам дека имам некој на кој можам да му верувам, да си ги искажам маките, да ме посоветува, топло да ме прегрне. Да ми биде најдобар пријател :inlove:
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.706
    Секоја ќе каже индивидуално.
    Пример за некоја си велам-што бара со него кога многу поубава од него?Или обратно.
    Ствар на вкус.
    Некому му е битно да е со некој манекен и лепотан иако нема ништо паметно во него.Нити манири,основни нити тронка интелигенција.
    Епа драги мои,ќе ви го опишам дечко ми ,зошто со сите негови карактеристики и по 8години заедно,сеуште ме привлекува и сум вљубено во него.Многу.
    Физички е убав,нормално :P ,црна коса и кафеави очи ,насмевка преубава.
    Друга работа е што има смисла за хумор.Ама навистина,не е бледа копија на вицотека.Си има нешто во него и во секој момент ќе ти го лупне,капаче.Многу го сакаат ради тоа и секогаш е пожелен во друштво.
    Фин и културен.Никого не одминува,помош не одбива.Дружељубив и се вклопува со секој ама баш со секој.Искрен е,секога насмеан и оптимист.Води грижа за себе и својот изглед.Не е мамино синче :puke: Не ми с е допаѓа што е тврдоглав.
    Треба да знаеш дека во секој момент е тука за подршка.Тој е вистинскиот.Секогаш има време за тебе и си му на прво место.Неговата прегратка ги решава сите проблеми.Барем на момент.
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Да биде доволно силен да ме издржи мене и моите луди моменти. :lol: . Да биде доволно маж да си ги прифаќа грешките и да поднесува критика. Да не се срами да си ја крене чинијата позади себе на ручек само заради тоа што е маж |( . Да не се срами и да се штеди да работи што било за да си ја прехрани фамилијата. Да не ја прашува мама за секоја одлука. :!: Да не биди скржав и се мурти кога ќе си купите 10 пара чевли за време на ПМС.
    Епа доста се услови,a патем кажано јас еден ваков си најдов, барајте ги, ги има :lol:
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Да биде искрен, да ме почитува, да знае што сака, да нема љубоморни испади, да има цврст карактер, да го исполнува ветеното, да не заборава, чист, среден, да внимава на себе, воспитан, културен, со добра смисла а хумор, да знае да ме расположи. :)
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Е како нормално?!

    Ај ако може за мене црна коса, црни очи и црна кошула.
    Испорака пред врата чекам :)
     
    На Sofi.ja и stetoskop им се допаѓа ова.