Пред се, треба да може да ме насмее Треба да е паметен, а не самобендисан...Да е перверзен само на зборови, не и на дела.Да има мускули на рацете и да биде висок Не е важно дали е плав, црн или кафеав, само да не е му е зелена тиквата
Никад не сум барала нема ни да барам под планината(машкото) дијаманти. Значи ако ми се свиѓа некој, ондак го поседува тоа магичното жарче кое мене ме грее. Нема да му барам филозофии и незнам што. Се што ке сакам е кога би била со тој некој да се чуствувам сигурно и љубено. Не барам ништо друго.
Ова е многу релативно прашање и секоја од нас би си го одговорила субјективно. Јас преку се би поминала што се однесува до физички изглед,па и карактерно,но се што сакам кај еден маж е да ме почитува. Можам уште многу да пишувам тука,но почитта е најбитна.
Сигурно повеќето што ги знам ќе кажат: да е висок, црн/плав, да има зелени/плави очи, да биде фраер, да има убаво тело.. Добро, а што е со љубовта, со карактерот?! Не можам да замислам да бидам со некој мачо мен што ми вели дека ме сака и ми се смешка шмекерски, а уствари сака да сум на листата на уште една Спојлер глупача што ја смувал. Јас би сакала да е добар кон мене, да е нежен, да ме смета за девојка и за другар во исто време, да е спремен да ми помогне кога и да е и да знае дека и јас сум спремна истото да го направам за него, да може стане и во два насабајле само за да ме утеши зашто сум се скарала со другарка ми, да биде барем малку симпатичен. И најважно од се, да ме сака. И тоа да биде од оние искрени љубови, а не само иди ми-дојди ми да ми помине времето. Сакам таков дечко и не губам надеж дека еден ден и ќе го пронајдам.
Не ме привлекува физичкиот изглед колку што ме привлекува високата интелегенција. Добар речник, етичко однесување (не премногу ) и добар, фин карактер се побитни од плави очи (а може и не се..), црна коса, фраер.. А најважното е искрено да ме сака! Не ми треба мр. Совршен кој не ме ферма. Неам баш години да се замарам со ова, ама ипак ја пребрзо пораснав, така да на моите додадете уште 4-5 години и таман сме.
Ќе ме привлече со доброто однесување и смислата за хумор. Она другото што треба да го поседува е: -Искрено да ме сака -Да ме почитува -Комуникативен -Паметен -Лесно вклоплив во друштво -Убаво да се облекува Да не е инат и да не е премногу љубоморен.... а за физички изглед не е толку битно дали е црн или плав, иако повеќе ме привлекуваат црномањести дечки со добро обликувано тело (не мислам на билдер,него некоја си обична форма на телото) и многу ми се симпатични дупчиња на лицето при насмевка love it!
Немам некој одреден тип на машки што точно ме привлекуваат. (според физички карактеристики) Доволно е само да приметам дека го има она нешто (што незнам ни сама што е) што веднаш ме привлекува. Тој некој фактор Х . И секако да не биде намќор, туку некој весел човек со кој ќе можам да правам муабет на разни теми.
Да знае да се вклопи во среднината со моите познаници и луѓето што како и тој ми се важен дел од животот,да не се случи да одиме на кафе и овој уста да не знае да отвори (да не излезе со дечково само се љубиме не си збориме,дома во шкаф го чувам) да ме почитува да не ме навредува нормално да ме сака е сеа очи,уши,врат... да не е без ич де и најважно мора да ми мириса на убаво !
Па вака не ми е многу битно дали ќе биде плав,кафен или црн..битно ми е само да не биде понизок од мене, да знае да сака и да цени тоа што има,нејкам да биде пиченце (oнака нашки кажано) и да има број и бесплатни на вип
Карактерно : Обавезно да има свое јас и кога ќе каже/вети нешто да се држи до тоа; достоинство и крената глава- а не плачко, сечење вени, паѓање на колена, сепак според мене машкото или мажот е столбот во врската/бракот; уникатност во своите постапки и во начинот на покажување љубов; верност и почит према другарите и пријателите, за мене е сумливо ако машкото нема барем 2ца блиски другари; комуникативен и отворен со стил и манири, а не сељачко пуштање и муабети; амбициозен со јасна визија за иднината; упорен и истраен во секој почнат чекор. Ја сакам онаа игра топло-ладно ( и може и вас ќе ви звучам чудноо), но баш ми се допаѓа она чекор ипол машкото, па чекор ти, и така се наизменично. Несакам очајно да трчка по мене, туку некогаш и да се повлече и да крене глава. Несакам нападни машки кои немаат гајле да сврзат муабет со секоја женска што им фаќа око,дури повеќе сум за посрамежливите и прибрани мангупи, на прв поглед намќори и ладни, бидејки искуството ми покажало дека тие се најверни, најнежни, најискрени. Доволно ми е ние да си знаеме за нашите чуства и љубов, смешни и сувишни ми се 101 ружа и одма на фб сите да видат, свеќички и слични романтики и обавезно секој да знае и чуе. Не, кај мене нема потреба, доволно ми е ние да уживаме сами во тоа, и себично да го чуваме за нас и домашната архива во пц. Не сум тежок романтичар, иако ми пријаат некои скромни гестови, и нема потреба од она ТЕ САКАМ во секоја порака, повик или гледање. Неговата грижа, внимание, време со мене и дела, 1000 пати точно го демонстрираат она ладно кажано те сакам. Физички: Сакам високи машки, со темно-кафеава коса, кафеави очи, прав нос, мала рамномерна брадичка, убава машка уста, и најважно убави и средени заби, спакувани во супер-слатка-секси-машка насмевка. Од никогаш не ме привлекувале дефинирани раце, стомачни, грбни и незнам уште какви мускулатори истакнати, сакам нормално машко тело, никако слаб-слабичок-исушеничок.
Тоа е индивидуално, секоја девојка си е приказна за себе, со свои гледишта, размислувања, свој вкус. На пример мене најпрво ме привлекува начинот на однесување и говорот, ако не се поврземе на тој начин или ако не сме на иста бранова должина тогаш ништо. Многу е важно да е забавен и духовит но и грижлив и внимателен. И да има црна коса.
Да има шарм,чист образ,да биде истраен во тоа што го работи,да биде фер,да има достоинство,да почитува,и да почитува туго мислење без разлика на тоа дали се согласува со истото или не,и да поседува манири.Мислам дека доволно е тоа
Па за да ми биде дечко едно машко треба добро да се однесува со мене, да се има взаемна доверба и разбирање. Според мене, можеби нешто и најбитно во една врска за таа да опстои е довербата. Значи се друго е џабе ако двајцата партнери не си веруваат и не само во љубовните врски туку и во другарските релации и останатите меѓучовечки односи. Но, да не се оддалечувам од темата и пак да се осврнам, за една врска биде успешна потребно е разбирање и толеранција и работа на тоа што сака едниот, а што другиот партнер. Започнувањето на една љубовна врска воопшто не значи и откажување од и и индивидуалноста. Ако нема почит и ако некој се однесува со омаловажување и ако немаат взаемна доверба, тогаш таа една врска не може ни да опстои во таква форма.