Кои се вашите очекувања од новата влада?Дали таа ќе ги исполни ветувањата кои ги даде пред изборите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од ADOKI, 26 февруари 2017.

  1. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Зошто да пазам? Ќе ми направиш нешто?
    Ајде ако си паметна толку земи со аргументи и со докази докажи ми дека во првите 3 месеци е можна плата од 500 евра. Не само да пишуваш едно исто како папагал.
     
    На BoaVista, cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ке те пријавам за недолично и некултурно пишување е тоа ти можам,ти стварно веруваш дека Заев ке направи 500евра просечна плата?Мислам со што ви го перат мозокот не ми е јасно?
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Мислам. Јас можам да ти кажам како и зошто мислам така. Те прашувам пак и ако можеш и знаеш тогаш одговори ми, ама нормално и со докази.
    Зошто мислиш дека не може да биде толкава просечна плата?
     
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ти имаш докази дека ке биде така?
    Кој нормален ке муверува на Заев кога ги менува мслењата од денес до утре.
     
  5. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Што има да му верува или да не му верува... Времето ќе покаже..
     
    На anaja1, LollySky и crimson им се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Новата влада ке исполни се што ветила, само нема волшебно стапче па да среди се за една недела. Прво треба да го исчисти кршот што го направи дрпмне во сите сектори. Ама ептен сте гревови вие што очекувате резултати за една недела, во цел нормален свет се дава рок од барем сто дена за да се прилагоди и профункционира новата власт.
    Туку како да ви кажам... оваа влада има уште триипол години пред себе, и повеке од доволно за да размислиме дали ке гласаме за нив на следните избори.
    Не, нема каj и да е дпмне пак да се врати на власт. Не, не очекуваjте владата на сдсм да падне во секоj момент. Наместо да живеете во илузии, вратете се во реалноста во коja сдсм има солидна влада и почнете конечно да давате своj придонес како лоjaлни грагани на државава.
     
    На cresa-jagoda, mami blue, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Хахаха типичен жмровец. Јас ја прашувам да го потврди нејзиното тврдење со факти од економски аспект, таа ми вика на Заев не може да му се верува.
    Ни беше нас јасно со какви живеевме овие 10 години, ама сега сите јавно ве гледаат како се срамите.
     
    На cresa-jagoda, Sesil и pravnicka_2604 им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ти или си малоумен или не разбираш кој економски аспект,когаЗаев нема тоа да го исполни,незнам што не ти е јасно?

    Во буџетот и милјарди да има нема тоа да го исполни и крај,ке си лапаат пари во нивните џебови,има е гајле за народот.
     
  9. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Очекувам да се среди малку образованието, зошто брука е да има толку неписмен народ во 21. век. Нека има реално оценување за да се одреди кој може навистина да оди на факултет, а не сите... и нека нема партиски вработувања.

    А не е лошо и да дадат слободен ден за менструален циклус. Ќе ги гласам доживотно, верно како пензионер. :)
     
    Последна измена: 8 јуни 2017
    На cresa-jagoda, dunika, Sesil и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Заев, единствената економија која ја разбира е Вицето да печати пари, а тој да ги дели на народот. :rofl: Ете така ќе ги зголеми платите. Уште реални калкулации не направил, ама важно ветува. :fubar: (facepalm)
     
    На Rama и veteruska им се допаѓа ова.
  11. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Абе ова смешно било вашето плачење и кукање, и глумење експерти. Каков екононски аспект вика, хахаха. Таа едноставно знае.
    Ок, Клеопатра тарот. :rofl:
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  12. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ети ти кажа членката погоре од вицето плата ке качил,вие само надевајте се на празна слама,секоја будала све може да вети,дали ке исполни е друга работа,мислам дека Заев сам себе не си верува.
     
    На Lianna Anna и carangigia им се допаѓа ова.
  13. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Значи твоите факти се дека едноставно не му се верува на Заев?
    Добро, и тебе не треба да ти се верува. Зошто? Ете затоа.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Зголемување на платите, може да биде реално. Но, тоа подразбира инвестиции, за кои се потребни ниски или соодветни даноци. Со што, би се отвориле и нови работни места. Би било тоа одлично. Не сум економист, ама ете, тоа е можеби еден од начините. Но, овој сакам речам не знам кажам, уште познат како Заев, од економија заедно со неговите сопартијци, знае за бркање од работа наспроти нови работни места, зголемување даноци, јадење живи луѓе, ќе се пука, бркање од чистачка итн. Ај да не набројувам. Значи, ете така ќе ги зголеми платите. Распрашајте се колку ги исплаќа тој работниците во своите фирми. Не знам со кое лице за плати зборува. Него, каде и како начинот за истото?! Пред избори тврдеа дека имаат план, а сега не знаеле како, што и кога. Ама знаат да шараат по државата со шарените. А со таа политичка криза колку се придонесе за економска?! Многу. Да беа толку многу загрижени, немаше да го прават тоа што го правеа. Празни ветувања, ништо ново. Имаа и изјава пред или по избори, не знам точно, оти ќе ги намалат пензиите и оти ќе бркале од работа, зашто платите сега не реално биле покачени, односно не соодветствувале со економската ситуација. Требало да направат баланс. И тие сега за покачување зборуваат?! Нема врска, ќе исперат сега некоја пара со буткање ограда пред Влада, па некое тендерче. И така. Мачки го гребеле автомобилот. Му паднала цената. Иначе ќе се продавал. Како па да не.

    Иначе не, Заев не е за да му се верува. Оти сам себе се побива, негира, демантира. Во рок од нецел саат. Знае ли воопшто човекот што зборува ?! Разбирам. Многу лаги се, не се памтат сите. :rofl:
     
    На LoneWolfGuy, carangigia, veteruska и 2 други им се допаѓа ова.
  15. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Јас па тебе ти верувам офф мори муко.....:x:x:(
    Заев ве учел како да лажете.....
     
    Последна измена: 9 јуни 2017
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Економистите предупредуваат: Нереалните ветувања за зголемување на просечната плата може да имаат контра ефект и да доведат до отпуштања
    Повисока минимална и просечна плата – вети Владата на СДСМ. Во програмата е наведено дека годишно ќе се вработуваат по 16 илјади луѓе во приватниот сектор (вкупно 64 илјади луѓе за целиот мандат), дека минималецот ќе достигне 16 илјади луѓе, а просечните примања ќе изнесуваат 30 илјади денари или 500 евра, пишува Лидер.




    Viber
    „Определбата на Владата е да настојува да се подигне нивото на платите во економијата. На крајот на мандатот, минималната плата во економијата треба да ги покрива неопходните трошоци за живот. Растот на платите треба да прави притисок да се зголемува продуктивноста во економијата“ – се вели меѓудругото во програмата на Владата.

    Но, дали и како е ова остварливо? Премиерот Заев тврди дека ветувањата ќе ги остварат.

    „Јас верувам дека тоа може да се случи во 2019 година за просечната плата, а минималната плата од 16 илјади денари ветивме дека ќе се постигне до крајот на мандатот. Тоа е делумно врзано со растот на БДП, но е врзано и со мерките и механизмите со кои што еден економист може да ги разигра вкупните политики“ – изјави Заев.

    Сепак, поранешниот економски тим во кабинетот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека секое зголемување на платите по административен пат може да доведе до зголемување на невработеноста.

    „Фирмите се субјекти во кои профитот е основна мотивација. Доколку на административен начин се зголеми цената на производот, односно цената на услугата, во тој случај може да дојде до намалување на профитот, креирање загуби, како и отпуштање на работна сила. Ова значи дека ефектите ќе бидат сосема спротивни“ – изјави поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

    Сличен став дели и поранешниот заменик-министер за економија.

    „Многу е реално да има плата од 30 илјади денари, но тој тренд треба да се одвива природно. Во економијата тоа е познато и значи дека треба да се креира повеќе и да се донесат повеќе странски инвестиции, да се промовира Македонија како бизнис-дестинација, да се отвораат работни места. Само така може да има ефект, но доколку со закон се воведе оваа плата ќе се направи само контра ефект, наместо креирање нови работни места, за жал, би имало отпуштање“ – вели Христијан Делев.

    Каков е ставот на социјалните партнери?

    Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека има простор за раст на минималната плата, а тоа сметаат дека ќе биде катализатор и за општ раст на платите.

    „Анализите покажуваат дека може во најмала рака да се оди со покачување од 20 проценти на минималната плата и тоа веднаш. Доколку работодавачите се согласат дека има простор за покачување на минималната плата и за повеќе од 20 проценти, ќе одиме и со повисоко зголемување во текот на годинава“ – смета претседателот на ССК Живко Митревски.

    Сепак, работодавачите, односно оние од кои зависи дали платите ќе се зголемат, порачуваат дека не може да бидат заобиколени во целиот процес.

    „Сметам дека без консензус на сите заинтересирани страни не може да се донесе самостојна одлука за зголемување на минималната плата“ – изјави Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.

    Избрзан потег може да доведе до отпуштања

    Решението за повисоки плати не смее да ги загрози компаниите и да предизвика отпуштање работници поради зголемени трошоци на фирмите, а не треба ниту да ги поттикне компаниите да се обидуваат да ги изиграат законите. Од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ излегоа со предупредување околу зголемувањето на минималецот.

    „Најавеното зголемување на минималната плата на 12.000 денари годинава се очекува да го подобри животниот стандард на работниците со вакви примања. Сепак, наглото зголемување на минималната плата до предвидените 16.000 денари може да предизвика спротивен ефект, ако работодавците не можат да го издржат овој товар“ – порачаа од Институтот.

    Клучот за повисоки просечни плати е раст на БДП и зголемена продуктивност, објаснуваат економистите.

    „За објективно зголемување на висината на платата влијаат повеќе параметри, но клучно е дека во рамките на социјалниот дијалог е потребно да има развиена свест, како и да има економска основа за да може да се зголемуваат платите“ – смета универзитетскиот професор Лазар Јовевски.

    „Покачувањето на платите е зависно од продуктивноста на компаниите, односно од продуктивноста на вработениот. Единствен начин за зголемување на платите е зголемување на продуктивноста на вработениот“ – објасни професорот Предраг Трпески на трибина организирана за овие прашања.

    Што покажува статистиката?

    Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата по вработен на крајот од првиот квартал годинава изнесувала 22 илјади 445 денари. Ова значи дека за премиерот Заев да го исполни даденото ветување, просечната плата во земјава треба да порасне за над 7.500 денари. Просечната бруто-плата, пак, во моментов изнесува 33 илјади денари. Највисоки примања имаат вработените во воздухопловниот транспорт, компјутерското програмирање, фармацевтскиот сектор, во телекомуникациите. Најмали плати имаат вработените во производството на кожа и облека, рибарство и аквакултура, производство на мебел, услуги поврзани со одржување згради и животна средина.

    Плата за 70% од синдикалната кошница

    Ако се направи паралела помеѓу просечната плата во земјава и синдикалната кошница (пресметана од ССМ), тогаш може да се заклучи дека со една просечна плата се покриваат едвај 70% од потребите на едно семејство, доколку како репер се земе вредноста на синдикалната кошница од 32 илјади 233 денари (податоци за април). Кошницата ги опфаќа трошоците за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, култура, облека и здравје на едно четиричлено семејство, кое живее во стан од 50 квадратни метри и не поседува автомобил.

    [​IMG]


    СДСМ
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]





     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Супер, објасни ми како може едно семејство да преживее со 2 минимални плати? Да не ни сметаме колку семејства имаат по еден вработен. Знаете она, 75% од граѓаните на Р. Македонија се сиромашни. Среќа, статистички гледано, во во едно 4 члено семејство, 1 не е сиромашен :rofl:

    И кој неписмен ја пишувал статијата, што не знае ни броеви како се пишуваат?

    Плус, еве, самиот текст ти кажува дека не е можно одеднаш да се зголемат платите. Значи не бил глуп Заев ;)
     
    На cresa-jagoda, Sesil, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Не може да преживее. Иако сум за ВМРО, сега сум реална. Не е доволна ниту просечна плата за покривање основни трошоци. Меѓутоа е статијата на место. Процесот треба и мора да се одвива природно, оти се спротивно ќе предизвика зголемена цена на услугата и намален профит. Ако се изведе селективно покачување на платите не би имало логика. Има и други начини. Зголемени даноци, отпуштање од работа. Колку беа кадарни за реален начин на раст на платите гледавме едно време. Знаеме убаво кој најмногу придонесе за невработеност и во кој период стапката на истото беше намалена. Иако, потребно е на истото се уште да се работи. И тоа многу.
     
    На DAngel и veteruska им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И јас се сложувам, процесот мора да се одвина природно, инаку џабе и 10 кратно да ја зголемат, ако соодветно се зголемат и трошоците. Баш затоа не може да се изведе за еден месец, ко што некои членови овде бараат.
    Пред 11 години секаде била поголема невработеноста. Не можеме токму порзади тоа да дозволиме ВМРО да владеат вечно. Јас никому не би дозволила да е на власт повеќе од 2 мандати, ако има предвремени, 2 пати победиш - третиот мењај постава, макар и 2 години да си бил на власт. Многу моќ во глава удира. Не сум политички определена, не сум ни за СДСМ, ни против ВМРО, единствено сум против Груевски. Да го сменат него, ВМРО најверојатно ќе победи пак на следните избори. Верувам дека би гласала за ВМРО без Груевски.
     
    На crimson, pravnicka_2604 и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Време е потребно за било каков напредок, не само економски. Она што за повеќето е Груевски, за мене е Заев и сегашната политичка гарнитура. Прочитана излитена страна. ВМРО победи на последните избори, со Груевски. ВМРО ќе победеше пак доколку имаше предвремени избори, пак, со Груевски. Што и беше правилно. Избори требаше да има. Сдс избегнуваше оти го знаеше поразот. Не би можеле пак така да добијат гласови. За после 4 години не можам да коментирам, оти зависи како ќе се одвиваат работите за време на сегашниот мандат. Инаку, факт оти сегашната Влада нема поддршка од мнозинска граѓанска волја. Факт оти многу работи нечесно изиграа. Не можам и не сакам да бидам на таква страна, која на секое поле го оспорува правото во државата. Не дека другите се супер, ама се по мене помалото зло.
     
    На veteruska му/ѝ се допаѓа ова.