Кои се вашите очекувања од новата влада?Дали таа ќе ги исполни ветувањата кои ги даде пред изборите?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од ADOKI, 26 февруари 2017.

  1. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Како за почеток државата нема да се распадне туку ќе застане на нозе и ќе се опорави од владењето на груевизмот и ќе го продолжи евроатланскиот пат. Како второ неможеш да плукаш по луѓето така можеш само културно да кажеш твое мислење.
     
    На cresa-jagoda и anaja1 им се допаѓа ова.
  2. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Вие не можете да опоравите држава, не знаете како. Сакаш да се кладиме?
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Тоа дали не можеме ќе се докажи наредните 4 години кога ќе ја вратиме државата на народот.
     
    На cresa-jagoda и anaja1 им се допаѓа ова.
  4. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    4 godini?? you wish
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Од новата влада не очекувам ама баш ништо!
    Тоа е така затоа што сметам дека наредниов периот доколку се формира владата од Црпко мислам дека повеќе од периодот додека ја имаат власта ќе се бават да докажуваат , објавуваат и обвинуваат политичари од претходната власт со помош на СЈО и со тоа да исправаат криви дриње , а со тоа ќе заборават што и како ветиле на народот и со тоа ќе си направат добар пат за уште една деценија во опозиција.
    Сметам дека сето ова што го наведов нема да си го дозволат и со тоа да си заминат во пропаст, туку веднаш нека се фатат за работа со исполнување на пакет мерки кои ќе го подобрат животот во државава инаку маф им е работата!
     
    На Lianna Anna, H.VAGA, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Очекувам владеење со памет. Помалку силеџии, помалку партиски вработување и злоупотреба на истото, од типот на ( еј знаеш мене кој ме вработи , ќе правам што сакам ) :puke:, очекувам работни места со нормални плати нели така ветуваа, очекувам подобра иднина за моите деца. Ако не , сите ќе фгатиме патот изгледа кон странство па нека живеат вмро и сдсм во мк.
     
    На realGirl, cresa-jagoda, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Читам одамна на форумов, без да се регистрирам. После сите овие случувања и секакви мислења пишани решив да напишам и јас нешто, најпрво да си кажам пред да ме етикетираат, да партиски сум определен и затоа сум тука за да пишам нешто за тоа.

    Големи очекувања имате сите, а покрај таа нацистичка пропаганда на поранешната власт уште толку ви се ставаат работи кои не се така. На пример тоа што секој ден повторуваат "ајде кај е платата од 500 евра", "ајде кај се Македонците од странство да се вратат" итн... тоа само кажува дека играат на картата перење мозок. Значи секој паметен и нормален знае дека тие заебанции што ги кажуваат се ништо друго освен перење мозок.
    Па така на пример, плата од 500 евра е невозможно да имаме уште одма, и самата програма на СДСМ вика дека до крајот на мандатот таа плата ќе биде. Исто така тука правиме за просечна плата а не минимална, треба да се разликува тоа за да не се потпаѓа под пропагандата на Гебелсовите ученици. Минимална плата рекоа дека во првата година ќе биде 16.000 денари, што е возможно ако успеат случаите за економскиот криминал од СЈО да ги истуркаат до крај, ако блокираат сметки и вратат неколку милиони назад, администрацијата МОРА да се намали сакале или не сакале тоа е потребно. 16.000 денари кон крајот на првата година од новата влада се возможни, но треба да се има фактот дека опозицијата ќе биде јака и во Собрание ќе има долги дебати.

    Друга работа, треба да се има на ум фактот што претходната власт остава долг од 5 милијарди евра. Тоа е економски шок, дупка, катастрофа. Таа дупка е многу тешко да се полни уште одма, баш затоа е невозможно 500 евра плата уште одма. Секој што знае малку економија знае дека долгот ќе го враќаме уште долго, има начини како да се враќа долгот без да трпи народот и верувам дека новата влада ќе го направи тоа.
    Субвенциите мора да се исплаќаат на сите кои заслужиле, а не кано досега само на партиски војници. Новата влада има невозможна мисија која може да стане возможна ако правилно ги игра картите.

    За јазиците, тука на дело доаѓа уште еднаш пропагандата на нацистите. НИКОЈ значи НИКОЈ нема да плаќа казни за незнаење албански. Никој нема да мора да учи албански. Знамето, химната, името нема да се променат. Тоа мора да се разбере и да не се потпаѓа под нацистичка пропаганда.

    Затоа за крај, јас верувам дека со добри и луѓе без криминално минато кои ќе бидат министри, оваа држава може да има напредок кон ЕУ и НАТО. Самата меѓународна заедница сака мир на овој дел од Балканот, затоа не треба да се потпаѓа под националистички провокации. Ако некој не сака во ЕУ негов проблем, повеќе од половина во Македонија сакаат. Тоа е нов свет, нови можности, нови инвестиции.
    Затоа од новата влада очекувам да не се троши на глупости, туку да се градат фабрики и да се отвораат работни места. Само така може да се враќаат долговите кои се оставени.

    Поминаа 11 години, 2006 беше кога сите славеа по улиците за новиот почеток. Кој би рекол дека тоа значеше почеток на егзодусот и диктатурата, затоа само со ладни глави може да се продолжи понатаму, судски процеси, судења, конфискација на имот и пари, само така можеме напред кон ЕУ и кон демократија во вистинската смисла на зборот.

    Вакво зло не смее никогаш повеќе да се повтори, некој тоа не го преживеал во 90тите, ама затоа сега го преживеавме и мораме да го исечеме во корен. Само граѓанскиот концепт на владеење е вистинскиот пат за Македонија, не смее да има место за националистички реторики и повици, тоа е болест која не донела никому добро.
     
    На cresa-jagoda, Црна Ружа, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Се убаво кажано од твоја страна ова мислење ми делува како на потпарол ос СДс па според тоа може да се предвиди колку е тоа изводливо и реално?
    Мислам дека нема да имаат друга шанса доколку и овој пат оплескаат како во минатото владеење на сдс до 98 и од 2002 до 2006 и тогаш се силеа до 98 створија армија на невработени преку 250 000 граѓани останаа на улица а олигасите ( Масоните) на сдс за ич пари фи приваризираа и ги купија фабриките , исто така од 2002до 2006 планираа да вработаат најмалку по еден од секое семејство , ама и тоа не се случи , напротив се случи продажба на Есм единствената голема државна фирма која остана непродадена до 98 бидејќи не стигнаа да ја продадат и бонбона бизнисот поради кој сега мора да трпиме огромни сметки на наша штета.
    Кога врќе ругаме по некои работи треба да ги кажиме и нашите лоши страни така да мој пријателе се ова штк го имаш кажано погоре можеби има смисла до некаде ама не држи вода дека МАкедоноја ќе би Швајцарска кога Црпко ќе бидел на власт : P
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Како што кажав, со нови луѓе во министерствата кои се без криминално минато може да се реши работата и да се тргне по вистинскиот пат. Точно е тоа дека СДСМ во нивното владеење отпуштија 250.000, ама кажи ми каде го гледаш Бранко ти сега? Тој е тој што избрка толку.
    Заев ако е виновен и ако има судска пресуда за него, повели покажи ја. ВМРО имаше 11 години да ги затвори сите што правеле криминал, зошто тоа не го направи? Ги имаа сите карти во рака, требаше да ги искористат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Иако бранко не е тука ама делува како скриен крлеж од под кожа ,
    А за Жал тука е и Рада која ја паметам уште кога бев дете а сега сум возрасен маж со свои деца е тоа ти се вика нови лица во стари рува , волци во јагнешка кожа ;)
     
    На Rama и H.VAGA им се допаѓа ова.
  11. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Или не ме разбираш или не сакаш да ме разбереш. Нови лица без криминално минато има многу во СДСМ, тие се повеќе ќе бидат ставани напред баш заради тоа, бидејќи на народот му е доста од крадење, тоа се покажа и кај Албанците и кај дел од Македонците. Граѓански концепт, тоа е тоа што ја носи државата напред. За криминалците нема и не треба да има место.
    Бранко во СДСМ нема никаква функција ниту пак од страна нешто контролира.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Сакаш да кажеш дека Радмила Шекеринска е ново лице со прљав веш и тоа кандидат за министер за одбрана така?
     
    На Anna-marija., Rama, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Не е ново лице. Ти сакаш да кажеш дека сите останати кандидати за министри од СДСМ се криминалци?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Најголем криминалец им е лидерот аболициран сниман евро мене евро на вицето
     
    На Anna-marija., joy1, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Аболициран криминалец е повторувано од секој и секогаш. Дајте да ја видиме пресудата, ако имало пресуда ВМРО ќе ја пуштеле во јавност и ќе се фалеле со неа.
    Ова е веќе детски муабет, јас ти викам новите министри ќе бидат чисти луѓе, ти ми враќаш со "лидерот им е криминалец". Па и Груевски е криминалец, дали тоа значи дека цело ВМРО се криминалци?
     
    На cresa-jagoda, Zlatna12345 и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Не сакаш да признаеш тоа е твое мислење ама реалноста е друго мислам дека кратка ти е меморијата ако се сеќаваш лицето БЦ на кого го аболицираше? За случајот глобал?
     
    На Rama и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  17. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    @Достоевски ја незнам зошто се мачиш да му докажеш некои работи. Како да незнаеш како функционира нивната ментална матрица. Попушти му и спаси го од уште едно (меѓу многуте) јавно бламирање :rofl:
     
    На cresa-jagoda и Zlatna12345 им се допаѓа ова.
  18. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Дај да ја видиме пресудата де. Јас за 1 минута ќе ти најдам дека Заев е чист за Глобал. Ако викаш дека е криминалец, поткрепи го тоа.
    Дали ако Груевски е криминалец и цело ВМРО е криминално?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
  20. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Можеби ништо нема да биде затоа што претходната влада ни ја задолжи државата до тој степен што тешко може сега да одиме напред. Како можете толку да ги браните Грујо и компанија кога тие се најзаслужни што државата ни оди надолу а не нагоре. Ги наполнија нивните џебови додека нашите ги испразнија. Сега нивните долгови пак треба да се враќаат од нашите празни џебови.
    Се надевам само дека се ќе се реши и еднаш засекогаш и ние да живееме како што заслужуваме.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.