1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои се нашите предци?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Makide, 29 јануари 2012.

  1. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Ве молам ваши мислења на темава , ама без навреди и препукување.
    Какво е вашето национално чувство, од каде извира тоа чувство.
     
  2. dorinaa

    dorinaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Според мене, нашите предци се Александар Македонски, Цар Самуил, Гоце Делчев и др.
     
    На Tanjamm, Miss-Depp, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Нашите претци, според мене и според тоа што некогаш бев зачитана околу оваа тема, а можеби и повторно во иднина, ќе речам, Александар Македонски, Филип, Пердика итн., династијата на Птоломеите со последната македонска кралица Клеопатра, па се до поновата историја.Што значи една генеалогија која ми овозможува да знам кои се нашите претци, испреплетено со сите пропратни нешта кои се надоврзуваат на истата :)
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Семејно стебло нешто се бара на темава или :?: ?!

    Ок, ај сега сериозно да пристапиме кон одговорот - нашите предци се микс од првите пралуѓе кои ги населувале пештерите на овие простори, па на сите племенски заедници на античките Македонци, плус Словените кои дошле од Карпатите, па Римјаните (има пронајдоци и на Египетски корени тук таму), па Хелените, Татарите и Илирите (претците на драгите ни соседи) исто се шеткале низ наша територија често, потоа Турците биле со векови на овие простори, па за време на СФРЈ со служењето на воен рок доаѓаше до мешани бракови меѓу народите на републиките, плус по некој населен од вамте тамте, значи заклучок - нашето минато е исто, како и на било која друга нација, ако бараш чисти корени - ќе се изгубиш, а сите оние нови студии според ДНК барање сличности на народиве во Балканов и резултати од типот вие сте толку % ова, толку % она - мене лично ми се смешка.

    Гледајте си на она што е важно, непосредните предци и кругот на најблиското семејство, тоа е најважното во секој случај.
     
    На theowndemon и Annath им се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Зависи до колку далеку сакаш да одиме.
    Предци ни се и мајмуните.
    Можеби сме словенски народ, но после 5 вековно потурчување корените ни се искоренети.
    Ете тоа.
    Оставете ја Цвета што не му давала на Осман-бег. Се знае како завршила.
     
    На Ygritte, Ognenija и RedWine им се допаѓа ова.
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Зевс химселф.

    Што е важно дали предците ми се и од божанско потекло, и вака и онака, денес не се тука за да не вадат од го..на.
     
  7. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    На овие простори ,после толку војни и немири,окупаторства ,преселби, мешање на народи, многу религии тешко е да се одреди дека ние сме потомци на Античките Македонци, дека сме некои Маркови внуци или пак дека сме Гоцева раса. Секоја чест на хероите и оние кои животот го дале за земјава, огромна почит кон нив,ама секогаш имало мешање на народите и не постои нација која е 100 % чиста и има одредено потекло и не се измешала.
    Ме насмеа со ова,ама така е!
     
    На Special.Someone и Hipica им се допаѓа ова.
  8. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    Па се разбира Александар,Филип и сите антички Македонци....како што грчиштана се уверени дека потекнуваат од антички грци,а нема врска,шиптарите дека потекнуваат од илири дарданци и шо ти ја знам,така и јас имам право да си кажам јасно и гласно дека потекнувам од Античките Македонци,му одговарало тоа некому или не :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    :!: Би било можеби попаметно да се занимаваме со прашањето а какви претци ќе им бидеме ние на идните генерации?

    Дали ќе бидеме ние оние поради кои ќе немаат доволно храна и чиста вода за пиење :( бидејќи историското (непроменливо) минато и коекакви историски имиња ни беа поважни од екологијата на сегашноста, кога дозволуваме како држава да зависиме од увоз на храна(понекогаш и генетски манипулирана), енергенси иако во голема мера македонската почва потенцијално гледано е самодоволна во тој поглед - почва за пиперки, компири, домати колку сакаш - сонце и ветер за чиста струја колку сакаш...

    Освен празни историски приказни и споемници за „лечење„ комплекси на пониска вредност, што реално за конкретен живот им оставаме ние како идни претци на идните генерации??? :fubar:
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    ^^ Де де што направи божем умираме овдека за јадење,чим имаме за интернет и компјутер да си платиме,не се секирај :D А ако за тебе спомениците не значат ништо,за друг може значат,не генерализирај
    ;)
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Зборувам за иднината која денес ја креираме. Ние по извесно време ќе бидеме нечии претци, што им оставаме на идните генерации? Споменици во пустелија?
    Секој има право на своја вистина или своја заблуда. Проблемот е што постои сериозна опасност сегашните а уште повеќе идните генерации да треба да отплаќаат за заблудите на своите претци.

    Но ако ние на наредните генерации им оставиме добро разработени еколошки системи за бесплатна енергија (во Македонија по најмногу може од Сонце, потоа од ветер) доволно чиста почва и води, ген. неманипулирани семиња, тогаш тие ќе имаат доволно храна и енергија и нема да мораат да робуваат на соседите или светската економија која постојано се клати над бездна.
     
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не може само една група народ да ни бидат предци. Измешани се, античките македонци, старите словени...
     
  13. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Јас пак мислам дека немаме допирна точка со Александар Македонски. Колку други народи поминале низ оваа територија од тогаш па наваму? И да имаме нешто, сепак не е тоа - тоа. Сметам дека сме се помешале со многу народи (Словени, Турци, па и подоцна Балканските...) и тоа ептен ја истенчило врската која ја имаме со античка Македонија.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ги има многу. Не било мирно на нашето тло. Многу народи поминале и сигурно оставиле и таков белег или трага. Ничии претци не се само еден народ. Кога на еден Хитлер (некој кој многу се борел за етнички чист народ и оригинална чиста раса) мајка му била Еврејка, што понатаму?

    За еден јазик не можеме да кажеме дека има само еден извор (а до самите нас е што ќе прифатиме како дел од стандардната форма на сопствениот јазик), па сепак мислам дека никој не постигнал лингвистички пуризам. Создавање на чиста нација е многу потешко. Она што треба е да ги познаваме нашите корени, да ги браниме и да бидеме горди на сите нив и на нивните придонеси. И на Ацета и на Словените и на се` што претставува дел од нас и само не` збогатува со својата различност.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Александар Македонски и неговите претходници како Филип, Пердика,ги уважувам како наши корени, ама никој точно не утврдил од кој потекнуваме, се е контрадикторно . најмногу лично јас се водам по тоа дека сме словени, ама дали сме е прашање :D затоа не се замарајте многу, сакајте си ја Македонската нација, и култура без оглед од каде и да потекнува, секогаш ќе славиме наши празници и денови на разни борци кои ни ја бранеле земјичкава мила .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Абе можеби само можеби вие кои најмногу се удирате во гради дека сте чеда на Ацета , може па баш вашето семејно стебло да води корени од сосем други предци .
    Тука народите се мешале , разни племиња , не може само античките Македонци да останале чисти :^)
    Јас сум ќерка на мама и тато , дали имам врска со племе кое живееле пред 2000 и кусур години , не знам .
     
  17. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32

    колку што се Грците Хелени,толку и ние сме Антички Македонци
     
    На Azriel1 и babyblond им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    8.468
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ако е ова точно (дека имаме директна врска со античките македонци) тогаш дотолку полошо по Македонија. Имено станува јасно зошто македонскиот народ страда низ вековите: посеаната лоша сеидба во античко време, се претворила во жетвата која народот ја искусил низ историјата. Некогаш сме сакале да го поробиме и асимилираме светот, а денес обратно - светот сака да нè асимилира. Знаењата за карма законот и реинкарнацијата добиваат на смисла....
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Каква врска има реинкарнација со ова? Ама ајде, зарем некој од нашиве е реинкарнација од Ацка?
    А ние се мачиме да го најдеме Ацка, а оно тука некаде бил, ама не се кажуел :D
    Нема врска ова со реинкарнација.Не ме чуди да е точно тоа на Игенеа, само нема голема улога ова веќе, па и грците што се расправет, па и тоа, за џабе само.