1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои се нашите предци?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Makide, 29 јануари 2012.

  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.837
    Допаѓања:
    75.388
    Пол:
    Женски
    Што знам од кај е. 80% од роднините ми се со сини/зелени очи, си мислев може стварно Славс да сме, ама ете :wasntme:
    Балканци со тапија :$

    Правев тука
    https://www.23andme.com/en-gb/?utm_...e-u73Qn2xe_XmVIhxYkaAg9oEALw_wcB&gclsrc=aw.ds

    Може требаше на херитеџ да направам, ама бидна веќе.
    Ај ко ќе имам екстра кеш за фрлање.
    Овој тест го платив 140 евра, и тоа на попуст (facepalm)
    Имам над 1500 роднини сега, низ целиот свет. Ко тие што ги имам малку да ми се :?:
     
    На fast_and_curious и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Те молам објасни ми како немаме никаква врска со Александар и името Македонија е украдено. :)
    Нема врска што денес сме многу мешани, тоа не може да избрише цел дел од историјата.
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.507
    Пол:
    Женски
    Антички Македонци како и Александар Македонски биле грци, зборувале грчки. Ако покажеш на еден денешен грк документ од тоа време, ќе го прочита. Регионот Македониа во Грција за кој тие се лутат за името е полн со нивна историја, остатоци од Античка Македонија.

    Ние немаме врска со таа историја, Александар Македонски бил Грк кој имал држава на наша територија (како и на пола свет, нели?) и подоцна ние како Словени сме формирале тука држава и сме ја нарекле Македонија.

    Боли да се слушне, ама тоа е.
     
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Античките Македонци живееле во егејскиот дел и таму го основале нивното кралство. Тие не ја населувале денешна Вардарска, туку биле нејзини освојувачи. Да живееш во Вардарска и да тврдиш дека си потомок на Александар, е исто како да тврдиш дека си потомок на Јулиј Цезар или на Сулејман Величествениот, или белите Американци да тврдат дека се Навахо. Тоа што луѓето тука се нарекуваат Македонци е производ на некој мит. Грците се исто така многу мешан народ кој се храни од митови.
     
    Последна измена: 24 јануари 2022
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.786
    Во суштина, толку превирања има во историјата тука, толку гени се измешани, што беспредметно е да се зборува дали сигурно имаме или немаме гени од некој. Сигурно е дека имаме гени од сите кои поминале подолг период на оваа територија. Може не лично јас или некој друг, ама генералната слика на популацијата е таа. Ниту сме 100% антички, ниту сме 100% Словени, ниту сме 100% Турци, итн итн, ама дека населението повеќе или помалку има гени од сите кои поминале на овие простори е нормално. Како и за секоја друга држава. Ни постои директен потомок на антиката, ни директен потомок на Словените. Ни па дошле примитивен народ како Словените и тука избркале се што имало и се населиле, ни па 100% останала антиката. Како и во цел свет, така и тука народите се претопувале. Генетскиот код на секој кој поминал некое време тука е во населението, и дискусија кои се нашите предци во оваа насока како 100% тоа или 100% тоа стварно нема смисла.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.699
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    1.Името „Македонија“ е од старомакедонско потекло, и според преданијата доаѓа од митскиот предок Македон. Како државно име почнало да се користи во VIII век пр. н. е за Кралството Македонија, Македонската Империја, па потоа на римската покраина Македонија, византиската тема Македонија и денес за регионот Македонија и државата Македонија. Денес се верува дека името значи „планинци“ или „висока земја“ или „високи луѓе“.

    2.од најголемите антички биографи на Александар Трети Велики, Плутарх, пишува дека Александар ги повикувал своите телехранители на македонски јазик (Плутарх, Алекс. стр. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен, стр. 14).

    Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: "Царот најпрво го погледна Филота и рече: "Македонците решија да те судат". Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: "Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат". Потоа, царот рече: "Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик (Курциус Руфус, VI, c. 36).
    3.Аргеадската династија била династија на кралеви основоположници на Македонското Кралство. Започнувајќи од митолошкиот крал Каран па до славниот Филип II Македонски кој успеал да го зајакне Македонското Кралство, и славниот Александар Македонски кој ја формирал Македонската Империја.
    4.Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез.[28] Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера со Тракијци и Илири, потоа Стари Грци, Антички Македонци, и др. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, македонските Словени биле организирани во полудржавни формации — македонски склавинии. Склавиниите презеле повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

    Низ светов се дешавало свашта, џабе ќе се караме вака било онака било.Имало многу мешања, многу војни, па доселеници иселеници итн.

    Ја сум на тоа дека главен ориџин ни` е Античка Македонија и Античките Македонци.
    Аце е наш.


    Александар III Македонски или Александар Велики (Пела, 20/21 јули 356Вавилон, 10/11 јуни 323 г. пр. н. е.) — античко-македонски крал од династијата Аргеади, син на Филип II Македонски и Олимпија, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. Римјаните му го дале прекарот Magnus, „Велик“.

    Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција

    као може да кажете дека не е наш само не знам.
    Џабе ќе се тепаме со Грција и Бугарија
    Друго нешо шо не е наше?
    Името, територијава, луѓето
     
    На Горан Димие, SeaMermaid и tel-ef им се допаѓа ова.
  7. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како може Бугарија и Грција да сака да ни земе мртви луѓе :rofl: па Гоце и Ацо наш се мртви веќе одамна, што сакаат од нив не знам (facepalm):drunk::rofl:
    Шала на страна. Наши се, да не беа наши немаше за Македонија да се борат. :)
     
    На Горан Димие му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Древните Македонци имале свој пантеон со богови кои биле различни од хеленските.
     
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    5.112
    Пол:
    Машки
    Ние Македонците сме словенски народ и го зборуваме Македонскиот јазик кој е дел од јужно словенската група на јазици. Основоположници на Македонскиот јазик се словенските браќа Кирил и Методиј кој го ширеле словенството на исток и на запад. За прв пат на балканскиот полуостров забележани се првите словени во 6-7 век и затоа е прифатено тоа. Кирил и Методиј се родени во Солун, деца на Лав и Марија. Но за Лав и Марија нема податок дека се родени на балканот туку се мисли дека се родени во карпатскиот де и се населиле подоцна. Словенската миграција не траела кратко.

    Античките Македонци воглавно биле во денешниот дел на егејска Македонија и го формирале кралството Македонија бидеќи во антиката имало повеќе хеленски кралства. Името Македон потекнува од грчкиот збор Μακεδόνες (Makedones), „Македонци“, објаснето дека првично значело или „високите“ или „планинари“. 95% Александар Македонски со своите соработници и учители го користел хеленскиот јазик. Во еден историски факт пишува: Моќната Македонска армија ја освои Месопотамија. Македонскиот крал Александар го воведе хеленскиот јазик меѓу луѓето и хеленската култура. Постои факт дека античките Македонци имале свои јазик онаму каде шо Александар им се обраќал но нигде нема никаков запис или доказ за тоа писмо.

    Ние сме наследници на античките Македонци, словените започнале масовно да се населуваат во вардарскиот и егејскиот дел. Словените биле во многу поголема бројка од античките Македонци и Грци и на почетокот се одвивале напади. Словените го прифатиле името Македонија и се нарекувале Македонци бидеќи се сметале за наследници на луѓето кои живееле тука т.е античките Македонци. Нашата денешна поголема историја почнува од Кирил и Методиј, Цар Самуил, Илинденското востание и АСНОМ.

    Проблемот помеѓу грците и нас беше шо тие викаат дека "Македонија" е единствен регион кој се наоѓа во денешна Грција а дека нее држава. Но за време на османлитее во Егејска Македонија живееле денешни Македонци но никаде во ни еден документ или карта нее основана Македонија во своите природни граници како држава. Таа карта за "вистинската Македонија" е правена според тоа каде живеел Македонскиот народ. Подоцна Македонците се протерани или асимилирани како грци.

    Македонскиот Јазик нее засебен бидеќи спаѓа во словенските јазици, а словенски јазици зборуваат најголем дел од европјаните околу 350+ милиони луѓе, најмногу во Русија и Украина баш кај карпатите :D. Додека Грчкиот јазик е свој засебен и го зборуваат само грците.

    Ние имаме своја историја, свој јазик и култура и треба да ја негуваме и да не се откажеме лесно ради овие Бугариве. А Античките Македонци треба да ги респектираме само. И не можиме да го спориме фактот дека не сме словенски народ, реално.. Едноставно треба да бидеме горди шо сме словени, најголемата раса во Европа. Во однос на ДНК и физичкиот изглед, старите словени биле повеќе плави но со оглед на тоа дека овде 500 години биле турците и други окупатори, нашиот балкански изглед е повеќе црно мајнест но околу 80% од крвта ние словенска.
     
    Последна измена: 24 јануари 2022
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    И кај се сега Словените?

    Ем се населиле тука, ем биле во поголем број, ем денес не постојат кај нас.
    Исчу'риа?
     
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    5.112
    Пол:
    Машки
    Кај реков дека не постојат или ме тролаш?
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Рече “Ние сме наследници на Античките Македонци“
    Кај се Словените што се населиле во поголем број од нас?
     
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    5.112
    Пол:
    Машки
    Вајлд, ние сме словени. "Ние сме наследници на античките Македонци" со тоа шо словените кои се населиле на балканот го прифатиле името Македонија и Македонци и така се нарекувале и ден денес така се нарекуваме. Ама имаме различна култура и се друго од античките Македонци, нашата култура е словенска.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не те разбирам.
    Ние сме Словени, ама сме Антички Македонци оти сме го прифатиле името Македонија?
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    5.112
    Пол:
    Машки
    Не, не сме антички. Ние сме словени кои се населиле и кои го прифатиле само името од луѓето кои живееле тука т.е античките Македонци а етно генезата ние е словенска а не Античко Македонска (хеленска).
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Машки
    Македонскиот народ, како и секој друг на планетава има мешано потекло. Но, главно е од словенско потекло па и поради тоа учиме дека јазикот ни припаѓа на словенската група. Не можеме според тоа да тврдиме дека сме директни потомци на античките Македонци, а истовремено да говориме словенски јазик.
     
    На quattro и Srckata28 им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.507
    Пол:
    Женски
    Не, сплет на околности било да се населиме каде што биле Античките Македонци и да го земеме името Македонија.
     
    На WildMk и quattro им се допаѓа ова.
  18. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Можеби Словените дошле каде што сме живееле ние?
     
  19. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.483
    Пол:
    Женски
    Македонците најмногу делат ДНК со Србите и Албанците.
    А тоа нешто како "aнтички" народи малку потешко дека постои.
    Така да доста веќе со тоа.
    Сите народи се наши браќа и сестри, без разлика на бојата на кожата и другите карактеристики.
     
  20. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Како што велат србите: "неко меѓу нама није наш" и некој упорно се труди да докаже дека ние не сме Македонци.

    Наместо да не убедуваат во тоа, нека ни објаснат со факти како е можно цела генерација да не им каже на своите деца што сме по националност, дали сме Македонци или нешто друго, па да се прекине пренесувањето на информацијата од колено на колено и сега да претпоставуваме дека" можеби" сме нешто друго?

    Како е можно да имаме проблем со сите комшии, да сме им трн во око, а ние да "не сме Македонци".

    И во врска со Словените, кој има малку интелигенција ке употреби логика и ке разбере дека самото име ни кажува, Словени - Слово или луѓе кои го проповедаат Словото, а Словото е нашата вера. Значи името Словени неможе да биде пред Христа, туку е од новата ера.
    А што биле Словените претходно?
    - Македонци и нашите предци не дошле од зад Карпатите туку од тука оделе нагоре, бидејќи сите археолошки наоѓалишта покажуваат дека тука била нашата популација.

    Што има тука нејасно?