1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои се нашите предци?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Makide, 29 јануари 2012.

  1. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Христијанизација на Словените?
    Словени - оние кои го исповедаат Словото Божјо?
    Како тоа можеле да го изведат не ми е јасно?
    Да воведат во вера некој кој веќе ја исповеда истата вера?
    Ве молам немојте со такви небулози.
    Самото име ви кажува што се Словените.
    Името е добиено по Христа.
    А што биле предходно? Дали немаат предци од античко време? На дрво се родени?
    Од авион се гледа дека е измислица со цел да го негираат нашето потекло кое им пречи.
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Па реално, нема зошто да се залажувам себеси со етнички идентитет, ја не ни можам да знам што сум по потекло пред да направам ДНК тест. Балканот порано бил богат и крстосница на цивилизациите, Бог знае кој се тука се населил. Лично имам боја на коса и тен карактеристични за посеверни простори, и кога сум исончана сум бела, во фамилија имаме доста русокоси и црвенокоси луѓе, а и оние што се со темна коса пак се бледи, потоа пеги, сини или зелени очи се среќаваат кај нас... Ама повторно, генетски анализи би биле доказ, вака само од памет си збориме сите, пред се изманипулираните националисти кои се трескаат за држави по етнички принцип, а којзнае какви корени би изнашле кога би ги побарале.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки

    Ako pominale drugi narodi ti mislis deka sekoj so sekoj legnal vo krevet pa genite ni se izmesani?
    Dali mozebi nie sme bile tolku moderni pa evropa kasni dve iljadi godini?
    Ne si fantazirajte, se znae vo minatoto kako se cuvala cesta, zenite odele zabradeni i od kukji ne izleguvale.
    Nekoja familija ke se doseli i ako ne e od nasa krv ja brkale i im pravele shteti, pa sakale nejkele morale da si zaminat.
    I Slovenite ne bile samo na sever tuku od Sredozemno more pa se do krajot na Rusija na sever i ne postojat "stari" Sloveni, tie imeto go dobile po Slovoto Bozjo, a istoto e dojdeno so prifakjanje na verata po Hrista
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Современите етноси се резултат на државни политики повеќе племиња да се слеваат во еден народ и така и биднало.
    Прво место во животите на луѓето во средниот век заземала религијата, потоа се останато. ИРЦ (Византија) било теократско општество кое се идентификувало со православието, и ако некој сакал да биде прифатен, требало да ја прифати верата. Таква е филозофијата на аврамските религии.

    Европcкиот југ бил попримамлив за миграции отколку северот, и повеќе податен со оглед на местоположбата. На Балканскиот Полуостров му се блиски дури два други континенти.
    Како што се движиш од jужна Европа северно, опаѓа и процентот на црномурести луѓе (не сметајќи ги тазе доселениците во развиените држави).
    Дали знаеш дека во северните европски земји постои израз "маслинести" за луѓето од југот на Европа, поради тенот кој брзо потемнува?

    Што се однесува до Словените, ако сакаш да видиш како изгледаат Словени, пушти вести од Украина. Еден нема со потемен тен (мора да се ретки). Тоа не е својствено за Македонците. Мене цел живот Македонци ми забележуваат дека сум многу бела (бидејќи тешко фаќам боја) и ме прашуваат дали ми е природна бојата на косата, иако никогаш не се фарбам. Да се родев некаде на север, такви прашања никогаш немаше да чујам.
    Бидејќи е јасно дека Словените биле група како и другите северно-европски племиња, со светол изглед, очигледно кај Македонците е застапен несловенски супстрат, и се укажува на популација со мешано потекло. Јас нема да тврдам кое е моето се додека не го истражам. Вие верувајте во национален мит и терајте филмот ако ви е убаво така.
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    И грешите вие кои мислите дека во минатото не се склучувале мешани бракови. Многу хроничари и дамнешни историчари пишувале за нивната масовност. Ќе ви дадам најистакнат пример - Александар, човекот кого го сметате за свој предок, приредил огромна свадба во Суза, во која 10.000 македонски војници, вклучувајќи го него самиот, се ожениле за Азијки, т.е. Персијки.
    Нема да губам време наведувајќи други примери, зашто секако повеќето од вас верувате дека целата историја на светот е лага и фалсификат.
     
  6. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Да тврдиш дека сме Словени е исто како Мексиканците да тврдат дека се Шпанци.
     
  7. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки


    Византија не се формирала како држава со православна религија, туку првично била Источно Римско Царство со идолопоклоничка религија па по примањето на Христијанството се отцепува и формира како посебна империја.
    Точно дека имало мешање на бракови, но тоа не значи дека нашите предци не биле Македонци и дека ние немаме право на Македонско национално наследство.
    Доколку немало мешање на бракови и доколку имало геноцид на нашите предци, тогаш со право можеш да кажеш дека не сме Македонци.
    И немој да си фантазираш дека македонците се црни луѓе, јас сум бел, мојата жена и деца се бели и ретко кој од Македонците кои ги знам е со темен тен на кожата и косата, а и да е темен не значи дека нема Македонско потекло од предходно мешани бракови со Македонците.
    Нашите предци од генерација на генерација ни пренесувале дека сме Македонци и сега ти дојде тука да ни солиш памет?
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки

    Друже, ти си слишнал ли за латинска група на народи?
    Земи информирај се па држи ни предавања.
     
  9. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Постои романска група на народи.
     
    На Горан Димие и Аргентина * им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Од "немало мешани бракови, не се случило такво нешто" и проектирање на ксенофобија врз цели народи од минатото, веќе во следен пост прифати мешано потекло. (facepalm)

    ИРЦ и Византија се подоцнежни називи воведени од страна на историчарите. Во нејзино време, таа држава едноставно ја нарекувале Римско Царство. Православието се изнедрува од византиските христијански традиции кои се разликувале од западните и пред Шизмата.

    Тотално си збунет. Не одредувам јас кој е Македонец, а кој не, туку според физичкиот изглед на словенските народи од северот, дискутабилно ми е во колкав процент современите Македонци имаат словенско потекло.

    Повели едуцирај се што кажува статистиката околу застапеноста на светли очи/коса низ Европа, да видиме кој фантазира.
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    За тенот немој никого да правиш будала. Секој нормален гледа дека северните народи имаат понежна кожа, што кај Македонците е поретко како и кај останатите јужни народи.

    И пред друг пат да пласираш самоуверено дека немало словенски миграции од север на почетокот на средниот век, прочитај за Јустинијанова чума и како во најмала рака ги десеткувала жителите на Византија, по што доселеници станале неопходни.

    Агресивниот однос нема да надокнади недостаток на аргументи, нема полесно да ти поминат теориите дека постои светски заговор за разнебитување на македонското историско наследство како колевка на европската цивилизација и белата раса. Такви приказни кај Слободан Томиќ во емисија, јас не верувам дека античките Македонци биле Словени без релевантен ДОКАЗ. Историската наука тврди дека Словените доаѓаат на Балканот подоцна. Потеклото на секој овде поединечно може да се утврди само во лабораторија.

    Никому не солам памет, ти мене ме цитираше, како што го цитираш и напаѓаш секој кој се вклучува на темата. И не се нервирај и расправај што Македонците не се плави како Нордијци, не е тоа страшно, баш расизмот не е добар.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки

    1. Ние овде пишуваме општо бидејќи темата е обемна и не е возможно толку многу да се пишува, освен ако целта не ти е "одработување за странски служби" па да мораш да си ги заработиш парите што ти ги исплаќаат.

    2. Византија е подоцнежно име, сепак било Источно Римско Царство, но тоа не ги менува фактите.
    Факт е дека Римското Царство предходно било идолопоклоничко, а подоцна станало христијанско, по доаѓањето на Господ Исус Христос, што го поткрепува фактот дека и Словените немале име Словени пред доаѓањето на Господ Исус Христос, бидејќи поимот "Словени" значи луѓе кои го исповедаат, проповедаат и слават Словото Божјо и како истите би дошле кога христијанство потекнува од Византија. Но тоа е тема која сеуште нема прецизна разрешница ниту кај историчарите.
    "Чумата дошла од север" и тебе тоа ти е факт? Сакаш да кажеш дека луѓето во тоа време кога се движеле останувале да живеат секаде? Ма немој!

    3. За бојата "малку побели на север, а на југ белите малку потемни"
    Па нормално временските услови си го прават своето.

    4. Не си ја лупај главата, јас не сменив мислење за мешани бракови, прво реков дека "секој со секого не легнал во кревет" што значи немало толку блуд како во денешна Европа и дека "во тоа време луѓето си ја чувале честа", што значи мешањето на гените било минимално и во денешно време преовладуваат Македонски гени во минимум 80% од Македонците.
    Вториот пат напишав дека имало мешани брскови но истите неможат да го избришат Македонскиот ген бидејќи истиот не исчезнал, тука е во нивните поколенија. Доколку немало мешани бракови, тогаш можеш да кажеш дека во денешно време има луѓе кои немаат Македонски гени.

    Спомнуваш лабораториски анализи и мислиш дека некој е глуп за да поверува на вакви приказни за мали деца?
    Ако тврдиш дека народите се мешале и направиш лабораториска анализа мислиш дека ке излезе еден ген и ти тогаш ќе знаеш што си?

    Ако се мешале гените тогаш ни Македонците предходно не биле со еден ген, па како се нарекувале Македонци и дали од тогаш до сега гените на Македонците исчезнале?

    Веќе се направени Лабораториски анализи на населението и е утврдено дека најголем процент на овие простори се Македонци и ние имаме право на Македонско наследство, па дури и оние кои имаат мешани гени во себе си го носат и Македонскиот ген кој преовладува бидејќи Македонците биле домаќини и не исчезнале и имаат право да се наречат Македонци!

    Кој ген ти од твојата лабораториска анализа ке го земеш за релевантен ако според тебе имаш мешани гени од Македонци, Турци, Готи, Романци итн?

    Да видиме сега кој е збунет
     
    Последна измена: 8 април 2022
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Странски служби, жуто комбе.

    Ти си збунет и понатаму. Пред да замараш, одлучи се еднаш дали народите се мешале, или "ја чувале честа", со секоја реченица се премислуваш. Вистината вс. твојот национализам, одбери.

    Не знам како да ти соопштам, а да не се вознемириш - Словен и антички (Македонец) не се идентично нешто, во генетски анализи се водат како различни и посебни. Старите автохтони Балканци се смета дека делат прапотекло со народи од Медитеранот и Блискиот Исток, додека оние што ги знаеме како Словени биле нешто сосема башка и сконцентрирани на север.
    Тие истражувања кои ги спомна дека современите Македонци се во најголем дел антички (30%), не е познато врз кој и колкав репрезентативен примерок се спроведени. Друго е кога секој човек би знаел за себе, така би имал пореална слика.

    Не значи дека ако популацијата на Балканот е мешана, јас сите тие наведени гени ги носам во себе, или во ист процент како тебе. Ако и двајцата сме Македонци според државјанство, тоа не e доказ дека делиме исти корени. Јас сум само љубопитна за лично моите гени, додека нации и патриотизми сметам за вештачки концепти и опасни фикс идеи. Ти немаш право на сите да им наметнуваш македонштина и да кажуваш како да се чувствуваат.
    Ако народите се претопувале и асимилирале и тој процес нема да запре во иднина, зошто ви е важно да се групирате според колективно потекло? За да поттикнувате омраза, тензии, нови војни со другите групи?

    Доколку временските услови го направиле своето, нема смисла како не го направиле кај сите на југов каде се уште има бледолики. Да беше се во тоа, Инуитите од кога ќе станеа русокоси.

    И лоол со предавањата за "честа" порано (императорот Јустинијан се венчал со куртизана без да води сметка за мислењето на луѓето).
    Кралските фамилии први склучувале мешани бракови, на пример бугарскиот и рускиот владетел, при покрстување се ожениле со византиски принцези. Ете, толку било "неприфатливо" и "срамно".
     
    Последна измена: 8 април 2022
  13. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки

    Ти можеби имаш државјанство, но дефинитивно не си Македонец.
    Тоа од далеку се гледа од твоите предавнички ставови.

    "Жуто комбе" е навреда како резултат на разоткривање на твојата цел и недостаток на факти.

    "Честа" и "Мешани бракови" кои ми ги потенцираш како нешто за кое јас наводно сум бил контрадикторен, нема потреба од висок IQ за да се разбере, освен ако не ви е нула.
    Ке повторам, избегнување блудни дејствија и мешан брак се два различни поими. За да се измешаат сите гени реков "не легнал секој со секого", а мешани бракови имало и ке има, посебно кај императорите, кралевите и лидерите во поново време.
    Пример за тоа е Филип Втори кој со жена му Олимпија со Грчко потекло го родиле Александар Македонски.

    Во врска со национализмот целта ти е да ги изладиш Македонците веројатно затоа што од се што имаш македонско е пасошот, а потеклото со сигурност не ти е македонско.

    Ако сите други народи се националисти и ако си ја сакаат својата нација, што има лошо во тоа или зошто би морало да има омраза, тензии, нови војни со другите групи ако ние Македонците едноставно си ја сакаме својата нација?

    Или можеби вие омразата, тензиите и новите војни ги посакувате?
     
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски

    Со кого и јас дискутирам, кај ме најде мене овој ограничен ум кој мисли дека сите кои по игра на животот се родиле (етикетирани) како Македонци, со самото раѓање се чипирани да делат ист став со него.
    Ниту еден историски факт не посочи во своја полза, туку лупаш псевдо истории како Максим по дивизија, после се немакедонци и предавници тие што ти се чудат.
    Некој како тебе може да си замислува што сака, мене етничко и географско потекло од никаква корист не ми било и ништо не ми значи, како да ти објаснам, јаката нација македонска и јаката балканска цивилизација.
    Јас напишав дека некој ден ќе ги испитам моите корени, а дотогаш (ни после тоа) нема да се врзувам за романтичарски митови, уште помалку такви кои некој ги пишува на форум.

    А, да, всушност ти дефинитивно и со сигурност не си никаков Македонец, па слободно докажувај дека си.
    Се наоѓаш во длабока идентитетска криза и изигруваш поголем католик од папата. Видено многу пати во историјата. Не е ново откритие дека најголеми фанатици отсекогаш биле јаничарите, најопседнати да докажат лојалност кон султанатот (државата која ги поробувала).
    Ама оттогаш многу работи се случија и променија. Што било нормално, повеќе не е.

    Живееме во 2022 година и некој навистина треба да ги излади тие зовриени глави како твојата на Балканов, да не пропагираат агресивно фашизоидни идеи каде колективот мора да биде врзан околу етничкото и националното.
     
  15. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки

    Фашизоидни умови се оние кои се борат да ни го одземат националното чувство, онака од зад грб, педерски. Оние кои не убедуваат дека живееме во модерно време и дека сакањето на својата нација е агресија врз другите. Оние кои работат на целта да не одродат и оттргнат од нашите прадедовски корени. Оние кои не убедуваат во нешто спротивно од тоа што со поколенија ни го имаат пренесувано нашите предци. Оние кои сакаат да ни го исперат мозокот дека со лабораториски анализи наводно ќе сме дознале што сме, знаејќи дека мнозинството од Македонците немаат можност да направат такви анализи. Оние кои лукаво и со игра на зборови се обидуваат да ги излажат останатите дека ние кои си ја сакаме својата нација не ја знаеме историјата, а тие биле оние кои се знаат.

    Сите кои ги читате овие текстови ви порачувам да внимавате на лажните пророци, бидејќи живееме во време кога многу предавници имаат плодна почва и ветер во грб.
    Исто така ви порачувам да не ги мразите другите нации, бидејќи нашиот Господ Исус Христос во Новиот Завет ни има проповедано да ги возљубиме дури и непријателите наши, а камо ли нашите православни браќа.
    Колку и да не мразат, колку и да ни прават зло, сакајте ги, но не заборавајте што ни имаат кажано нашите татковци, дедовци и прадедовци. Нив послушајте ги за нашето потекло, кои сме и што сме. Тие се релевантниот извор на информација за нашето потекло, бидејќи и нив некој им кажал и тоа се пренесува од генерација на генерација.
    Ние не сме дрво без корен, ние имаме корени на славни предци со славна историја. Тоа им пречи, тоа ги боли!
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Добро позната и безброј пати видена стратегија е ова во политички дискусии. Kога неистомисленик ќе ти побара доказ/извор, или ќе те соочи со податок кој не ти одговара, раструби дека е платеник/предавник. Има многу како тебе, ама нема да може.
    Покажи де кое е твоето знаење и дека вистината е на твоја страна, како дојде до заклучок дека античките Македонци биле Словени?
    Дискутабилно е колку антички Македонци воопшто имало на територијата на денешна Вардарска, затоа што тие на поголем дел од неа дошле како освојувачи, но во ред, тоа можеме да го занемариме, бидејќи сродни на нив народи живееле на даденово подрачје.
    Туку, имиња како Аминта, Архелај, Александар, Филип, Аристотел, Птоломеј, Касандар, Клеопатра, Антипатар, од словенско потекло ли се и какво значење имаат на словенски јазик?
    Или кој е алгоритамот? Бабите ти кажуваа дека наведените историски личности билe македонски Словени и тоа ти е некаков аргумент?
    Не ширам пропаганда, јас за разлика од тебе не се зачленив поради оваа тема и не сум активна исклучиво на неа... само кога некој тврди нешто со кое мисли да ги предизвикува постоечките историски факти, барам тие тврдења да бидат поткрепени.
    Yeah, right. Од кога антинационализмот е фашизам?
    Ти си оној кој цело време се обраќа во прво лице множина и се обидуваш да ги обединиш околу твојата (патриотска) идеја сите што те читаат. Нема за тебе индивидуи со свое мислење, луѓето ги делиш на "ние" и "вие", предавници и патриоти. Тој начин на расудување е фашизоиден, штом не си знаел, време е да научиш.

    И добро, не ти е срам да лажеш и да клеветиш, откако си на темата да се расправаш, и за цело тоа време да се повикуваш на Господ?
    Никаде Библијата не учи на патриотизам и национално чувство, си помешал баби и жаби. Фали уште да напишеш дека Исус бил Македонец и распнат во Охрид и комплетиран ќе е твојот профил.
    Но, местото на богоизбран народ е одамна зафатено, жал ми е за тебе.
    Да, претпоставувам дека ти лично имаш најславни предци, можеби произлегуваш од кралската лоза на Македонија и си новиот Андриск.
    Многу големо влијание ќе извршиш врз читателите. :lol:
    Македонија е прелошо место за живот како директна одговорност на народите кои живеат во неа, така што, мнозинството би требало да се фатат за попродуктивна работа од возгордевање чии потомци наводно биле.

    Не ми се обраќајте веќе кога ви недостасуваат аргументи, отприлика се е јасно, не ми се врти во круг цело време.
     
    Последна измена: 11 април 2022
  17. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки

    Со тебе не вреди човек да се докажува и да губи време бидејќи секој факт го извртуваш како што тебе ти одговара.
    Како може Македонците да биле Словени?
    Ти телетабис да не си?
    Сто пати ли да ти кажам дека Словените името го добиле по Словото Божјо, а истото е по Христа?
    Единствена можност е Словените да се со Македонско потекло, а не обратно.
    Тоа го прочитав на почетокот итолку, не губам време повеќе со тебе.
    Се е јасно и на тие што ќе прочитаат ќе им се разјасни, а ти продолжи си да си ги извртуваш фактите и да глумиш телетабис.
    Поздрав
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Не бегај од прашањата, не биди расипано човече.
    Штом си земаш за право да пишуваш нови истории како античките Македонци и Словените биле идентичен народ, само дека вториот назив си го дале самите себе подоцна, аргументирај дека не лупаш од ракав и дека навистина било така.
    Те прашав кое е значењето во словенските јазици на имињата Архелај, Филип, Касандар, Клеопатра? Одговори ми, сакам да знам.

    Еве како Словените од северот ги нарекувале нивните пагански божества: Белобог, Чернобог, Черноглав, Дажбог, Зорја, Звезда, Јарило, Велес/Волос, Триглав, Световит, Жива, Девана, Сварог, Кораб, Погода.
    А во Македонија бил обожуван грчкиот пантеон, но под инакви имиња како Дион, Зеирене, Ксантос. Што значат овие имиња во денешниот македонски јазик?

    Ако се појават цврсти индикатори дека древните Македонци биле словенски народ, јас ќе ги прифатам, ама прво треба да постојат такви показатели.

    Не, ја сум по мајка Хазарка, по татко вонземјанка, дојдов на Фемина да ширам антимакедонска пропаганда. :rofl:

    Ти реков доколку немаш одговори да не ми реплицираш. Кога и да се уклучам на форумот, ти ме имаш цитирано и нешто плачеш. За тоа време, можеш да читаш историја на континентот, хроники од дамнешни времиња, не некои ботовски "македонистички" статии на ФБ.

    Јас сум сигурна дека денешните Македонци се мешани, и дека Словените некако издоминирале откако се населиле, па затоа денес во Македонија се говори словенски јазик. Инаку, лани кај Галичани беа пронајдени келтски гени, така да, нема што немало во Македонија, и да пишуваш дека немало мешање оти староседелците ги набркале доселениците, е надвор од умот.
     
  19. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    794
    Ау дискусијата.. очобол.
     
  20. Горан Димие

    Горан Димие Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Ако се мешани, зошто ти се лабораториски анализи? Значи Македонците не се избркани, тиука се. Тогаш имаме право на наследство.
    Изгледа од марс си дојдена.