Кои се најчести грешки кои ги правите во врска/љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од ozbilnazena, 23 април 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Што мислите, кои се вашите најголеми грешки што сте ги направиле во некоја врска или дали истите ги повторувате?
    И каде најмногу сте згрешиле?
     
  2. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    Кај мене тоа е љубомората и посесивноста, многу погрешно ама тоа е, што да правам, едноставно ме јаде од внатре |(
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.360
    Премногу се давам себе си и го ставам често на прво место...па се случува да се почувствувам како грдо пајче,напуштено кога ќе ме откачи по телефон со изговор,збори побрзо,во гужва сум! :D А обратно да е ситуацијата,јас и речам на гужвата,може малце потивко зборувам на телефон,па ќе ја решиме ситуацијата!Смотана! :D
    Тоа е тоа,премногу очекувам од него,премногу вложувам и кратам од себе,за да има за него.Ниту сум љубоморна,ниту посесивна,ниту го гушам,ниту му бранам било што,ниту сакам да го контролирам на било кој начин,ниту ми пречи ако се осами извесен период за да сработи нешто како што треба,ниту ми пречи ако треба да патува...За воља на вистината,често знам да бидам детинеста,ама баш токму за тоа што и реков,премногу му нудам,а кога ќе почувствувам дека не сум добила повратна реакција знам да направам некоја реакција на детски начин,да му одглумам лута,да му предизвикам закачка за да дојдеме до основата на проблемот,но почесто практикувам аргументирани,директни расправи. :rofl:
     
    На Sara2, Monchence и tina-lina им се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    isto isto,osobeno prviot paragraf :worried:
     
    На Saxobeat му/ѝ се допаѓа ова.
  5. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
     
  6. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    46
    исто.... :x
     
  7. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    знам да сакам и во ниеден случај не би го изневерила, сето тоа ок.. ноо има едно нешто што некако сакам да го променам. постојат други момчиња кои ми се допаѓаат(ми се допаѓаа и додека бев сингл) и со нив сум отворена и друштвена, на некој начин можеби и флертувам. во такви моменти помислувам на дечко ми но си велам Е АКО ДЕ НЕ ПРАВАМ НИШТО ЛОШО.. тој знае дека сум таков тип и тоа го прави по малку љубоморен, па некогаш и се растажува..не сакам да биде така оти знам дека ни е прекрасно во врската и се сакаме и не сакам за некоја моја глупост да дојде до раскинување
     
  8. sexy-bitch

    sexy-bitch Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    14
    премногу се нервирам и се си земам здраво за готово, и за најситни работи што немат големо значење
     
    На Saxobeat и Monchence им се допаѓа ова.
  9. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    najgolema greska sto generalno ja pravam vo zivotot pa i u vrska-NEZNAM DA PREKUTAM :x a nesto pa i treba da se prekuti :D
     
  10. Lolipop92

    Lolipop92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    15
    Најголема грешка во врската ми е што сум премногу љубоморна, а од друга страна пак колку сум се подобра и подобра кон него толку тој го злоупотребува тоа...али тоа е :)
     
    На verica94 и Saxobeat им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Грешка во врските ми е единствено што сум искрена,отворена,па поради тоа научив дека не треба да си целосно отворен,искрен,затоа што едноставно тоа не се почитува,повеќе е драго да се слушне лага,отколку вистина,ама за жал така е,а и не за друго повеќе се верува на лагата,отколку на вистината.
     
  12. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    189
    паааа што сакам секогаш да е по мое и многу сум посесивна, се лутам кога е повеќе време со другарите од со мене ]:)
     
  13. Eli-sweety

    Eli-sweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Грешки... па правам грешки но дечко ми е срцка и секогаш ми кажува каде грешам па се поправам. Инаку многу се лутам, и не сум отворена кон него-ги кријам моите чувства ама ај ке се поправам :lol:
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    Исто и јас сум затворена и не зборувам за чувства многу многу, ме нервираат таквите муабети. И секогаш се фаќам ко давеник за сламка за неговите зборови и често знам да си ги извртам и после му префрлам за нешто, а он сиротиот не ни знае за што му зборувам :D
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Е па многу сум посесивна :$ :devil: ама што да правам. И да, сум љубоморна ама со исаф :rofl: и плус си имам некои мушички низ глава, сакам се да знам што како понатаму, а тој кутриот маж е, не му е секогаш до планирање. Ете тоа. Ех, да не го изоставиме инатењето за некои безвезни работи :fubar: , ама гледам помалку се инатам во последно време :^) ќе да се смени ова. Ако, поарно.
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    премногу сум емотивна, за мојата љубов(саканиот) давам се, но не ми се враќа секогаш со исто, премногу им уденувам во уши се, сакам да сум искрена и ништо да не кријам, па не се заштитувам самата себе, па затоа станувам љубоморна кога не се искрени како јас спрема нив.
     
  17. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    332
    najcesta greska vo nasata vrska smetam deka e toa sto sekogas gi svakam rabotite epten bukvalno i ne ostavam da nekoj se zafrkava so mene pa i za banalni raboti :devil: znam deka sum kriva kasno svakami krivo mi e no imam gordost i tesko priznavam deka jas sum zgresila nesto,sekogas drugiot e kriv i sekogas mene mi se izvinuvaat zato i go mrazam zborot izviniiiiiiii zosto znam dlaboko vo mene deka jas sum kriva no ne priznavam pred nego.... :(
     
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    прво што ми падна на памет е дека премногу избувнувам без разгледување на ситуацијата :wasntme: и по некое време сфаќам... ама веќе касно фатило :D :$
     
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.149
    ... зборови и често знам да си ги извртам и после му префрлам за нешто, а он сиротиот не ни знае за што му зборувам :D
    slicno i jas... si zamisluvam nesto sosema drugo od toa sto toj govori :)! mnogu gollem inaet sum i ljubomoram zasto neznam, a nesakam ali takva sum si. isto taka previse sum iskrena.
     
  20. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Љубоморна сум понекогаш, опсесивна :( Понекогаш ми сметаат ситници, знам да избувнам за најмала ситница и да направам слон од неа... Ме нервира кога не го добивам заслуженото внимание, кога сум ставена на второ место, кога ми се тера инает, кога се има време за се освен за мене, КОГА ДРУГАРИТЕ МУ СЕ ПОБИТНИ ОД МЕНЕ а знам дека не се искрени со него и неможам да му го докажам тоа само на него а сите други го гледаат, кога се расправаме ради нив а тие тоа не би го направиле за нас никогаш, кога знам дека би го оставиле и предале на првиот чекор а тој мене очи ми вади за нив, кога ја знам вистината и некој упорно ме убедува во спротивното... е тогаш знам да бидам кучка, да кажам работи за кои подоцна се каам...се со цел да докажам дека сум во право |( Лесно простувам... често се газам самата себе за некој друг да биде задоволен...Немам срце да вратам со иста мера и честопати ова е злоупотребено... :envy: