Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои се најчести грешки кои ги правите во врска/љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од ozbilnazena, 23 април 2010.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Мене човек крајот не може да ми го најде.
    Ако не ми обрнува внимание - ми пречи. Ако претерува и ако ме бара нон-стоп - повторно ми пречи.... И? :?:
     
    На bla20 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    хах :) ...д сејм!
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    Isto isto isto...i ke dojde eden den koga ke mu recam da bira jas ili drugarite zasto preku glava mi doagja na momenti :D
    plus mrazam koga nekoj mi se dere pa uste bez pricina grrrr :@
     
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    инаетот и гордоста :@ :@ знам дека грешам ама тоа е..
     
  5. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Исто и кај мене. Тоа ми е најголема грешка, но не знам ни дали навистина е грешка или произлегува од самиот карактер на личноста во поставувањето во врската .. зашто кога ќе се заљубам и ќе засакам некого давам се од себе за да тој биде среќен и да ни биде убаво и на двајцата. А кога тоа не ми е возвратено на ист на начин, се разочарувам и не знам дали е така само затоа што премногу очекувам или едноставно сакам и јас да бидам сакана на истиот начин :worried: Тоа ми се случи со бившиот со кој неодамна ја прекинавме врската. Секогаш наоѓав начин и време за него и сето тоа за да на крај не ми биде возвратено и се да пропадне во вода. Тоа ме најмногу иритира и разочарува, али тоа е, човек се учи на грешките и можеби некогаш човек заслужува повеќе од она малку што мисли дека му е доволно.
     
  6. Desi.lala

    Desi.lala Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Откако ќе се изгорам од некого, независно дали сме биле заедно или не.. За секој следен важи она: Без мноогу залетување, без многу емоции.. повеќе на дистанца да си седам. - И по аналогија некоја никогаш не е така! |( Секогаш си ги идеализирам луѓето и ситуациите. Си замислувам некои нешта си поврзувам постапки и ситуации за да дојдам до некое решение кое by default е грешна проценка. И не е крив он, дека грешно се прикажал. Крива сум јас, бидејќи лошо сум го оценила.. т.е. ПРЕценила. А љубомората не ја ни спомнувам веќе.. Доволно уништила до сега!

    За сите што ќе се пронајдат една препорака за филм: "He is not that into you! " .. you get my point ;)
     
  7. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Понекогаш правам од мравка-слон! Сама си ги исфилмувам работите, па си се нервирам многу повеќе од потребното
     
  8. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Се пронаоѓам.. И сето тоа филмање е само поради стравот од пораз |(
     
  9. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Многу се замарам, се напињам па кај е, па што е, па зашто е, некако се поставувам премногу мајчински тоа ми го имаат и кажано :worried: ,ама што да правам таква сум едноставно морам да се замарам да се ангажирам зашто такви ми се емоциите и ракциите, или така ке постапувам или ич нема да ме интересираат, се ладам многу брзо колку што и се загревам за некој. Уф ама искомплицирав у пм :lol:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.501
    Допаѓања:
    201.483
    Пол:
    Женски
    Правење филмови... и преголема доверба... ете, толку.
     
  11. Shanee

    Shanee Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Безгрешница сум хахахааха :) незнам стварно не правам грешки..Ладна сум сакам да имам многу слобода во врската си се зезам мразам сериозност претерана.. ова не се грешки нели? :D
     
  12. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Милиони грешки правам, затоа во сите врски до сега јас излегував повредена и јас го извлекував подебелиот крај... Ке се изгорам од еден, ќе сретнам друг, па ќе си помислам дека сум го нашла вистинскиот, па ќе го идеализирам до бесконечност, ке покажувам емоции, мајчински ќе се поставувам, за сите проблеми грешките во мене ги барам....И на крај, јас сум пак оставена и повредена, а некад и искористена...Имам огромна потреба од љубов, но имам и во себе толку љубов што сакам да ја подарам некому...но едноставно мене никако не ми оди...А, поседувам толку квалитети, сега ве молам не ме сфаќајте погрешно, ама еден мој најдобар другар што како сестра ме гледа ми има кажано вака - ' девојче, освести се, па повеќето машки, би убиле да имаат девојка како тебе...' А јас еве имам 25 години и сум сама... Секој ден правам анализа каде грешам, во која насока да се променам, како да постапувам итн... Очекувам ваше мислење...Поздрав до сите :*
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Немој погрешно да ме сватиш..Ама во твои неколку постови до сега колку имам сретнато тука, постојано истакнуваш која си и каква си колку си со квалитети..Девојко тоа кажува веќе нешто..Мој совет, немој да се истакнуваш самата остави другите нека проценат и нека кажуваат..Скромноста на квалитетните луѓе е најдобриот квалитет.Јас мислам дека ти тоа го правиш и со дечковците..а верувај машките најмалку сакаат девојки кои сами се фалат за тоа кои се и какви се..Ти треба да си своја, да докажеш која си ама и во исто време да си скромна и суптилна не- егоистична. Пак ќе повторам не ми се лути, ти го кажувам ова со најдобра намера. :)
     
  14. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    тоа што секогаш се плашам да не ги изгубам и секогаш преќутувам се :(
    ај можеби во иднина ќе се смени
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Тоа. Понекогаш сум и доста флексибилна и компромисна во врска, па различни луѓе си го толкуваат тоа на различен начин, некој го поистоветува со наивност, а некој со мојата негрижа и незаинтересираност кон дотичната особа (а обете се грешки).
    Една од поголемите грешки порано беше запоставување на ДРУГАРИТЕ, значи машкиот род, поради желбите на дечкото, НО НИКОГАШ ПОВЕЌЕ... :shake: :shake: :shake:
     
  16. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    многу си ги преовиличувам работите кога него не му одат во прилог ,а кога станува за мојте тогаш велам:Де де што се напна за мали работи креваш паника? :lol:
    Клето,инат и тој и јас.....и многу дека сум одмаздољубива,и тоа.... ]:)
     
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Да, баш ова - не се жалам себеси.
     
  18. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Наивна сум , често ме носи до облаци и се осеќам неверојатно а потоа дууум на земјаа ! Сум се занесла многу во неговите зборови |( .. аа и често не знам што сакам , а знам и да изневерам уште почесто :$
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.426
    Допаѓања:
    91.526
    Пол:
    Женски
    Се вложувам целосно во врската, но научив дека не треба. Од последната врска излегов премногу повредена и научив што се не треба да му се дозволи и како да се однесувам со него, памет за др пат.
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    не знам дали е од тоа што претходно сум била повредена(а веројатно од тоа), никогаш немам целосно доверба во дечкото. И да знам дека ме сака, секогаш размислувам што би направила ако отиде со друга, ако ме остави и сл. Свесна сум дека е ова премногу лошо, а некоја маана ми е.
    Исто така често стварам причина за расправање, и за некоја среќа дечкото со кој што сум не сака да се кара, па само оставаме тоа да помине...