Изневерувам. И сум премногу горда за јас да ја спасам врската. Немам совест. Се на се,не сум тип за врски,сеуште НЕ !
Најголема моја грешка(воедно и мана) е тврдогавоста! Давам отпор кога тој настојува да ја смириме ситуацијата, држам лутина и очекувам покорување од негова страна! Лутка сум невидена, знам да се лутам со денови, а тој ќе мора да го гледа моето намуртено лице , ќе мора да поставува прашања а знае дека нема да добие одговор , ќе мора да се омилкува свесен дека ќе слушне од мене ,,ај не се глупирај,,! Грешка ми е и избувливоста! Знам да избувнам до степен што и најмалата расправија ја правам огромна кавга!
Се идентично, дури и тоа сокриеното Пуста љубомора никако да ме напушти, а за џабе сум љубоморна знам, ама ете бик. И не поднесувам кога ќе прашам некого за нешто да ми врти одоколу да одолговлекува, провоцира, а го знае одговорот и намерно прави така без врска.
Се лутам за глупости и никогаш не кажувам што е тоа кое ме налутило, ами на секое прашање одговарам со "ништо не ми е", "добро", "ок" , и "така". . Доаѓаме до точка кога нему ќе му здосади да прашува и ќе ми рече, добро ако не ти е ништо. Еее тогаш следува она "значи не ти е гајле" и така во круг додека не ми текне дека навистина ја претерувам и почнам да се умилкувам ко некое маче после дожд.
Првиот впечаток обично ми е пресуден за да видам какво е машкото , а често знам да погрешам Грешки сме , луѓе правиме
Не сум постојана. Што знам, на моменти сум многу мила и изгледам премногу заљубено, а на моменти сум многу ладна и делувам премногу незаинтересирано. Некогаш премногу покажувам дека се грижам, а некогаш дека не ми е гајле како ќе се одвиваат работите понатаму. Се вадам секогаш со „таков период ми е“. Потоа, лутка сум. Ако некој поседува талент за да се налути и за најмала глупост и ситница, тогаш тоа несомнено сум јас. Ама, некогаш мислам дека се лутам поради тоа што знам дека ќе ме молат и затоа што од самиот старт не се поставиле “строго“ со мене. Е тогаш веќе, навистина губам мерка и преминувам секаква можна граница. Горделива исто сум, но сепак мислам дека има вистина во она “Кога гордоста ќе затропа на врата, љубовта си ги пакува куферите“. Затоа тука, не претерувам, само не давам да ме газат и понижуваат, иако до сега за среќа, не ми се случило такво нешто. Толку, сега за сега.
Дозволував да ми се качат на глава, да бидам јас крива за се. Секогаш тој беше на прво место а со тоа јас заборавав на себе. Сега се научува лекцијата така што сум ладна, многу тврдоглава, во крв инает. Ма толку веќе не попуштам. Јас сум на прво место. И пнекогаш знам да бидам одмаздољубива, да вратам.
Премногу попуштам, премногу работи кријам со цел да не правам расправии, но на крај кога се ќе се насобере испаѓа дупло полошо. Премногу се плашам нешто да не згрешам со што сама дополнително си правам притисок и постојано сум напната. Толерирам и најчесто не кажувам кога нешто ми смета за да не го налутам и навредам. Се на се, многу преќутувам и трпам, сама сум крива кога нешто не ми е погодено! Папучарка
Инатам се за без врска, те така некогаш од што ми се сака Ама па кога почне и он да се инате е тогај дојде до кавга. Освен инато, тврдоглаво сум некогаш, он каже нешто јас си направам мој филм, извртам ги зборовите дури и се обидувам да му докажам дека така кажал Почесто јас попуштам оти со инат магарешки (замисли поголем од мене) си имам работа, многу често ми се случува да си притраам за нешто што ме мачи, па он почне да погодува а јас пак траам , и така наместо да си кажам што си имам на душа јас си кутам а он се нервира И немам влакна на јазик се си кажам што си имам и после коа ми текне леле ој па смири го
Премногу избувлива сум па така знам неретко да ја усерам до даска работата, и уште премногу попуштам и простувам за некој работи за кој не би требало така лесно да му ги прогледам кроз прсти.
Во сегашнава врска најчести маани ми се: - треба да ме прашаш 100 пати за да се отворам емотивно и да кажам што ми е тешко, - емотивец невиден сум, ситница може да ме растажи и расплаче воедно , - врзана сум премногу емотивно за партнерот. најголемите грешки ги правев порано, имав многу погрешни избори, дозволив други чувства да владеат место паметот и многу се залетував и секогаш со главата наведната завршив, но во оваа врска одлучив со разумот да влезам во нешто ново па да ме поведат емоциите и не погрешив..премногу сум среќна веќе 1 година
Најголема грешка а воедно и мана ми што секогаш ама баш секогаш сакам да сум во право и да е по мое, и плус сум многу тврдоглава па најчесто и стојам цврсто на својот став. После 6 години врска дечко ми ме научи каква сум па ме кулира најчесто ама пошто е јарец и е инат па понегош знае да води инат и ја тогаш ппочнам да се инатам и доаѓа до кавга ама дешава се понекогаш и ја да ја спуштам топката ама само понекад ако видам пред време дека не му е ден Пошто најчесто сакам да е по мое и да сум главна ( лидер како он што ме вика ) најчесто од негова страна кога гледа дека не може со мене на крај да искочи завршува со едно саркастично и иронично "Да, драга!" или со вадење очи кога и двајцата се инатиме и се докажуваме кој е во право! Исто така премногу попуштам и не кажувам што ми е во момент него кога ќе бидне крајност. Ги испревртувам речениците како што ја сакам и како ми одговара ( многу земам се при срце) не ми салма со разум и после треба он да ми се докажува дека не е така додека ја превртувам со очи и да ми се умилкува Имам и период без влакна на јазик па се во погрешен момент кажувама ама се вадам на ПМС најчесто е и тогаш .
Многу брзо и за многу малку се сервирам на тацна со максимална поддршка, кучешка верност и искажување љубов. Можеби токму баш затоа и се има случувано брзо да им станувам досаден (кога веќе се е освоено и сервирано, не е предизвик нели?). Исто така порано се има случувано да преовладуваат емоции, некогаш и љубомора за безвезални работи, премногу ситничев и анализирав за на крај секогаш да најдам причина за нервоза и критика. Таквиот однос е самоуништувачки и работам на негово целосно отстранување.
Кога сум лута и навредена одма избувнувам навредувам зборам му го спомнувам минатото дека ова не му е првпат дати,месеци памтам па и нив му ги спомнувам споредби правам со еден збор се кажам дури на културен начин брецам,вреѓам рецитирам не му давам можност уста да отвори.Имам зборови кажано за кој после се каам ама момент на бес.Грешка ми е лутина што не држам се за 10минути ми поминува и како ништо да не е било се што сум кажала џабе било незнам строга да бидам и тој ми го научи карактерот и си знеа дека јас можам се да простам.
Не само во врски, туку и во животот општо.. Премногу им верувам на луѓето и вложувам. Премногу и се врзувам за луѓето, посебно кога ќе успее некој да дојде до под површината..
Знам дека не сум во право, но мора да биде по мое затоа што сум многу ама многу тврдоглава и инателива и сакам да сум во право односно премногу сум своеглава кога ке се испокараме знам да го навредувам и да бидам саркастична и цинична