Многу сум љубоморна, ептен. Од што сум љубоморна понекогаш некои филмчиња во глава ќе ми се направат и после го напињам по цел ден околу тоа. Знам дека не е ок тоа но што да правам таква сум
Во последно време кога се карам , знам многу мала работа за брзо време да ја направам да биде голема . Ова е талент кој го поседувам а истовремено и грешка , да да Се трудам да не го истакнувам овој мој талент , ама проклето добро го истакнувам
Прерано ги отворам сите карти, уште на самиот почеток ставам се на маса, за да знаеме на што сме... тоа е веројатно мојата најголема грешка, ама што да правам, смачено ми е од драми и таинственост, едноставно не сакам да губам време на глупости...
исто ми се случува и на мене и не знам да молчам избувнувам во моментот знам оти не е добро али сто е тоа е...
Љубомората и избувнувањето кое не можам да го контролирам! Можеби љубомората не е толку голем проблем како избувнувањето. Од една обична работа,ќе изнакажам милион зборови за кои подоцна се каам и потоа самата на себе ми иде да си направам вака: Едноставно од мравка правам слон
Најчесто е грешка човек. Не сум јас од оние кои ќе речат глуп е,туп е,не знам и такви ствари,јас знам во секој маж нешто убаво да најдам. Грешка човек во смисла или забранет или зафатен. А богами,и помина скоро година и пол од мојата последна врска,значи ВРСКА,што заборавив се од тоа. Мислам дека моја најголема грешка е тоа што не можам да престанам да си играм со неговиот ум,да го предизвикувам,да ја мокажувам мојата полоша страна за да видам дали ќе се потруди да открие дали е тоа my best или имам и многу друго да понудам. Не можам да се одвикнам од тоа а лошо е. И ќе си каам,и имам пробано да бидам добра,фина,не бе брат,не оди. Тоа не сум јас. Понекогаш и јас многу знам да ја затупам. Шкорпија е*аго. Што можеби и премногу се жртвувам,а не барам за возврат ништо. ...
Види мајката. Се пронајдов во повеќето постови. Само за разлика од болно љубоморните, јас сум...well...мутаво љубоморна. Под мутаво љубоморна мислам - сама себе заебала, сама ке кркаш. Незнам ни самата да си се објаснам. Сепак, една ептен минимална утеха ми е што не сум единствена што се справува со ова. Само ние си знаеме колку после избувнувањето ни е тешко што сме испаднале идиотки. И пак си го бараме.
Најгрдата особина ја имам, ИНАТ. Се да биде по мое. Тоа ми е најголемата грешка. Потоа, љубомора. Сакам се да ми е под контрола, кај бил, што правел. Многу се лутам, зошто не ми се јавил кога ќе му речам.. Многу грешки правам...Многу често правам од мравка, слон. Преувеличувам работи. И затоа многу се каравме со ексот...Некогаш не се ослободувам како што треба, за да уживам...тврдоглавост..
Многу сакам да буцкам, да провоцирам.....Знам дека не чини, ама појако е од мене, сега за сега. Се обидувам да го контролирам ова, успева понекогаш (значи напредувам ). Башка, дечко ми многу често сам си се мести, па тешко е да се одолее Многу сум тврдоглава. Не само во врска, туку воопшто. Грда особина, ама тоа е. Се трудам да се инаетам што е можно помалку. Добро ми оди со оваа моја шугава особина за сега, ретко излегува на површина
Простувањето е најдобрата работа што можеш да ја направиш! Доброто го нарекуваш лошо, а лошото добро , тука изгледа ти е грешката.
Најчеста грешка,или сепак дел од карактер е тоа што не покажувам емоции кога најмногу треба. И излегувам ладнокрвна,незаинтересирана..а не сум, жими мајкл. јбг. that's me.
премногу опростувам ете и денес само да не биде поголема наместо да се налутам и озбилен разговор до крај да водам,јас пресеков само да не биде поголема....и нормално либето почнува да си се научува на тоа само незнам до кога ке можам така...
дозволувам тој да ми стане СЕ.Целиот свет ми се врти околу него.. Многу сум глупава што дозволувам толку многу да се заљубам и полудувам
Премногу се лутам за глупости, нервирам и плачам. Зборам во врскава, претходно ич не било така, тоа ми е мене. Огромни грешки што скапо ме коштаат, се надевам со време ќе ги поправам.
Многу попуштам, никогаш не се расправам. Замижувам пред некои работи за да ја средам работата. Се трудам до максимум иако гледам дека не ми е возвратено, се додека не ми помине граница на толерантност... а тоа е многууу многууу But thats me, и сеуште мислам дека вреди да се прават овие работи ако партнерот ви значи многу.
Најчеста грешка во една врска, со еден збор, ми е брзоплетоста. When I'm nervous I have this thing, yeah, I talk too much Sometimes I just can't shut the hell up It's like I need to tell someone, anyone who'll listen And that's where I seem to f*** up. http://www.youtube.com/watch?v=aSZVYZTze74&ob=av3e
Кој и да ми е крив ,нему му ја истурам нервозата Попуштам дури не ми се качи на глава ,а после - апокалипса ! Толку.