Многу брзо избувнувам и ќе му се изнавикам за се и после ми е криво Често го ставам пред се, знам да откажам некој договор за да се видам со него, и сакам секогаш перфектна комуникација, не му бранам ништо, љубоморна сум ДА, и тоа ми е маана ама па он го сака тоа
-Брзоплета - Се лутам за глупости -Понекогаш знам да ја истурам нервозата на него,ни крив,ни должен (иако некој x фактор ме изнервирал )
За све попуштам ама никогаш не заборавам, една иста грешка цел живот ќе му ја трубам дека ја сторил, се собирам во мене и на крај кога ќе пукне се во еден момент му е кажано, плачам и се лигавам за све и свашта буквално СВЕ, за да избегнам расправање ќе прогледам низ прсти тој момент, се лутам за најбанални работи само за да му вратам и да види како е на своја кожа
Ги бркав со боздоган во едната рака и касапски нож во другата. Мислам дека не им се допаѓаше тоа па ми раскинуваа. Сега научив од грешките и ги бркам или со моторна пила или со пушка. Ај сеа сериозно. Делувам премногу дистанцирано и ладно, иако ми се случува бура од емоции. Најчесто тоа го сфаќаат како незаинтересираност, а јас пустата од страв да не напињам се повлекувам и буквално секоја иницијатива ја препуштам нему.
Прво, немам ни т од тактичност, буквално немам мир кога нешто морам(ова по субјективна проценка) да речам или направам и „споредните„ ефекти во приказнава од типот - простор, време, расположение или др. луѓе ми испливуваат во кадар дури кога е премногу доцна. Ама посилно е од мене . Од друга страна пак чекам со години партнерот да го удри онаа просветлувачка молња и да го поправи она што сметам дека може. Значи имам биполарен начин на реакција - некои неразјаснети ситници ги „разрешувам„ по брза постапка, а крупнициве ги влечам молкум ко Сизиф со некој дури налудничав оптимизам полн надеж за подобрување. Второ, горделива сум и невиден инает кога знам дека сум во право. И ме полудува непотребно искажување недоверба, а ко за инает пречесто ми било сервирано, тогаш ми стапува на сцена лошиот близнак од подзнакот .
Посесивноста и љубомората на прво место. Значи никогаш, ама никогаш не смееме да дозволиме нашиот сакан да ни стане предмет на опсесија и да почнеме да го гушиме. Други не помалку важни работи се кога попуштаме за се и сешто, на пример први се јавуваме после некоја караница иако тој е виновен и тој треба да се извини а не ние. Погазување на гордост и достоинство со цел да ги задржиме покрај нас. Одиме преку понижувања, неверства и разни омаложувања, само за да го зачуваме оној кој и понатаму ќе не третира исто.
Секогаш гледам максимално да му удоволам на партнерот, а не гледам за себе си.. И не се карам никогаш, секогаш со добро
Не попуштам никогаш. Колку и да си у право, некогаш е потребно да се жртвуваш со цел да не го изгубиш тоа што го имаш, али јас не можам бре човече. Секогаш морам да бидам во право, и тоа највеќе проблеми ми прави и највеќе ме нервира. Друго, секогаш се ставам себеси пред било кој друг ( слично на првото ) и не можам тоа никако да го сменам а се би дала да не е така.
На моменти ги заборавам другарките... Ама брзо ми текнува... Дозволувам да ми влијае на расположение... Многу му попуштам на глупи расправии, зашто се глупи и го пуштам да се радува!
Најголема грешка....хмм... најголема грешка ми е што до сега никој ама баш никој не сум сакала од сите дечковци што биле со мене, нити пак сум се интересирала врската воопшто да остане, се е било "ради реда".
Стануваме зависни. Изгледа навиката е навистина ужасна и отровна работа. Па се она што не би го направиле при здрав разум, го правиме во пијанството на љубовта. Колку пати сме рекле, нема да се јавиме, а сепак сме се јавиле?! Колку пати сме рекле нема да простиме, а сепак сме простиле?! Колку пати сме си згазнале на таа фамозна гордост и нејзиниот ценет пријател-достоинството?! Колку пати сме сакале да ставиме крај, а не сме имале сили?! Да грешки се. Но некои грешки се добри. Од нив се учи. Уште ако се направени за некоја личност која навистина вреди-тогаш нема штета. Жалосно е кога 100 процентно се предаваме во нечии раце (телесно и духовно) а притоа тоа не е ценето, не е возвратено, па дури и исмеано. Лошо е кога ќе бидеме понижени и жигосани во името на љубовта. Затоа што еден ден токму од тие грешки и ќе се срамиме. Оние кои не биле вредни за правење. Јас грешев и тоа многу. Во име на моето САКАЊЕ, ги пречекорив границите. Во име на моето САКАЊЕ го повредив и него и себеси, само заради тоа што ЈАС ГО САКАВ. Никогаш не ми беше битно дали тој, чувствува барем пола од тоа што го чувствував јас. Не му дадов прилика никогаш да покаже/докаже. Секогаш МОЈАТА ЉУБОВ беше на тацна. За што требаше тој да се потруди?-За ништо. Предоцна сфатив дека тоа што го правев е апсурдно. Многу наскоро целиот сон ми се скрши од глава. И болеше. Ама барем ќе ми биде памет за друг пат!
Кога ќе најдам и најмала ситница за сомневање станувам параноична и дури не испитам се нема да се смирам дури и ќе изнајдам факти да си направам филче за нешто што не постои. И нешто ако не ми е погодено, ако ми згреши ќе си чутам со денови, ќе си собрам и после бум пукам се наеднаш
Еј, си најдов минимална утеха. Не сум била единствената што си собира па избувнува, иако дечко ми тешко го поднесува тоа и сакам и пробувам да се сменам од корен за таа работа за наше добро. Ама џабе што, кога веќе се зафркнала работата. Муто сум.
Оставив момче кое животот би го дало за мене..И тоа за ништо Ме бараше,ме молеше,се понижуваше пред мене...На колена пред сите други клекнуваше и викаше сите да го слушаат „СМИРИ МИ СЕ’’..Јас не сакав..Не сакав уште да го повредувам,но го немав изневерено Го почитував ама не го сакав..После шест месеци се случи обратното... Јас го засакав повејќе од својот живот,сфатив дека ме заслужува целосно но вејќе беше доцна...Ме заборавил Го молев со обидуваше да ми даде шанса да бидам со него се смиривме ама не беше исто,тој ме сакаше но само кога беше со мене..Неможел да го заборави минатото.. Откако ќе си заминеше него го немаше да се јаве или да пише..Тоа мене ме болеше а тој го знаеше тоа... Ме остави за да не ме повредува..После 5 месеци сингл,запознав еден прекрасен дечко Тој ми даде смисла во животов..Го сакам,но има моменти кога помислувам на бифшиот,секако мојата љубов кон него беше голема.Со дечко ми сум 4 месеци и не планирам да ја направам истата грешка од порано..Ме сака ми докажува на 1000 начини и не го оставам него.. Ме запознаа неговите и мојте го знаат ПРЕКРАСНО НИ Е ОВА МИ БЕШЕ НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА ВО ЉУБОВТА ЗАТОА ЗАПОМНЕТЕ: К Р У Г О Т С Е П А К С Е В Р Т И
Тоа што безрезервно ја давам својата љубов и поддршка. Премногу верувам и премногу сум искрена. Очекувам се најдобро од личноста и затоа кога ќе се покаже во вистинското светло се разочарувам. Не џабе рекле - "Помали очекувања, помали разочарувања. "
1.прва му признавам дека го сакам. 2.му одам по г*зот дека се плашам да не згрешам нешто. 3.му кажувам баш СЕ !
Ајмеее... значи не сум само јас. Мавам свој печат на ова, ко себеси да се читам. Греота за него, не толку за мене...