И јас многу се отварам, значи му ја искажувам целата душичка и дозволувам некој негов коментар изваден од контекст да ме повреди. Многу сум ситничар и мојот шефовски карактер го нервира и често се расправаме за тоа. Исто така пречесто му велам да и за работи кои не се воред му ги простувам. Но што да правам кога го сакам
Љубоморна сум , и ако се лутам нешто сакам да молчам ... не ми се зборува , а тој сака да слушне што е проблемот , да разговараме , а мене не ми се збори ич , се чувам во себе ...
Правам СЕ што можам,за да биде среќен,а не добивам ни пола од тоа! Се замарам со ситници,љубоморна сум.
мн сум љубоморна ама ептен...со оглед на тоа дека комуницира со женски кои или се мои роднини или мои другарки.се свакам здраво за готово се за срце си лепам.а и мн голема лутка сум и што ми дојде на ум тоа си кажувам не мислам дали некого навредувам,
Се си ставам на срце и за најмала ситница се нервирам, исто и молчам премногу, плачам се нервирам ама не му го кажувам отворено тоа што ме мачи, и од мравка слон правам за некои ситници..
Љубоморна сум, немам доверба во партнерот т.е секогаш се сомневам во неговите зборови дека можеби ме лаже, плачам, се нервирам и при најмала расправија спремна сум да ставам крај на врската и да му раскинам па колку да го сакам и да ме боли што ќе сум без него. Многу лоши грешки и навики имам, не знам како да се променам
Нај големата грешка е што премногу им веруваме на машките, мислиме дека се они нај големите љубовници и дека ним то неможе да им се деси. Зборам за не користењето на кондоми, ни се чини мала беззначајна работа, се додека не дојдеме во ситуација да сватиме колку тоа мало парче гума има значајна функција. Не користењето на кондом може да ви го смени животот за 360 степени, затоа не поигрувајте си со својата судбина. Подобро е да ви раскине поради тоа отколку да си го упропастите животот.
За во врска не би коментирала сега баш ама знам со сигурност за оној дел пред врската, почетниот.... Премногу и пребрзо се залетувам, ко балавица некоја, тинејџерка во рани години. Не мислам на заљубување, туку на некое преголемо очекување од машкиот пол. Да не речам идеализирање и после неминовно следува она разочарување. Како пад со гол газ на плочки од високо, пљассссссс..... И боли подеднакво исто. Само намасто црвен газ имаме нешто полошо-гневна душа. Си ветив дека и најфиниот и прекрасниот да наиде следно нема идеализирање повеќе, нема претерано надевање во некои розови и совршени врски. Како стареам наместа да сум покритична јас како тинејџерка, сите потенцијални ги гледам како господинот совршен. Ми се случи два пати едно по друго, и се плашам дека почнува пак да ми се случува. А никогаш не сум паѓала на слаткоречиви дечки, што ми е? Вајда потребата за нешто трајно и значајно, нели они неминовното(сељачкото) да види бившиот и јас дека сум среќна не само он. Да да ми се повраќало од тоа, и сум се потсмевала, а сега што? Додуша среќа на време си сфатив дека нешто не штима.
Mногу се нервирам и се си земам здраво за готово, и за најситни работи што немат големо значење, немам доверба во партнерот т.е секогаш се сомневам во неговите зборови дека можеби ме лаже, премногу избрзувам во се.
Грешка ми беше целата претходна врска што ја имав. Што воопшто тргнав со него, што го трпев неговото однесување, што се погазував себеси заради него. Но од грешките се учи. Затоа сега поинаку се однесувам. Не правам веќе такви грешки. Понекогаш се лутам и љубоморам без причина, тоа ми е единствената грешка во оваа врска.