Хахаха и ние исто. 3 години сме во врска , уште не ми е здосадено од тие муабетчиња, мали, слатки. Хехе.
kolku poveke citam na forumot raznite temi tolku poveke sfakam deka ne sum aljubena vo decko mi..go sakam kako licnost dobro dete e ama ne sum zaljubena vo nego za zal...eve ke odime nekade nakaj park zaedno i ne zboruvame nisto edvaj pomalko duri samo nekogas ni se slucuva da se zamuabetisame... inaku sum zaljubena vo drug..megutoa nema da mu raskinam na segasniot za nisto na svetot..:/
Овој мојов цела ден можи да дрдори цела ден игра игри или гледа филмови и после тоа мене ми го раскажува (како да ме интересираат игрите негови), После ќе кажи дома што се карале па јас ќе додадам и цела ден си муабетиме и некогаш доаѓа до кавга за глупости
и мене некогаш тоа ми се случува .но се случува и да немаме воопшто за што да разговараме само кутиме...и уше нешто нели ви е чудно нели кога ке се видиме нгде и се позз погледот не му е насочен кон мене туку се гледа на друга страна и ке се завртам ке кажам што гледаш натаму и вика еми ја како ненормален гледам шознам ...
Nikad ama nikad ne se desilo da kutime i dvajcata, poso so nego sum eve veke 2 ipol godini i znae se za mene i jas za nego i nekogas go cuvstvuvam poblizok i od najdobra drugarka i smetam deka site treba da se otslonite nekogas na vasiot maz-decko od pricina sto sekogas ke vi dade najiskren odgovor za razlika od bilo koja drugarka koja sto bi mozela da vi ljubomori i da vi dade sovet koj sto ne bi vi bil i mnogu korisen
Никогаш не ни недостигаат теми за разговарање,разговараме буквално за се.Заедно сме веќе 9години и не ни е досадило да разговараме.Интересно е тоа што имаме различни факултети и занимања па постојано се надополнуваме со знаење од другата област.Секогаш наогаме тема за разговарање и никогаш не ни е досадно.
Ни се случува понекогаш да си ќутиме,обично кога јас ке се изморам од зборување,затоа што тој си е ќутлив по природа,ама не ме загрижува ќутењето со него,напротив ме смирува...а и добро ти предложи една од девојките,можете да играте друштвени игри,јас го применувам и тоа понекогаш,ако веке стане напната ситуацијата...играме не лути се човече,тој ме победува 5 пати по ред (мами некако,али неможам да го фатам) и јас ке се налутам и ке се испокараме и се се враќа во нормала
Се сложувам дека кога ќе снема разговор убаво освежување се друштвените игри. Со дечко ми сме во период што ништо посебно не ни се случува. Ама оваков период никогаш не сме имале. Веќе почнав да насетувам дека нешто не е во ред затоа што буквално седиме и ќутиме... Нема што да си кажеме едноставно, не ни се случува ништо ново и неможеме да превземеме ништо во врска со тоа тотално сме немоќни. Денес му пишав дека ќе дојдам кај него да седиме во двор и да играме карти. Отидов кај него успат купив некои грицки и сок. Си седнавме во дворот со кафе, сокче, мезе и карти и цел ден скапавме од играње Па да биде поинтересно и татко му ни се придружи
Ретко ни снемува теми за разговор, скоро никогаш. Јас сум подрдорка, ама тој е внимателен и трпелив слушател (кутриот). Понекогаш мислам дека не ме слуша, но по неколку денови или недели кога ќе ми повтори што сум кажала, се убедувам дека сепак - слуша. И јас го слушам кога зборува. Обично темите на разговор ни се музика и филм, книги, архитектура, историја, животот, од се' по нешто... Ако веќе ептен сме се изнамуабетиле, се вртиме кон неисцрпната тема - машко-женски односи и СЕКС тука нема утка.
Ретко кога ќутиме. Бидејќи ја иако некогаш се поставувам како ќутлива, што молчи, но пред него сум онака по-опуштена, и си зборам,макар и глупости да се. Секогаш се смееме за темата нова година, бидејќи ние и се запознавме на нова година,потоа збориме за друштвата,онака што било. А темата што највеќе ја мразам е за бивши. Кога ќе почне ... Мора некако да се затне, . збориме и за тоа како ни поминуваат деновите... Некогаш и само глупости онака, " да а?" и ја "е не" и он "е ај нека биде да" и ја "е не е" и двајцата сме големи инаети
Разговараме општо за се , дрдориме цело време , имаме слични интереси , вкус ,карактер и доволно се познаваме , така да и да не зборуваме знаеме што мислиме
Од старт зборувавме за Египет, историја, религии, мистика...имаме исти интереси, што многу ме радува. Конечно можам да зборувам како сум фасцинирана од Хатшепсут или како Рамзес ја покажувал љубовта кон својата жена, без притоа да сум гледана како некрофил. Сега, зборуваме за се. Не оговараме многу. Најчесто за нас, и нашите гледишта кон нашата иднина и се околу.
Молчиме многу ретко, ама затоа зборуваме премногу. Зборуваме за се и сешто: книги, игри, музика, некои интересни случки од детството, за луѓето околу нас итн. Ми се допадна уште од првиот момент затоа што разговаравме како да се познаваме цел живот. Кај нас нема тема што не е "прочешлана".
Тој е единствениот со кого можам да направам муабет буквално за СЕ.Секогаш имаме тема за разговор, не сум некоја дрдорка во друштво ама кога сум со него не може да ме надзборува и тој е добар не велам не
зборуваме ама баш за се, нема нешто што би го криеле и двајцата, кога некој од нас има проблем , веднаш се преземаат мерки да се реши на најлесен и безболен начин . Тој ми е и дечко, и другар, мноогу го сакам , има такви особини кои не секој ги има ПС Ч Многу сум заљубенаааааа
Разговараме за се, од светски проблеми до дебата за кое чоколадо е поубаво.. За се , се , се Многу си го сакам, кај го најдов вака паметен.
Ние разговараме буквално за се - од секс ,преку наука и нови откритија ,литература ,козметики ,моди ,историја ,Дискавери и сиот асортиман на емисии ,окултизам со сите нишани , музика ,филмови,домашни проблеми и дешавки ,за другарите ...Нема тема за која не сме разговарале. Најчесто сме 24/7 заедно и во цело тоа време разговорите не ни пресушиле (освен кога имаме за учење) ,имаме интересна навика за се да се консултираме меѓусебно и да прифаќаме заеднички решенија ...
Со него можам да зборувам за се, општо за сите теми и среќна сум што секогаш ме разбира. Додуша, јас зборувам малку повеќе. Скоро никогаш не молчиме и постојано имаме заеднички теми за разговор, имаме и доста заеднички интереси. Незнам дали постои тема на која не сме разговарале и никогаш не ни е здодевно.