си разговараме за се и сешто од глупости до некој си сериозни муабети. Никогаш не сне останале без тема и не ни било досадно
Па ние за се си зборуваме, буквално за се. На пример ќе почниме да збориме за нас нешто, за врската, па потоа ќе се префрлиме на друштво, филмови, музика и т.н. а многу често знаеме и да си " општиме " - тој термин си го користиме кога зборуваме за некои сериозни работи - историја, политика и сл.
Не сме во врска само онака се гледаме ама муабетот ни тргна да не речам уште од кога се запознавме на тел разговараме по 40 мин и повеќе се надевам ке биде нешто поголемо од ова
се познаваме 2 месеци а во врска сме 2 недели и повеке чутиме и двајцата.едноставно незнам со да му зборувам кога тој ништо не зборува се случило само неколку пати да имаме повеке теми за разговор и тоа после продолзува во кавга што и мене не ми е јасно зошто е тоа така.ок е таков е и по природа секогаш е озбилен а и ретко се смее но колку повеке се гледаме мене тоа поцнува да ми смета што значи и не ми е интересно со него што ставрно незнам што да правам
Јас ваков проблем сеуште немам, и се надевам дека нема да имам. Но, за да ви помогнам, имам идеја.. Денес додека бев со дечко ми зборувавме за тоа како се запознавме,и за сите моменти што ги имаме поминато заедно,се смеевме со часови дури свативме дека патовите ни биле поврзани и пред да се запознаеме.. па пробајте и вие, се надевам дека ке го успеете да го ‘‘разборите‘‘ вашиот партнер,а вооедно ке успеете да се расположите
Лелеее сношти и ние истото го зборувавме ...И ние го свативме истото ..Да не се близнаци нашиве??? Или пак ние?!
Ако имат хемија и поврзаност меѓу луѓето тогаш ќе имат и безброј теми.Океј сега мојт да ви се десит на некој од вас да не му е денот,да не е расположен ни за муабетење ни за нишо ама веќе подолго време да молчите е то е проблем.Ако сте еден за друг ќе ви течат муабетите ко вода. Ќе почните за глобалново затоплување,ќе стигните до филмој и музика за на крај да завршите со муабети за ждригање Само опушти се и терај. Јас лично ги обожавам муабетите за ко сме биле малечки ко ќе зборвиме. Ајде сигурно имаш некоја забавна случка од детството ко си го одрала коленото
Леле, мислам оти нема тема што не ни е помината . Значи, од се до се, он посебно многу дрндори , па вака било, па онака, па некои филозофии ... Не знам, многу сме отворени за секоја тема, можам што било да му кажам, и му кажувам Да немаме муабет или што да збориме досега не се случило, секогаш сме трескале нешто, иако сме доста различни во интересите и размислувањата понекогаш, сепак сега за сега, океј е ...
искрено и ние имам е секогоаш некој разговор,,но ете се случува и да снема некогаш,тоа екога нешто сме лути еден на друг,па се држам на дистанца..не с еопуштам з ада знае дека сум лута,,или пак да му укажам дека претерал со нешто...а некога си на телефон кога збориме,,,он ми викA AJ KAZI NESTO,,,JA MU VIKAM,,,NE ZNAM,NEMA NISTO NOVO,KAZI TIЧ)))))))) и така тоа...не знма зошто ете има некој таков период...
Разговараме буквално за се.И двајцата по природа сме зборливи,така да немаме проблеми на тоа поле,стално има теми за зборување.Инаку поголемиот дел од разговорите ни се сводени на заебанции,многу сме неозбилни и двајцата,зелени глави,несозреани
Па еве вечерва додека пиевме кафе, зборувавме за светската економска криза, за Тито и Југославија, за денешната политика споредбено со онаа на СФРЈ, за Гадафи и американската политика против него итн. Сериозно. Он сака конструктивни муабети и мрази трачарење од типот „рекла-казала“. Ако некој ни ги слуша муабетите, ќе помисли дека сме забегале, ама ние сериозни политики расправаме кога пиеме кафе. Зборуваме за се и сешто. За тоа што во моментов ни се случува, си делиме совети како би постапиле во одредена ситуација, разговараме за идните планови... никогаш не оговараме. Дури кога ќе почнам да му кажувам која со кого се фатила, или која раскинала, кој кого изварал, се нервира и ми вика: Нивен живот, нивни проблеми, мене тоа не ме интересира. Па таквите муабети ги оставам за со женско друштво.