Па скоро баш за се`. Од политики, до економии, до државава, до кој со кого како зашто(со него најинтересни ми се трач-рубриките), до како сакаме во иднина, до како било порано... Абе баш за се`, освен за бивши... Тоа не чепкаме ни двајцата. Не дека ја избегаваме темата, едноставно уживаме заедно во сегашноста.
За се и се сешто. Молчиме само кога ни е досадно, за да биде уште по тапа, и понекогаш кога вози низ гужви, избегавам да му одвлекувам внимание за да не направиме некоја глупост. А конкретни теми, уфффф, најчесто политика, емоции, цели и планови во животот. Мислам само јас и тој може пред спиење да бистриме полтики, секој друг по нормален пар би имал секс нели?
Зборуваме за емоции, отварање на душата што би се рекло (not), болка и тако даље, бендови, си ги коментираме телата (uuuuuuuuuuu, what does this button do? and this, big, венеста mashine? ) и се и сешто... углавном секогаш се наоѓаат некои работи, теми за разговор. Посебно омилена ни се женски задни сегменти..
Буквално за секоја тема зборуваме, за политика, автомобили, здрава исхрана, велосипеди, здрав живот итн итн. битно е кога ќе почнеме за едно нешто да зборуваме нема крај. За негови проблеми, мои проблеми, па по дома што како се случува па се случува и како две жени да оговараме
Никогаш не би ни недостигале теми за разговор, секогаш нешто се дрдори или смее, макар тоа да е најголема глупост. Најчесто за иднина, за работи кои ни се случувале, потсетувања на моменти кои ни значат, филмови, музика, како ни поминал денот, дали се случило нешто интересно, кога шетаме си загледнуваме по задници и си коментираме итн... Врска во која преовладува тишината престанува да личи на врска
Спорт, претежно фудбал. Уште кога се шмекнувавме на времето преовладуваа фудбалските муабети, поради тоа што си имам момче фудбалерче, плус тежок фан на Манчестер, јас па на Челси, па си се рчкавме онака шмекерски Се поврзано со животната филозофија ни е секогаш на прво место. Музика, ни е активна тема на разговор секогаш, храна, психологија, политика ретко оти не се согласуваме многу,многу во овие води. Историја, прва/втора светска војна, Хитлер. Домашни разговори, лични разговори, секакви разговори. Ох до утре можам да набројувам, со него секогаш си имаме за што да си ломотиме по цели денови п.с. А да, и трачарските муабети секогаш се присутни
За се. Но најмногу сакам кога си планираме некој викенд, заедничко потрошено време, а и слатки ми се оние лабави муабети кога се зафркаваме за нешто.
Буквално за се зборуваме со него, го чувствувам најблизок и му кажувам се,а и тој мене. Во последно зборуваме за нашата заедничка иднина,филм,спорт,домашни проблеми, секој ден се зезаме и смееме до бесвест. Никогаш не сме се досадувале бидејќи сме немале муабет.
Девојчето побара теми за разговор а не ваше мислење на тоа дека немаат теми за разговор и како вие имате
За се ! Голем дел од муабетите ни се што сакаме да си направиме , пошто и двајцата сме будали После, за филмови, музика ( и обожавам кога ми пее ) , работата, дневни теми , храна, тоа што се случува во моментот...планови.... Премногу сме слични, и ми вика дека со никоја толку не се слушал и смеел на телефон, а во живо сакам најмногу да го гушкам, ама ми е малце ускратено, пошто одма се пали . Единствена тема која се плашиме да ја отвориме е за нас.... Бидејки се прашуваме како да се дефинираме
Не ни фалеле никогаш теми, секогаш имаме што да си раскажеме. Можеби кога нема што да криеш, и да пазиш што збориш, и нормално имаш доверба за да му раскажеш, темите сами ке ти доаѓаат. Еве пример ние си збориме како сме го поминале денот, некоја интересна случка, актуелни настани, фб, филмови, како на работа, за се она што ни се случува во текот на денот си кажуваме, споделуваме, за други луѓе, другари, другарки,кафичи, искачања, па и по некој проблем кога не мачи, интересни информации или настани што сме ги дознале, може ке звучи смешно ама често се случува и да оговараме, така да ако го правиме ова последново нема крај... Можеби твојот нема доволно доверба за да сподели нешто, можеби треба отворено да правиш муабет со него, колку толку ке дознаеш што е проблемот
Од што зборам толку никогаш немаме време за молчење т.е. јас немам Сите теми ги имаме изборено па некогаш и филмови му раскажувам,сонови,хорскоп СЕ само да не молчам. .. Најубави теми ни се кога седиме надвор во двор и (ова беше во брзо време) си зборевме за ѕвездите,небото,дали веруваме во вонземјани,што после смртта..Исто така си искажувам чуства кога ми е тешко,му плачам..секогаш секогаш секогаш има теми.
Во последно време,многу разговараме за неговите домашни проблеми..Само на мене ми се доверува,сношти зборувавме 2 часа и јас уста не отворив,само го слушав.Ако почнев да кажувам нешто,ме прекинуваше. Не можеше да ми се изнакажи кутриот
Од Астрали и Галаксии до труднички муабети и муабети за алтернативна медицина, како и муабети за ковање шајки и цементирање. Свега и свачега! Ми годи муабетот со него, за било која тема. Мислам дека за што и да е, колку и да пецка, знаеме да го ублажиме и на двајцата да ни биде полесно. У секој случај, сите викаат дека многу дрдориме.
За се. Од политика, до трачеви, и ама баш за се. Бивши ретко зборуваме, ама кога зборуваме, зборнето е Јас нему се му кажувам, тој мене не, затоа почнав веќе и јас да не кажувам многу работи. Од проста причина што тој мене денот ми го знае до детаљ како отворен буквар, а јас нему не. Нема проблем, има мнооооооооогу други теми за кои зборуваме.. никогаш не сме останале без муабет.
Разговараме на секакви теми, за секојдневието, за факултетот, за филмови, музика, работа, домашни проблеми. На секоја тема можам слободно да разговарам со него и тој со мене секако бидејќи веќе долго време сме во врска и добро си се познаваме. Најчесто јас сум таа која уста не затвара со различни муабети и скока од тема на тема но тој ме знае веќе и ме трпи
Во подолга врска сме со дечко ми , и мноогу многу често немаме теми за разговор , него го интересира историја и компјутерски игри , политика , мене тоа не ме интересира , многу често почне да ми прави муабет јас само да , не. ...... Зборуваме за минатото , за секашни проблеми , ама реткост е тоа кога ќе се отвориме многу го сакам и за миг помислувам дека не е мој тип .... Тој живее сам и јас кога отидам кај него тој си игра на компјутерот , или си гледа тв , нешто си чита , јадеме заедно и тогаш нешто промрмориме ... јас само си седам , немам другарки да излегувам со нив , ни тој нема некои другари , не знам дали е тоа што постојано сме заедно ( ама читам тука дека секогаш ќе се најде тема ако се сака , и не е финтата да се измидлува или да планираш што да кажеш) ништо не ни се случува ново